Песни за Македонија

Живи сме!

violeta-sekovska

violeta-sekovska

Виолета СЕКОВСКА

Ние не сме мртви – живи сме! За својот леб сами се грижиме, а вие сте слепци да видите, глуви да чуете.

Со таинствени бодежи јуришате, оковани жртви барате, застрашувањето е вашата сила, крвави дамки растат на вашиот послан чаршав.

Ништо не занемело, ништо не замолкнало, ништо не изумрело, живи сме!

Од старите времиња саде плач и лелек – стенкање наслушуваме, душата ќе ни препукне, а кај вас мракот е на власт, лагата е вашата чест.

Вистината никогаш нема да се замени со лагата, земјата со лавата, пченицата со плевелот, цветовите со трњето, ехото и во молкот одѕвонува, времето не се замолкнува, тоа тече – со себе вистина влече, погледи изронети од душата, на само четири чекори во исконот е спаковано минатото.

Прегрнати, еден на друг потпрени молкот на заклетвата го чекаме да се разгори, во огништетот на сознанието да се појави ѕвездена патека, добрината човечка да се обистини.

Та и ние сме дел од соѕвездието!

Живи сме!

Најново од: Песни за Македонија

Љубов за мојата родна земја

Заминавме со куфери полни со тага и надеж, преку сини мориња, кон далечни, туѓи градови. Таму сонцето нема ист топол сјај, а ноќите се студени како непознати прагови. Но колку и да нè водат патиштата низ светот, македонскиот корен и во туѓа земја никнува. Во Мелбурн, Детроит, Торонто, среде Европа, па и на крајот од […]

Лирско писмо за Волф Ошлис

Саво Костадиновски Волф Ошлис (29 септември 1941, Кенигсберг – 18 август 2026) бил германски славист, македонист, политиколог, публицист и еден од најголемите странски пријатели и афирматори на Македонија. Германскиот славист, македонист, политиколог, публицист и универзитетски професор Волф Ошлис повеќе од половина век го проучува и го афирмира македонскиот јазик, историјата и културата. Во време кога […]

ВТОРАТА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА

На 20-от декемвриски ден, во 1943 лето, во Егејот долу, во Фуштани село, близу до Сопота града, се роди Втората македонска ударна бригада. Се исполни планот на Кузман и Ченто, протестираше генералот Вукмановиќ – Темпо. Бригадата ја сочинуваа неколку стотини борци, командантот е Туриманџоски Димче – Горски. Низ тиквешко поле, бригадата оди, многу борби со […]

Светлината од Скопје

Посветено на Мајка Тереза Мајка на светот, со срце од чисто злато, родена во Скопје, во скромно, мило јато. Од калдрмата стара, каде детството извира, таа тргна по пат што цел свет го вселува. Во Калкута далечна, сред болка и глад, им служеше на сите – и на старец и на млад. Во секое паднато […]

Песна за Александар Цар Македонски

Се провикна млад Александре, се провикна сред Македонија, та запали коња Букефала, Букефала, коња крилатога. „Слушајте ме, мои верни друзи, мои друзи, силни војводи, тесно ми е во оваа земја, мал е светот за јуначко срце!“ Па подигна силна си војска, нареди ја фаланга камена, со копјата в небо што се бодат, со штитови сонце […]

Црно му било пишано на Александар Турунџев

Црно му било пишано на Александро Турунџе, шеснајсгодишен војвода, на седумнајста го фатија.   Го турија во зандани, во тие тесни долапи, чифте белегзии на раце, и дробен синџир на гуша.   Телеграм дојде од Стамбол за Александар Турунџе, да си ја види невестата и својте дробни дечиња.   Го изведоа на Ат-пазар, му ја […]

Методија Шаторов – Шарло

Песната на Томе Велјановски – Марулецот е посветена на животот, револуционерната дејност и трагичната смрт на Методија Шаторов – Шарло, македонски комунист, национален деец и борец за признавање на самобитноста на македонскиот народ. Во Прилепа градот, во Ѓогдере Маало,на десеттиот јануарски ден, во 1897 година,Тасејца Шаторова машко дете родила,нункото името Методија му го дал. Порасна […]

Гордана Димовска : Света земја

Ти не си чудо, ти си светлина на светот. Ти си дрво со длабоки корени. Многупати некој ги кршел твоите гранки, удирал и во коренот, но ти сепак имаш некоја сила – не дозволуваш сосем да те уништат. На твоите гранки лисја се веат, шепотат и дење и ноќе. Ги будат другите цветови и тревки, […]

To top