Фељтон

Илинден и илинденските-иселенички средби во Долна Преспа

slave-katin-2

slave-katin-feljton
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Дел од историја на Долна Преспа (3)

Да се пишува за минатото и сегашноста за Дплна Преспа, за Македонците од поделена Македонија е одговорна задача, но истовремено причинува големо задоволство. Во ова време на светска глобализација прекрасно е чувството кога ќе се најде на едно место најголемиот и најзначајниот дел од една историска вистина за настаните, личностите, за минатото, сегашноста и иднината на еден убав македонски крај од незаборавот.

Во историја е запишано дека Македонија, а со тоа и Долна Преспа е библиска земја, а македонскиот народ е библиски и христијански, кој своето постоење и опстанокот низ историјата, најверојатно, му го должи, меѓу другото, и на празникот Илинден. Овој голем ден ја издигна верската и националната симболика на македонскиот народ до највисок степен која го поврзува независно дали се наоѓа во Македонија, Австралија, Европа, Канада, САД, Европската Унија или на други простори во светот.

Втори август е запишан со крупни позлатени букви во историјата на македонскиот народ. Тој ден 1903 година избувна Илинденското востание, а на 2 август во 1944 година, Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија се конституира во највисоко тело на македонската држава. Илинден 1903 година бил највисок револуционерен врв на борбата што ја водел нашиот народ за ослободување од султанската тиранија. Илинден 1903 година бил преломен чин и патоказ во национално -револуционерната борба на македонскиот народ за слобода и независност.

Некои историчари сметаат дека за македонскиот народ прв Илинден е оној кога Филип Македонски ги поразил елинските племиња во Хиронеја (Хајронеја) во 328 година пред Христа. Но, во новата историја е прифатено дека Илинден 1903 година е првиот македонски Илинден. Тој го навести и вториот Илинден, што настана во новата достоинствена епоха, затоа што тој ги посочил патиштата за постигнување на високата цел на слободата.

ilinden-1
Од борбата за слобода на македонскиот народ

Низ тие бурни бранувања и отпори, македонскиот народ го докажал и го оправдал своето историско постоење, својот благороден и храбар пат кон слободата, кон  прогресот. Затоа, илинденскиот херојски подвиг длабоко и цврсто се врежал во свеста на македонските народни маси на Македонија. Оттука, не е ни чудно што илинденскиот чин станал знаме, симбол и патоказ на борбените македонски генерации кои не дозволиле македонското ослободително дело, македонската кауза да скршне од новата револуционерна епопеја.

Илинден 1903 година го навести вториот Илинден во 1944 година и третиот Илинден во 1991 година, што настана во новата достоинствена епоха. Затоа што Илинден ги посочи патиштата за постигнување на високата цел на слободата. Низ сите бурни бранувања и отпори, македонскиот народ го докажа и го оправда своето историско постоење, својот благороден и храбар пат кон слободата, кон  прогресот. Затоа, илинденскиот херојски подвиг длабоко и цврсто се врежал во свеста на македонските народни маси на Македонија и насекаде каде живеат Македонци, особено во Преспа каде живее и се слави Илинден.

Цела Долна Преспа, сите населени места долж Преспанското Езеро се празнично расположени во текот на илинденските празнувања. Овој живописен дел на Преспа широко ги отворил своите порти за туристите, добронамерниците за печалбарите од целиот свет, да го посетат крајот на најслатките јаболка и на вештите рибари. Долна Преспа ги мами печалбарите да се вратат во своето родно место, на своето старо огниште… Голем број од тие „талкачи по светот” доаѓаат да се видат со своите најблиски, да го празнуваат Илинден на 2 август секоја година во прадедовската земја, во Долна Преспа.

ilinden-2
Споменикот за Илинден во Крушево

Долна Преспа, пак, како и многу други предели од Западна Македонија е познат и по печалбарството. Од памтивек од овој крај се одело на печалба. Тоа е место оплакано со солзи, место на средби и на разделби, место кое оставило длабоки болки во душите кај раселените ширум светот. Често се вели дека да бидеш во Долна Преспа значи да се навратиш и да тагуваш за минатото, да ја видиш денешната слика на разделена Македонија и да размислуваш за иднината на овој дел од македонската земја.

Едни од најзначајните средби за Илинден се, секако „Љубанските илинденски иселеничките средби“ кои во 2013 го прославија својот јубилеј – 40 години од своето постоење. Тие се значајна културна манифестација не само за Љубојно и Преспа, туку и за Република Македонија. Во овие години на успешно организирање продефилирале голем број културно-уметнички друштва, музички ѕвезди, литературни дејци и други културолози. Затоа со право се вели дека овој jубилеј е за почит и ќе остане запишан со златни букви во аналите на „Љубанските илинденски иселенички средби“.

Иселеничките средбо кои се одржаа во Љубојно по 41 – ти пат се повод слични средби да се организираат и во другите долнопреспански села: Долно Дупени, Брајчино и Штрбово, како и во други села во Преспа, Подмочани, Болно и Пустец, во Мала Преспа. И овие средби, главно, имаат иселенички карактер. Средбите ги организираат иселениците од дијаспората и месното население. А целта е да се вратат иселениците во своите родни огништа, да се видат со своите најблиски, да има повторни видувања со роднините и пријателите, да имаат пријатни мигови во родните огништа и сето тоа да остане незаборавно.

ilinden-3
Дел од  илинденските средби во Љубојно

Илинден, тој величествен ден на сенародниот македонски копнеж за борба и слобода, на најголемиот празник од сите празници во Македонија ја прави Долна Преспа да е најубава, највесела и најпривлечна. На Илинден во Долна Преспа се игра и се пее, се јаде и се пие, се чувствува топло гостопримство и срдечност кај сите што доаѓаат на средбите.

Така, „Иселеничките средби во Долно Дупени“ започнаа да се организираат уште во 1989 година, по иницијатива и спонзорство на неколку долнодупенчани во Канада, САД и Австралија. Долнодупенските иселенички средби, со мали осцилации на можностите, се одржуваат на 14 јули на празникот св. Кузман и Дамјан. На тој празничен ден – слава на селото Долно Дупени доаѓаат голем број расселени во прекуокеанските земји, од Европската Унија и други места, како и од етничка Македонија. Тие се собираа да се потсетат на минатото, да ги посетат најблиските и да уживаат во долнодупенскиот амбиент.

Првата „Брајчинска иселеничка средба“, пак, се одржа на празникот на света преподобна маченица Параскева – Света Петка во 1995 година. Ова средба ги стави темелите на наредните иселенички другарувања да бидат поорганизирани, повесели и помасовни. Децении наназад празникот св. Петка летна се празнувал во Брајчино. Тој е најзначајна селка слава која од 1995 година прерасна во прослава „Брајчински иселенички средби“. Таа се одржува во континуитет на празникот св Петка.

brajcino
Манастирот „Сцета Петка“ во Брајчино

„Брајчинските иселенички средби“ ја продолжија традицијата да започнуваат на 7 август во манастирските конаци во кругот на црквата „Света Петка“, со присуство на голем број иселеници од Брајчино и од другите села на Долна Преспа. На овој светол ден за брајчинци се подготвуваат пет казани посен грав за околу илјада посетители, што е поклон од народот за народот.

На 8 август, пак, на празникот св. Петка прославата продолжува свечено по домовите, кога секое брајчинско семејство има гости за ручек. Потоа, на сред село и во дворот на училиштето во попладневните часови започнува веселбата со богата културно-уметничка програма и со учество на бројни различни оркестри и бројни естрадни уметници. Затоа со право се вели дека „Брајчински иселенички средби“ се слават два дена и се прославуваат со силен жар, ентузијазам, љубов и со желба тие да бидат вечни.

Инаку, на Илинден во Дплна Преспа се собираат голем број иселеници од прекуокеанските земји, од европските земји, Преспанци што живеат низ Македонија, голем број Македонци од егејскиот дел на Македонија што живеат ширум светот, гости и иселеници од другите села, туристи и голем број повратници од Преспа, Битолско, Охридско и други места на етничка Македонија.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top