Култура и туризам

Ноќно венчавање во црква

lazaropole-svadba

Од минатото на Лазорополе

lazaropole-svadbaПо завршувањето на Втората Светска Војна идеологијата што ја пропагираше и спроведуваше тогашната народна власт спрема црквата беше јасна. Во првите две-три години беше намалена посетата на верските објекти каде што се проповедаше религијата, а потоа настана чудесен атеизам (неверување во Бога), особено меѓу помладите генерации. Божјиот храм „Свети Ѓорѓија“ во кој службуваше многупочитуваниот свештеник Стамат Палчески, роден лазоровец, во сите верски празници беше отворен. Верски литургии се одржуваа редовно, но посетителите од недела во недела, од празник до празник беа се` поретки. Постари жители во селото имаше редовно, но млад свет постојано секнуваше. Крштевките на децата, а особено венчавањата, речиси сосема престана. Од тие први години по војната се памети и се раскажува анегдотата кажана од познатиот устабашија на мајсторската тајфа што ја предводеше Дуко Ралкоски и неговиот син Алекса.

Свршувачката, а по неа и веридбата со неговата избраничка Ифка Васева Буќински била направена по сите лазороски обичаи. На ред била свадбата. Алекса како млад скоевец, постојано го наговарал татка си Дуко свадбата, а особено регистрацијата да се изврши по новите правила, во општината, а не во црквата. Таткото не сакал ни да чуе за тоа. Бил категоричен и му наредил на синот венчавката да се направи во црквата и по сите верски правила и обичаи. Синот морал тоа да го почитува и да му ја исполни желбата на татка си.

Ден пред свадбата биле набавени и донесени во нивниот двор два овна за обилно гоштевање на поканетите. За секој случај, синот Алекса се обидел последен пат да го намоли татка си венчавката со саканата свршеница Ивка да се случи не во црквата, туку во општината. Одговорот на Дука бил категоричен:

-Тино! (Така се викаше неговата сопруга) Оди во тремон и пушти и браовите. Свадба нема да правиме. Синот Алекса дури тогаш морал  да се повинува на желбата на татка си и да попушти.

Во летото 1949 година, најпрвин беа направени веридбите, а за време на илинденските празници и три свадби: на Марија Ѓиноска и Мојсо Попоски,  Софка (Софија) Алкушоска и Јордан Пелчески и на Цвета Теодосиевска со Методија Долиќоски. Сите три венчавки беа извршени по новиот, веќе установен начин: регистрација  во општината.

Во сеќавање ми е зимата 1950 година. Обилни снегови. Беше Василица. Во дворот на Гудароската куќа, во која живееше нашето семејство јас со моите другари имавме запалено оган. Игравме и скокавме околу него. Ми пријде мајка ми Дева, свечено облечена во нашински алишта, ме зеде за рака и повеќе со ишарет ми даде знак дека треба да одиме некаде каде што моите другари не смеат да знаат. Со молчење тргнавме кон Дрозда, го изминавме тесниот и темен сокак што ги дели куќите на Иван Ламбески и брат му Ѓуре. Пред нас беше влезот во црквата. Влеговме внатре, наидовме на малку свет, но сите свечено облечени. Во слабо осветлениот простор ги препознав само учителот Мојсо Попоски, неговата сопруга Марија како и свештеното лице Стамат Палчески, инаку мој вујко. Не` чекаа нас како кумови за да почне церемонијата – венчавање. Татко ми како член на Сојузот на комунистите, не смееше да биде присутен.

И цермонијата почна. За цело време јас држев запалени две големи свеќи. И толку се сеќавам на настанот.

Брачниот пар Марија и Мојсо, иако по свадбата веќе беа регистрирани, сакаа да го овенчаат бракот со венчавање во црква. Се разбира тајно. А им доликуваше тоа да го сторат. Мојсо потекнува од свештеничка лоза, оттаму и презимето. Живеат во среќен брак. Изродија две деца: женско Цветанка и машко Блаже, му го дадоа моето име, името на кумот.

Се` се повторува – ќе запише некаде Анте Попоски. Многу години по погоре регистрираното последно венчавање во црквата „Свети Ѓорѓија“ (јас не помнам за друг случај, а можеби има) на 31 август 2010 година во денот од неделата што се вика вторник, игуменот на манастирот „Свети Јован Бигорски“, отец Партение со тројца свештенослужители го обави венчавањето во лазороската црква. Пред мал број присутни, но затоа многу свечено, со биење на камбаните ги регистрира Роза Митреска од Битола и Димитар Јурукоски жител на Битола, но со лазороско потекло по мајка.

Од книгата „Кажувања од гредана“ од Блаже Смилески, Скопје 2011.

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top