Фељтон

Боговите кај античките Македонци (7)

111

111

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Религијата во Македонија, во компарација со други религии во светот, од усното предание до Хомеровите и Хесиодовите записи, како културно-филозофско-историска манифестација на човечкиот дух, со материјална база на исконската култура на Лепенскиот Вир и митолошката содржина на ономастиката на хидролошкиот систем на Панонија, несомнено е од сакрална природа и без ривал во светските религии, што претставува уште еден голем придонес на Македонија кон светската цивилизација.

Меѓутоа, во поглед на религијата во Македонија Папаставроу (1972, 496) истакнува дека „религиските елементи на олимписките богови, во Македонија се внесени од Елада, за време на династијата на Антигонидите, која почнала со кралот Антигон Гонат, 277/6 година п.н.е.”. Понатаму тој навестува дека Македонците имале полилатрија од следните богови: „Бог на војната бил Фавло божица заштитница на дорот е Гига Божица на ловот Газорија, на убавината Зеирена бог на светлото е Ксант, а бог на сонот Татое бог на здравјето е Дарон, бог на моќта и силата е Арето додека божица на ветрот, водата и заштитничка на градот Едеса е Веди. Спротивно на овие тврдења стојат историските и археолошките наоди.

Тоа го потврдуваат следниве факти и тоа: градот Дион во Пиерија е изграден во славата на богот Диас од страна на македонскиот крал Архелај I (413-399) уште од V век п.н.е.; градот Петра, исто така во Пиерија, се споменува во врска со богот Посејдон, како „Посејдон од Петра”, а тоа е во врска со димини културата од 5.630-4.450година п.н.е.,која припаѓа на културата на халколитскиот период, а носителите биле Македонците и Еолците од Панонија, а не Елините кои како Ахејци стасале во Фтиотида, околу 1.400 година п.н.е. или Дорци, 1.124 година п.н.е.

Потоа, во Македонија постоеле споменици на Пиерида, кипови на Муза и Орфеј, значително претходно отколку во Елада, за што пишува Паусанија (IX,30.6). Од ова следи дека, ако Орфеј бил ученик на Аргонаутите, а нивната експедиција, според Ератостен била во 1.225 година п.н.е. , тогаш е сосема јасно дека Македонците не примиле некоја елинска религија на Олимпиците во III век п.н.е., туку биле создавачи на таа религија.

Према Томпсон (1954, 179) и божицата Атена не била со елинско потекло. За нејзината неелинска ономастика тврди и лингвистот Мпампиниоти (1996, 62), што во превод значи Бесмртна (и – танатос е смрт). Оваа божица кај староседелците на градот Атина, Пелазгите, стасале од Беотија, а во Беотија од север од Тесалија, каде била почитувана како „Атена од Итонија”. Тука живееле Еолците, потомци на минијската култура од Подунавје.

Во Македонија, во градот Кисос, во подножјето на истоимената планина, највиските планини на Халкидика, кој подоцна влегол во составот на градот Солун, месните жители го славеле богот Дионис, далеку пред Елините, пред втората половина на вториот милениум п.н.е. Кога Дионис „бог од Ниса-Ниш”, трганал во светот закитен со венци од винова лоза и ловор, во придружба на воспитувачот Силен, менадите и бахаткините, после Тракија и неговите перипетии со тракискиот крал Ликург, свратил во градот Кисос. Оттогаш жителите на тој град му посветиле на богот празнувања под името „Дионисиј од Кисос”. Богослужбата ја извршувала свештеничката Теана, ќерка на кралот Кисос.

Помпезностите на Дионис биле прочуени во цела Македонија и биле карактеристични по употребата на посебни шупелки и по импозантните хорови за време на славењето на Баховите прослави, каде имало гозби, се играло и се тргнувало во битки. Растението кисос (бршлен) му било посветено на богот Дионис, а бршленот во Кисос бујно растел. Така во прославата на Баховите мистерии и веселите гозби, учесниците биле закитени со венци од бршлен околу главите, под името „кисофори”.

Кога митолошкиот македонски крал Мид од Каракамен (Бермион) Планина, кој покрај градините со најубави рози имал и големи лозја со одлично вино, дознал дека со Дионис е и неговиот учител Силен, посакал Силен да го подучи на мудрост, Мид веќе бил упатен од Македонецот Орфеј во боженствените тајни. Бидејќи Силен и Дионис го упатиле Мид во Дионисовите мистерии, тој ги прифатил неговите божествени прослави. Према тоа, „дионисиите” се воведени прво во Македонија во митолошкиот период, а не во антиката.

И на крај, од гениологијата на македонските династии видовме дека Македон бил син на Зевс, а за тоа време првиот крал на Атена, Ерихтоние (од -ерион: волна и -хтон: земја) никнал од земја т.е. тој е домородец Пелазг (Томсон, 1954, 181).

Од наведените компарации јасно се гледа дека религиските и митолошките сфаќања за светот, на Македонците како варвари, не им биле пренесени од југ од Елините, или „краснореката муза” во текот на династијата на Антигонидите, во III век п.н.е., туку оваа висока култура имала обратен тек, и тоа од Македонија на Елините и од север и од југ. Понатаму, божјиот Пантеон не е ставен на Парнас, Хеликон или Тајгет, туку на најголемата и најубава планина во Македонија, во нејзината Пиерија, „Света Гора”, каде се и ризниците и гробовите на нејзините кралеви.

Од север на Балканот, од Хипербореја, на Елините им дошла и божицата Лето, Хиперборејка, една од жените на врховниот бог Зевс, како и нејзината божица на породувањето Ејлејтија, за да помогне во раѓањето на боговите Аполон и Артемида. Боговите близнаци, Аполон и Артемида, своето детство го минале во земјата на Хиперборејците, меѓу своите сонародници (Хесиод, Теог. 404. и Херодот, IV, 32) за потоа да ја пренесат својата божествена култура на Елините итн. Заради сето ова, овој дел од религијата на Македонците, би го завршиле со зборовите на Хесиод (Теог., 27-28):

Орфеј

Календар

Многу ние лаги знаеме да кажуваме на вистината слични. Но, кога сакаме, знаеме да ја соопштиме и вистината права.”

Прашањето на хронологијата за утврдување на настаните во праисторијата на Македонија, претставува проблем и за останатиот свет. Ератостен, славниот географичар, филозоф и поет, кој живеел од 275-194 година п.н.е., во главниот град на македонското египетско кралство на Птоломеј, во Александрија, во својата „Хронографија” лоцирал некои битни праисториски настани. Така на пример, основањето на Теба од Кадма го ставил во 1.313 година п.н.е., раѓањето на Херакло во 1.261 година п.н.е., устоличувањето на Агамемнон за крал на Микена во 1.200 година п.н.е., падот на Троја во 1.183 година п.н.е., дорската миграција во Пелопонез во 1.104 година п.н.е. итн.

Историчарот Тимај од Тауроменион на Сицилија (околу 330 години п.н.е.) прв со пресметување одредил дека првите Олимписки игри биле организирани во 776 година п.н.е.

На основа на овие и други историски, географски и други параметри, може да се претпостави дека митолошкиот Македон, син на Озарис, може да се лоцира во околу 2.300 година п.н.е. Од друга страна, ако се земе верзијата на Хесиод за Македон и Магнет, кои биле родоначалници на Македонија, односно Магнезија, и дека Магнет со останатите Еолци бил творец на димини културата, која Блеган ја лоцира во 3.200-2.600 година п.н.е., додека Гимбутас (1.982 година) во околу 5.630-4.450 година п.н.е., тогаш произлегува дека и Македон треба да се стави во оваа хронологија.

Меѓутоа, ако се користи Ератостеновато и Херодотовато хронолошко разгледување, тогаш Македон требада се смести подоцна како е и Кадма, т.е. во околу 1.317 или 1.315 година п.н.е., кралот Пиер околу 1.294 година п.н.е., кралот Еагар околу 1.271 година п.н.е., Орфеј околу 1.248 година п.н.е., кралот Мид околу 1.200 година п.н.е, додека кралот Пердика околу 700 години п.н.е.

Подоцнешните хронолошки извори на познатите историчари и географичари, покрај Екатеј (549-478), Херодот и Тукидид, или Полибиј (200-122), Страбон (66 година п.н.е. до 19 година н.е.), Еузебио (338 н.е.) итн., далеку се побогати и попрецизни, посебно современите автори ширум светот, како и компаративните археолошки истражувања вреднивани со помош на Ц-14.

Во досегашните истражувања утврдени се многубројни елементи на митолошката, историската, лингвистичката, теолошката и традиционалната посебност меѓу Македонија и Елада, меѓу Македонците и Елините. Не е многу ако се изнесе уште еден податок од нивниот секојдневен живот, а се однесува на календарот на овие два народа.

Така, елинската Нова година почнувала во лето и тоа во средината на месец јуни, античко име Скирофорион. Спротивно пак, македонската Нова година имала свој почеток во есен, месец септември, македонско име лоос (посакуван, желен).

Посебноста на Македонците од Елините се гледа и во нивната поголема побожност. Додека Елините на боговите им дале име на еден месец и тоа на богот Посејдон, Македонците еден месец му дале на богот Диас, а друг на божицата Артемида.

2

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top