
(7 и 8 август 1993 год.)
“…Член 2
Светскиот Македонски Конгрес (во натамошниот ктекст Конгрес) претставува Светски Парламент на Македонците од целиот свет заради нивното духовно, културно и економско обединување, а во фукција на Македонскиот народ и неговата др-жава Македонија.
Светскиот македонски конгрес има статус на здружение на граѓани…
…III. ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА КОНГРЕСОТ
Член 8
Основни цели на Конгресот се:
– духовно, културно и економско обединување на Македонците од целиот Свет, а во функција на Македонскиот народ со неговата држава Македонија,
– афирмација на етничкиот, културниот и јазичкиот, верскиот и историскиот идентитет на Македонскиот народ.
Член 9
Основни цели на Конгресот се:
– обединување на сите асоцијации, организации и институции на Македонците и пријателите на Македонија од целиот свет;
– донесување Македонска Национална Програма;
– предлагање и преземање мерки за опстанок на Македонскиот народ и обнова и развој на Македонија;
– донесување платформа за интегрално остварување на правата на Македонскиот народ;
– свикување Меѓународна конференција за правата на Македонскиот народ под покровителство на Организацијата на Обединетите нации;
– формирање и градење лоби во парламентите и владите на државите и постојаните членки на Советот за безбедност на Организацијата на Обединетите нации кои имаат решавачко и одлучувачко влијание во уредувањето на мународните односи…
– зацврстување на позицијата на државно-правниот статус на Македонија како самостојна, суверена и независна држава и како признат меѓународнио-правен субјект;
– изградување на Македонија како правна држава врз принципите на парламентарната демократија, пазарната еккономија, општите слободни тајни и неподредни избори и почитувањето на жовековите права и граѓанските права и слободи, во согласност со меѓународните договори;
– обезбедување на правата на националните, етнички, јазички, верски, културни и други малцинства и групи во Македонија, во согласност со меѓународните договори;
– основање центри на Конгресот насекаде низ светот каде што живеат Македонци по род и државјанство ( во натамошниот текст: Македонци)
– основање Светски Македонски Културено-Информативен Центар, со Македонски културно-информативни центри низ целиот Свет;
– основање Светски Институт за Македонија, заради мултикомплексно проучување на Македонската вистина, преку кој разни асоцијации, организации, институции и поединци ќе ос-тваруваат разни програми и проекти од мултимедијален карактер;
– меѓународно афирмирање на Македонската вистина, култура, јазик, уметност, историја и достигнувања на секое поле од општествениот живот;
– основање Светска Македонска Трговска Комора;
– основање Светски Македонски Трговски Центар;
– основање Светска Македонска Банка или Меѓународна банка за обнова и развој на Македонија;
– основање Светска Македонска Фондација….
– основање меѓународен ланец на хотели, мотели, трговски и деловни центри под името “Македонија”;
– основање Македонски клубови и асоцијации, организации и институции насекаде низ Светот;
– основање Македонски општини (етнички заедници);
– преземање мерки и активности за остварување правата на Македонскиот народ
– заштита и одбрана на правата и интересите на Македонскиот народ и Македонците од целиот Свет пред надлежните државни и меѓународни органи, организации и заедници;
– грижа за заштитата на положбата и правата на Македонците во целиот Свет;…
– проучување на архивската граѓа за осториската вистина на Македонија и Маеонкиот народ, во земјата и светот;
– собирање податоци, издавање разни публикации, списанија и други материјали и документи за Македонците од целиот Свет и меѓународната јавност:…
Светски Македонски Конгрес, Прво Генералнособрание на СМК, Охрид, 7-8 август 1993, стр.1-2;