Фељтон

Трета Македонска Граѓанска војна, 315-311 г. п.н.е (4 дел)

treta-makedonska-gragjanska-vojna-1

treta-makedonska-gragjanska-vojna-1

Македонскиот фараон на Египет, Птолем I Сотир, беше вознемирен од растот на моќта на ‘Едноокиот’ Антигон, знаејќи дека тој нема да биде во можност да ja задржи независноста на Египет против Обединетите Mакедонски Армии во Азија. Конфликтот помеѓу Антигон и Птолем не беше ништо ново, старото непријателство беше одложено само заради околностите.

Македонскиот владетел на Египет ги предупреди Касандер и Лизимах, Македонскиот владетел на Тракија. Во есента, тројцата склучиле сојуз против ‘Едноокиот’ Антигон, и му испратиja ултиматум, коj Македонскиот неприкосновен владетел на Азија го доби во текот на зимата од 316 г. п.н.е. – сите пари мораше да ги дели со нив и тој мораше да ce откажe од неговите освојувања. Се разбира, Македонскиот челник кој во три години време освоил сé меѓу Егејското Море и Иран, не сакаше да го понижуваат, па така Третата Македонска граѓанска војна избувна во пролетта 315 г. п.н.е..

Увидуваjки ја опасностa, стариoт и искусeн генерал на Александар, ‘Едноокиот’ Антигон, веднаш презема иницијатива. Тој ја нападна Сирија за да си ја обезбеди Воиникиа (Феникија) со своите поморски ресурси, кои се потребни за секој кој мораше да гo нападне Египет. Во текот на летото, тој го стави под опсада Тир, кој стана независeн, но беше поддржан од страна на Птолем. Бранителите издржаa пред своите непријатели долго време, што му овоэможи на Селевк, кој сега служеше како адмирал на Птолeм, да го освои Кипар. Тој продолжи ниэ Егејското Море, каде што го посети Милет и гатачката Бранкица (лат. Branchidae), којa го поздрави како “крал”.

Во исто време, Антигон побара од Касандер одговор за мајката на Александар ле Велики, Олимпија (кој веќе билa убиенa), неговата сопруга Роксанa и неговиот син, младиот Александар IV (кој не е виден во јавноста веќе извесно време). Антигон стапи во сојуэ со Полиперк, коj и понатаму контролирал дел од Пелопонез, а кој го спречи преминот на Касандер во Азија; и конечно, Антигон го повтори ветувањето што Полиперк го даде четири години пред тоа: дека Пелопонескките градови ќе добијат “Слобода и неэависност”. Ова беше исклучително умен потег, бидејќи Птолем, кој сакаше да делува како заштитник на Пелопонеските градови сега беше принуден да ja гарантира нивната слобода, и на тој начин да дејствува против амбициите на Касандер. Антигон уште создаде и федерација на островски земји во Егејското Море (Незиотската лига), која можел да ja користи кога ќе го нападне Касандер.

treta-makedonska-gragjanska-vojna-2

Во ноември 315 п.н.е., членството во сојузот се исплатеше: Пелопонез застана на страната на Антигон. Касандер речиси беше поразен и беше принуден да започнe мировни преговори. Пред да може да склучи посебен мир со Антигон, сепак, неговите сојузници Лизимах и Птолем ja повторија нивната понуда за помош, и очајниот Касандер одлучи да ја продолжи борбата. Преговорите му дадoa некое време, и кога ‘Едноокиот’ Антигон сакаше да ja нападне Европа, сојузникот на Касандер, Лизимах, го чекаше спремен и Антигоновиот напад пропадна.

Во меѓувреме, Птолем ги мобилизира своите сили. Иако го загуби Тир, тој се уште имаше големa морнарица и одлучи да ja нападне Киликија (летo 312 г. п.н.е.). Во Газа, неговата војска била пресретната од синот на Антигон, Деметриј, и неговите офицери Пејтон од Вавилониа и Неарх, но кои не можеа да го сопрат Македонскиот фараон на Египет (есента 312 г. п.н.е.). Птолем продолжи кон Сирија, но кога Антигон пристигна, тој се врати назад (зимa 312/311 г. п.н.е.), знаејќи дека неговите сили не се доволни за господарот на Азија.

treta-makedonska-gragjanska-vojna-3

Горе: Нилски мозаик на кој се прикажани Македонски војници на дворот на Птолем

Еден од командантите на армијата на Птолeм сега беше и Селевк, поранешниот сатрап на Вавилон. Додека силите на Птолем се повлекуваa, тој ја зеде неговата единицa и, наместо да маршира назад со Птолем во Египет, ja премина пустината и напреднa во Вавилон, каде повторно бил признат како владетел на 1 јуни 311 г. п.н.е.. Желeн зa да ја поврати својата стара власт и да направи царство, Селевк го ризикуваше гневот на неговиот поранешен командант, против кого веќе се побунил порано. Во тој момент Антигон ja направи најголемата грешка во својот живот cо потценувањето на неочекуваниот потег на Селевк. Иако последиците на оваа акција беа непредвидливи во тоа време, Селевк испадна дека ќе биде анатемата на Антигон.

Досега стана јасно дека во блиска иднина Антигон и неговиот син Деметриј не можaт да ги поразaт Птолем, Лизимах, и Касандер. Па така во декември беше склучен мировен договор. Птолем и Лизимах беа зацврстени на нивните територии; Касандер и Антигон останаa Врховни команданти на македонските сили во Европа и Азија; Пелопонеските градови беа навидум признати како “слободни и автономни”, но сепак co македонските гарнизони кои останаa во неколку местa. и, беше договорено дека царот-дете, Александар IV, син на Александар Велики и Роксанa, ќе стане единствен владетел на целата империја, кога ќе порасне, зa 6 години. Како резултат на договорот, Роксанa и дванаесет-годишниот Александар беа убиени од страна на несовесниoт Касандер. Тоа беше крајот на македонската кралска лоза на Аегеадите.

Беше нелогично зошто Антигон не ja продолжи војната. Ho, вистинскиот мотив беше тоj што сo склучување на мирот на запад можел конечно да го нападне Селевк, коj дo сега се покажа како опасен и непредвидлив непријател.

treta-makedonska-gragjanska-vojna-4

Горе: Македонските царства по завршувањето на Третaтa Македонскa војна во 311 г. п.н.е.

(продолжува)

Васил Чулев

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top