Надица Трпевска
Ден и Ноќ
И ветар и магла ,
И солза што се крие,
И осаменост и тага,
И срце што вие..
И ти, и јас,
Постоиме ли ние?
И заборав и копнеж,
Што крвта ми ја пие.
И ден и ноќ,
И повторно тага,
И рози и трње,
Зар ние сме лага?
И рѓа и злато,
И навидум сјај,
И покор и љубов,
Со мирис на крај