Фељтон

Карактеристики на иселеничките илинденски прослави во Љубојно

slave-katin-2

slave-katin-feljton
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Дел од историја на Долна Преспа (2)

Карактеристично за „Љубанските илинденски иселенички средби“ е тоа што со реконструкцијата на „Воденицата“ на Нивичаните во „Чивлик“, културните манифестации започнаа да се одржуваат во дворот на воденицата каде средбите добија нова културна димензија. Културниот дел од средбите започна да се организира во попладневните часови на 31 јули, на кои со своето учество редовно манифестацијата ја збогатуваат фолклорни групи, истакнати естрадни пеачи, градоначалникот на општина Ресен и на други институции, како и голем број видни личности од општествениот, политичкиот и црковниот живот во Република Македонија.

Меѓу нив посебно место заслучуваат: градоначалните на Ресен Димитар Бузлевски,  Михајло Волкановски и Ѓоко Стрезовски, надлежниот архиереј на Преспанско – пелагониската епархија на МПЦ, митрополитот Петар со свештеници од Ресен и Битола, Васил Наумов, директор на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, министри на Владата, пратеници на Собранието на Република Македонија, оптествено-политички функционери, културолози, новинари, телевизиски екипи, видни иселеници од дијаспората и други знајни и незнајни личности.

Карактеристики за Вториот ден на „Љубанските илинденски иселенички средби“, пак,  е тоа што тие од „Воденицата“ продолжуваат на „Полена“. Така, од 2007 година средбите добија нов правец на културен план, особено кога на 1-ви август во предвечерието на Илинден актерката Елена Мосе, член на Народниот театар од Битола ја изведе монодрамата „Пјав“. Потоа Илинденската вечер продолжи  со изведба на свои програми на културно – уметничките друштва „Везилка“ од Охрид и „Моминок“ од Прилеп.

ljubojno-vodenica
Почеток на иселеничка средба пред „Воденицата“

Од втори август 2005 година отпочна да се изведува дефиле по улиците на Љубојно во кое учествуваат голем број граќани, членови на културно – уметнички друштва, познати личности, преводени од градоначалникот на Ресен и организаторот на Средбите. Потоа, се одржува богослужба во црквата „Свети Илија“ и се положува букети свежо цвеќе пред спомениците за Илинден и НОБ.

Музичкиот дел на  „32-те Љубанските илинденски иселенечки средбите“ во 2005 година го водеше музучката група „Биоритам“, а настапија познатите естрадни уметници: Татјана Лазаревска, Јасмина Мукаетоа, Гоце Арнаудов и љубанецот Ламбе Алебаковски. Таа година музичката ѕвезда Ламбе Алабаковски настапи за прв пат на „Полена“, каде беше прифатен со љубов и награден со аплаузи, овации и бакнеши од младите генерации. Од оваа година па се до денес Ламбе Алабаковски е присутен на „Љубанските илинденски иселенечки средбите“  со свој репертоар на забавна и народна музика.

Триесет и четвртите Љубански илинденски иселенички средби се одржаа во 2007 година на кои се продолжија традициите  од предходните години. Тие  започнаа во „Чивлик“ пред културното љубанско наследство „Воденицата“. Средбите продолжија во вечерните часови на „Полена“, каде присутните ги поздравија љубанецот Ратко Милошевски кој шивее во Детроит и кој беше претседател на манифестацијата. Исто така, на присутните на средбата се обратија господинот Димитар Бузлевски, градоначалник на општина Ресен, неговата екселенција Јордан Плевнеш, амбасадор на Република Македонија во УНЕСКО и Весна Палмер, иселеник и донатор од Колорадо, САД.

stevan-tomuleski
Стеван Томулевски од Љубојно со оркестарот

Во вечерните часови Илинден беше збогатен со необичната и професионална изведба на вечер на љубанската поезија „Мементо“ за Наум Манивилов – Преспански во режија на Владо Цветановски и амбасадорот Јордан Плевнеш, а по сценарио на Бошко Рајчовски – Пелистерски. Во оваа иведба учествуваа групата „Љубојна„ од Битола и актерите Бошко Бозаџиевски и Елена Трајковска. Потоа, програмата ја збогатија со свои оригинални ора и песни КУД „Таше Милошевски“ од Ресен и КУД „Чиперо“ од Кечкемет, Унгарија, со што се прошири во народна веселба која траеше до доцна во ноќта.

На 2-ри август 2007 година, а по повод четириесет годишнината од прогласувањето на автокефалноста на Македонската православна црква се одржа свечена богослужба во црквата „Свети Илија“. Исто така, се одржа традиционалното дефиле од „Чивлик“ до црквата „Свети Илија“ во кое учествуваше КУД „Момино“ од Прилеп.  Потоа Димитар Бузлевски, градоначалник на општина Ресен и Митре Лембовски, претседател на Месната заедница во Љубојно, Петре Дораковски, член на Сојузот на борците на Република Македонија, Ратко Милошевски, иселеник од Детроит во својство преседател на средбите и Џан Христов и Љуба Пашариковска, претставници на Македонското друштво „Љубојно“ од Детриои положија свежо цвеќе пред спомен – плочата  на куќата од Калајџиовци.

„34-те Љубанските илинденски иселенечки средбите“ продолжија на „Полена“ со учество на ансамблот „Пелагониски бисери“ од Битола кога и започна илинденската веселба. На неа зедоја учество естрадните уметници Благица Павловска, Елена Веловска и Ламбе Алабаковски. На песните  и игрите им немаше крај.

lambe-alabakoski
Ламбе Алабаковски

Идејата во Љубојно да се одржува културна манифестација од поширок интерес беше присутна од поодамна, но со активности околу реализирање на фестивал на македонски песни се отпочна во 2007 година. Имено, кога се предлагаше „Љубанските илинденски иселенички средби“ да немаат само локален карактер, туку и општински, тогаш се одлучи ваквата музичка манифестација да се вика „Фолк-фест Преспа“. Всушност, идејата за оваа музичка манифестација беше таа да биде дел и продолжение од она што се случува на „Фолк-фест Валандово“.

Се предложи „Фолк-фест Преспа“  да зрачи едно ново културно живеење, со цел да го збогати Илинден во Љубојно. Тоа што музичката естрада го испеала и го создала да се пренесе како македонско музичко наследство и во Љубојно. А „Фолк-фест Валандово“ ја има благородната улога преку процесот на обнародување да го продолжи животот на македонската народна песна. Затоа и „Фолк-фест Преспа“ има за цел да ги реафирмира песните што се пеат во Валандово и на други фестивали во Македонија. Тоа го прави со поканување на голем број афирмирани и неафирмирани естрадни македонски уметници, своите музички остварувања да ги претстават во Љубојно.

Со тоа „Љубанските илинденски иселенички средби“ се збогатија и добија еден нов квалитет. На средбите не само што се промовираат нови музички остварувања, туку како продолжение на делот од културата, 1 август вечерта се збогатува со уште една културна манифестација „Фолк-фест  Преспа“.

julija-ljubojno
Јуле на Илинденските средби во Љубојно

Се знае дека македонската песна и оро одразуваат една специфична карактеристика на нацијата. Во исто време македонската народна песна сама по себе има индивидуалност и ги подига чувствата кај слушателот и гледачот. А народната песна води потекло од народот, од луѓето. Таа им служи ним и воспоставува уникатна основа за нивно единство. Македонските народни песни имаат сличности со народните песни на соседите, но, сепак, се различни. Ете така Македонецот, понесен од виорот на една песна преку која манифестира самостојност и оригиналност прави со песната тагата да е лесна.

Стиховите на народната песна се со чувства и лирски квалитет. Основната карактеристика рефлектира едноставност и природност базирана врз шаренилото на секојдневните аспекти од човечкиот живот. Симболот на човекот е евидентен во македонските народни песни. Тие изразуваат љубов кон татковината, го изразуваат типичниот македонски темперамент кој изобилува со љубов и нејзините истовремени болки, радости, средби и разделби. Македонските народни песни се популарни не само во границите на Македонија, туку се стекнале и со поширока популарност на Балканот и во светот.

Продолжува

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top