Дијаспора

Лидерите и раководствата за осамостојување на Македонија заборавени!? (3 дел)

Околу преставниците на власта на Република Македонија и раководството на ВМРО-ДПМНЕ за чествувањето на Третиот Илинден-Денот на републиката 8 септември 2015 година.

Не сакам да бидам погрешно сватен, кога пишувам дека никој од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, мислам од членовите на ИК и на ЦК, не му даде почит и признание на најглавната личност на борбата за осамостојување и обединување на Македонија и осноивач на ВМРО-ДПМНЕ,  Драган Богдановски, кој со своите соработници –лидери и членови на раководства на Македонски политички партии, во Македонија и диаспората, после Втората светска војна, до осамостојувањето, кои ги дадоа најдобрите примери како треба да се бори и промовира македонската националност и како треба да се бори за осамостојувањето на Македонија, со воведување и опстојување на демократските современи принципи на владеењето.

Ниту јас ниту моите соработници и истомисленици, за идеологот Драган Богдановски и неговите заборавени соработници, немаме намера, барем јас така мислам, да го омаловажиме претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, односно премиерот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, кого навистина го почитуваме. Ние сме свесни за неговата зафатеност и немањето доволоно време, за завземеност да му стави крај на контраверзните ставови, кои владеат во оваа политичка партија, за оснивачот и идеологот Драган Богдановски.

Драган Богдановски сам неможеше, преку 5 деценијските активности во македонското движење, а и со лежење во затвор во Идризово 11 години, да ја оснива и современата актуелна ВМРО-ДПМНЕ, без неговите соработници-лидери и раководства на МАК,ДОМ,ДООМ, ТНМРО, НМРО, НОФМ, ДПМНЕ, кои се темал за техничкото оснивање на ВМРО-ДПМНЕ.

Треба страници и страници да пишувам, ако е потребно, за да докажам, посебно за периодот од 2006 година до денес, колку  национално политички статии  публикував за подршка за ВМРО-ДПМНЕ и за лидерот и премирот Никола Груевски. Тоа може да се потврди со интернет списанието Македонска нација и моите и-маили на 600 читатели и соработници од светот. Мислам дека би се сложил и мојот ценет соборец, Маноил Јаковлески Мане, кој е главен и одговорен уредник на патриотското списание Македонска нација, кое списание е слика и пример за подршката на ВМРО-ДПМНЕ и актуелната власт на Република Македонија. Тука е и многу активниот бранител на Македонската кауза, претседателот на СМК,  Тодор Петров, кој со повеке неделни статии –написи, пред се  правно и организационо, застанува во озобличување и одбрана против  разноврсни шовинистички антимакедонски напади,  од соседните шовинистички влади и институции, а и од меѓународната заедница, бранејки ја актиелната власт на републиката, а посебно суверенитетот и уставното име на Македонија.

Со подршка кон ВМРО-ДПМНЕ, од периодот кога се оснива и во Македонија, спаѓаат и многубројните автори на национални, историјски и политички дела, специјално од диаспората, кои ја овековечија вистината за Македонското движење во диаспората со извесни соработки од патриотски ВМРО-вци од републиката и идеологот и оснивачот на ВМРО-ДПМНЕ, со неговите соработници, сакаат  да се прифати, како реална, според историјските факти поткрепени со документи, публикувани во нивните дела, како учесници и подржувачи на Македонското движење.

Жално одекна оваа запоставеност на актерите на осамостојувањето од диаспората, а и поединци од Македонија, една година пред одржувањето на  јубиејната 25 годинина, од почетокот на Третиот Илинден. Со гордост и голема почит ке ги спомнам само поедини најблиски соработници на Драган Богдановски, кои се покојни и некои од нив кои не го дочекаа осамостојувањето-Третиот Илинден: Драган Богдановски (1929-1998); Благоја Шамбевски Шамбе ( 1921-1974); Панко Стамкоски (1938-2007); Михаил Шариновски Солунски (1932-1999), Крсто Шкодров (1944-2005), Ристе Блажев Ристески (1931-2000); Крсто Јенчев Димитров (1912-2003), Јонче Трајчевски (…-2015) и други заслужни патриоти и борци за осамостојување на Македонија. И ако поедини лидери и видни активисти на раководствата на Македонските политички организации беа со извесни социјалистички и комунистички идеологии, сепак нивните подржувачи и членство беа против Европскиот и Југословенскиот комунизам, за демократска самостојна Република Македонија. И После 24 години од осамостојувањето, секако останаа во живот, мал број  активисти на движењето и најактивните и најблиски соработници на Драган Богдановскии, кои треба барем да се почитуваат нивните авторски дела и богата патриотска активност.

За горната цел, само сакам да ги потсетам, актуелните помлади патриотски генерации на ВМРО-ДПМНЕ, за да имаат поголем успех во иднината, во  патриотските активности за Македонија, дека треба да мислат како и тие да бидат почитувани од своите идни млади Македонски генерации, за традиционалното почитување КОН СВОЈОТ РОДИТЕЛ, БЕЗ КОЈ НЕМАШЕ ДА ПОСТОАТ ПАТРИОТСКИ НА ОВОЈ СВЕТ. Ако не беа лидерите на Првиот Илинден од 1903 година, немаше да има Втор Илинден во 1944 година, а ако ги немаше двата Илиндена ќе го немаше најглавниот Трет Илинден од 1991 година, благодарение на неговите основоположители, најповеке од диаспората, што го имаме осамостојувањето и современата суверена Република Македонија.

П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top