Фељтон

Дали Агамемновиот Орест од Микена бил во Македонија? (2)

makedonska-civilizacija-1

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

makedonska-civilizacija-1

Тврдењето на Херодот дека Теменовите потомци побегнале од Арг во Илирија, а од Илирија во Горна Македнија, веројатно го навела Страбон (VII, 326) да изнесе: „…се зборува дека со Орестида некогаш управувал Орест, бегајќи по убиството на мајка му, оставајќи ѝ го своето име на земјата и го оснивал градот кој по него се нарекувал Арг во Орестида.”

Овој наод од подоцнешните историчари бил многу експлоатиран како доказ, а со цел за поврзување на ахејската (елинска) историја со истата на просторите на Македонија. Заради објективност и противставување на овој навод, се поставува прашањето за престојот на Агамемновиот син Орест во Македонија. Според легендата, Орест е роден во Микена на Пелопонез, каде татко му бил крал. Детството го минал безгрижно во родителскиот дом. Но, по враќањето на Агамемнон од Троја, тој бил убиен од неговата жена Клитемнестра и нејзиниот љубовник Егист, на тринаесетиот ден од месецот гамелеон (јануари), во 1.182 година п.н.е. (Гревс, 1.990, 112м, 4) и бил погребан во Амикла покрај Спарта или во Микена (Павсанија, II, 16, 5).

За време на убиството на Агамемнон, Орест имал 10-12 години. Неговата сестра Електра, со помош на стариот татков учител, го спасила Орест, па тој едно време бил меѓу овчарите во Лаконија, а потоа во Крисио, во предворјето на Парнас, кај роднината Строфиј, оженет со сестрата на Агамемнон, каде дознал за татковата трагедија. По осум години, Орест преку Атина се вратил во Микена да го убие очувот и мајка си (Гревс, 1.990 година, 113, г). Од ова произлегува дека како дете, Орест од својата 10 (12) година, па сè до дваесетата, се движел исклучиво на релација Микена-Лаконија-Парнас-Атина-Микена.

Тогаш дошло до осветата на синот, кога Орест ја убил мајка си. Поради мајкиното убиство, Орест го прогонувале Еринеите и тој своја заштита побарал прво во Делфе, а потоа во Атина, Арг, па пак во Атина, каде му било наредено да го донесе кипот на божицата Артемида од Таурида на Црното Море, за да се откупи. Со лукавство на неговата втора сестра Ифигенија, тогаш свештеничка во храмот на теуритската божица, братот и сестрата со кипот на Артемида се вратиле во Елада. Со убиството на очувот, кралот Егист, кој владеел седум години, Орест ја зел власта во Микена, па и во Аргоида, во свои раце. Тој владеел седумдесет години, без да ја напушти својата земја и умрел во длабока старост, во деведесетата година, во Аркадија, како бегалец од Дорците. Погребан е анонимно, во дворот на некоја ковачница во пелашка Тегеја (Херодот, I, 67, 68).Тоа се случило во време на егзодусот на Ахејците од Пелопонез, при селидбата на Дорците, 1.104 година п.н.е.

Од ова се гледа дека Орест од Арг на Пелопонез, никогаш не бил во Илирија, Епир или во Горна Македонија, за своето име и името на својот роден крај да го даде на една област и град во непозната средина. Понатаму, по убиството на неговиот татко од Егист, Орест бил дете и под заштита на своите роднини кај кои се криел. По убиството на мајка си, како прогонет, морал за време од само една година да ги собере многубројните докази за својата одбрана и да патува со брод на весла од Таурида и назад, по море, што изнесува повеќе од 3.000км, а во услови на опасности од „народите од морето”.

Орест од Пелопонез, по копнен правец до Орестида во Македонија не можел да оди зашто била големата преселба на народите на просторите на Елада (Пелазгите, Јонците, Ахејците, Кадмејците, Беотите, Тесалите, Илирите, Дорците, Епирите итн.) и патиштата биле загрозени. Комбинирано, по морски пат преку Јонското и Јадранското Море, а потоа од Аполонија или Епидамнос до Македонија, во оддалеченост повеќе од 1.200км исто така не можело да се оди, зашто Ахејците тој пат не го познавале или ако го познавале, исто така бил опасен.

Понатамошен аргумент е тој дека во тој период на власт во Енхелија уште биле потомците на Кадмо, кои биле протерани од страна на Аргеадите од Пелопонез, за време на „Епигон”, па према тоа и непријателски расположени.

Према една друга верзија, на Орест и Електра им се судело во Арг, од страна на народот. Осудени биле да извршат самоубиство. Меѓутоа. на предлог на Аполон, наредено им е да минат во прогонство една година во Парасија (Еврипид, 480-406 година п.н.е. во Орестис).

makedonska-civilizacija-2

Постои и трета варијанта, дека по убиството на мајка си Орест полудел, па како тешко болен се лечел една година во градот Гитеон во Ахајските Параки-париси на југ на Пелопонез (Павсанија, 3.26.8. и Тхомсон, 1954, стр. 281) што се сложува со тврдењето на Еврипид.

Резимето по ова прашање би било дека имињата на македонската провинција Орестида и нејзиниот главен град Арг во Орестида, не потекнуваат од Ахејците, односно од синот на Агамемнон, Орест од Микена. Овие имиња се од македонската лингвистичка палеобалканска топонимија, повеќе од неколку милениуми пред доаѓањето на Ахејците (потоа Елините) на просторите на Пелазгија.

Генеолошките наводи на Херодот за македонската кралска династија како „три потомци на Темен”, го поставува прашањето од кој Темен?

Во митологијата постојат два Темена. Еден е Темен, син на Пелазг од Аркадија на Пелопонез, кој бил познат по тоа што на божицата Хера ѝ посветил три светилишта, но не се наведуваат неговите потомци. Но, и да имал, тие биле Пелазги, а не Дорци (Паусанија VIII, 22, 2).

Вториот Темен бил потомок на Херакло, значи со дорско потекло, Хераклид, а не Пелопид каде бил Орест, кој со помош на Македонците го освоил Пелопонез, во 1.104 година. Тој имал три сина и ќерка, а бил крал на Арг. Него го убиле постарите синови Керин и Фалк при капење. Тоа се случило зашто Темен сакал престолот на Арг да им го остави на ќерката Хирнета и на зетот Дејфонт, кој бил кралски советник и војсководец. Меѓутоа, граѓаните на Арг ги прогониле убијците, но подоцна тие завладеале со Арг и ги протерале сестрата, зетот и помалиот брат, кои побегнале во Епидаур. Кога браќата ја киднапирале сестрата од Епидаур за да му се осветат на Дејфонт, тој веднаш тргнал по грабнувачите и прво го убил Керин, а бидејќи во меѓувреме Фалк ја задушил сестра му, го убил Фалк, но настрадал и помалиот брат (Паусанија, II, 28, 3). Од овој мит произлегува дека потомството на Темен од Арг, во борбите околу престолот, се угаснало уште во првата генерација.

Плутарх (III, 2), опишувајќи го живописот на Александар Македонски, изнесува дека „Александар по татко бил потомок на Херакло преку Каран, а по мајка на Еак, преку Неоптолем”.

Името Каран (глава, поглавица, војвода) во македонската митологија е непознато. Меѓутоа, под ова име, како Каран, се јавува во македонската историја хипарх во војската на Александар Македонски. Кај Херодот (VIII, 137) Карен бил непознат, а македонската династија ја почнува со Пердика.

Првиот пат Каран се појавува кај Теопомп, митограф од Книд, пријател на Цезар, каде Каран бил измислена личност за да ги поврзе македонската и аргивската (од Пелопонез) династија. Според Теопомп, Каран во осмото колено бил потомок на Херакловиот правнук  Темен, кој се преселил од Арг во Едеса, па со тоа тој е „предок” на таткото на Александар, Филип II (382-336), што би одговарало на околу 622 година п.н.е. додека Пердика е постар од Каран.

Значи следи дека основачи на македонската кралска династија Аргеади, по машка линија, не биле странци од Пелопонез, туку домородци, автохтони Македонци, потомци на кралот Темен од Арг во Орестида односно, прапра внук на епонимниот херој Орест, основач на Арг и на македонската кралска династија Аргеада. Името Τемен (на божеството посветен, или меѓа) припаѓа на палеобалканската-македонска глосологија.

Основањето на македонското кралство течело на тој начин што „тројца потомци на Темен … бегаат од Арг во Илирија, а од Илирија преминуваат во Горна Македонија…” (Херодот, VIII, 137). Понатака Херодот нагласува дека „… браќата преминуваат во Горна Македонија и доаѓаат во градот Лебеја”. Тешко е да се идентификува градот Лебеја во Горна Македонија. Една помала населба под денешно име Ливера (Либера) се наоѓа во областа Елимеја, на источните падини на планината Аскио (2.111м). Таа е одалечена од Арг на Орестида околу 30 км воздушна линија, колку и од поисточната планина Бермион (2.052м).

Оваа хипотетична локација на градот Лебеј (Либера) е на средина на плодната рамница на патот кон денешните градови Кожани-Каљари (Птолемаида). На околу 20км северно од Либера денес постои големо село Пердикас. Ако би ја поврзале оваа локација со митологијата, тогаш Либера би била староиталска божица на женската плодност, култно поврзана со Либера, чиј симбол е фалус, бог на плодноста на земјата, полињата, виновата лоза, стоката и луѓето. Инаку, старите Римјани, култот на издигнатиот Фалус, т.е. Хермес, го зеле од староседелците на Балканот, Пелазгите (Томсон, 1954, 116).

Кога „браќата” го напуштиле кралот на Лебеја, биле прогонувани од потери на кралските коњаници, но се спасиле бидејќи ја преминале реката Халиакмон (Бистрица), која била силно надојдена, така што коњаниците не можеле да преминат. Теменидите дошле во другиот крај на Македонија и се населиле во близина на градините на Мид. Единствена голема река во тој предел е Халиакмон (Бистрица) која минува меѓу планините Бермион и Пиерија и прави голема клисура. Единствен природен премин на реката во овој дел постои на околу 60 км низводно од Лебеја (Либера), на источните падини на Бермион (Карзузмен) на 6 км јужно од старомакедонскиот град Бер, каде завршува источниот дел на клисурата Халиакмон.

„Другиот крај на Македонија” е Долна Македонија или праисториска Ематијa, која е широка рамница меѓу долните теченија на реките Халиакмон и Аксиј, а областа е Ботиаја, односно Централна Македонија. Во неа се наоѓаат стари и големи градови на Македонија под Бермион (Каракамен), како што се Едеса, Науса, Миеза, Мариниа и споменатиот Бероја.

„Кога ја зграпчиле таа земја”, го изградиле градот Еге, на околу 20 км југоисточно од Бероја на десниот брег на Халиакмон и „браќата оттаму тргнаа и ја покорија цела земја” (Херодот, VIII, 138).

Овие кажувања на Херодот потполно се потврдени и од современите елински истражувачи (Даскалаки, 1982 и Костопулос, 1992 и други), кои истакнуваат дека центар на македонската историја во VIII век п.н.е. била Орестида и во неа Аргос Орестикон (Рупиште), од каде потекнуваат кралевите на македонската династија Аргеада, предци на Филип II и Александар Македонски, а не Аргос на Пелопонез.

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top