Дијаспора

Кире Печенковски – голем македонски бизнисмен во Канада (7)

kire-pecenkovski

kire-pecenkovski

ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

Животната сторија на Ки­ро (Кирил) Печен­ков­ски поч­ну­ва во Долно Перово, во Песпа, село кое се наоѓа непо­сред­но до северниот брег на Прес­пан­ското Езеро, оддалечено око­лу десет километри од Ресен. Сите жители на се­­­лото се Македонци, од кои голем број како и Киро и неговата сопруга Дежда, одамна тргнале по други животни па­тишта во светот кои живот значат.

Убаво е во Долно Перово, а со тоа и во цела Преспа во есен кога разновидните бои се пре­пле­тени како пајажина, кога ми­ри­сот на зрелите јаболка се раз­не­сува низ чистиот воздух. Пре­крас­но е во зима кога планините над­виснале над Езерото, а лето­вите и звукот од пеликаните се пре­несуваат по езерската шир. Но, Преспан­ското Езеро е нају­баво во пролет кога јагликата ги пробива последните остатоци на  снегот на Галичица и Пелистер и во лето кога свежината од Езе­рото го исполнува треперливиот воздух и е преполно со мно­гу­број­ни капачи и риболовци.

Таму, на 21 април 1937 година беше роден Киро Печенковски.  Неговиот животен пат во родниот крај за­­­почнал токму до Преспанското Езеро, каде го започнал своето образование сво основното се­­­дум­го­диш­но училиште во Дол­но Пе­ро­во, малата матура во Ца­рев Двор, обидот со Економското учи­лиште во Охрид и двегодиш­ни­те гим­на­зис­­ки класови во Ре­сен. Од чети­­ринаесеттата година за­почнал со комерцијалниот ри­бо­лов, од кој не се откажал до на­пуштањето на Македонија. Во рибарството научил една формула која практично и успешно ја испробал во Канада. Таа гласи: „На луѓето не им давај риба, туку научи ги сами да ја ловат”!

Киро Печенковски бил вистински мајстор за ловење риби, еден од нај­доб­рите во селото, а тоа го наследил од татко му. Од реките или од езе­рото никогаш не се враќал со празни раце. Сепак, тоа за­до­волс­тво решил да му го остави на татко му Мите, кој како рибар ја дочекал пензијата во ри­бар­ска­та задруга „Рибар” во Долно Пе­ро­во. А тој веќе ковал други пла­нови. Не можејќи да се помири со тогашната економската состојба, прво решил да си најде избраничка, животната сопатничка, а таа била Дежда од Евла, а потоа да замине преку граница, во потрага по нов и подобар живот во прекуолеанските земји.

golem-grad
Островот Голем Град во Преспа

Така, на 6 мај 1962 година, на Ѓурѓовден, заедно со двајца другари, со преспанска чунка – кајче, ја минале македонско-грчката граница. Нив­ното бегство од земјата било во најголема тајност. Границата ја минале без проблеми, зашто како рибари биле добри поз­на­вачи на теренот, но и на  „та­бие­ти­те” на Преспанското Езеро. Првин прис­тиг­нале во селото Раби, од каде, при­фа­тени од полицијата биле пре­фр­ле­ни во село Желево, а потоа тран­спортирани во Лерин, каде што останале бли­зу една година. Оттаму ги од­веле во Солун, а потоа во логорот Лав­рион. Во Грција останал до 1963 година, кога со брод за­ми­нал за Канада. На 14 април 1963 година пристигнал во Халифакс, од каде заминал за Торонто. Во меѓувреме, во Долно Перово, во 1960 година, му се родила првата ќерка Кети, како подарок од не­го­вата сакана Дежда, која не­тр­пе­ливо очекувала да заврши бе­гал­ската одисеја на нејзиниот маж, за потоа да му се придружи со ќерката.

По пристигањето во То­рон­то, Киро Печенковски започнал со реализација на својата  формула што ја чувал во мислите. Англискиот ја­зик го учел сам, без посетување кур­севи, туку низ практична ко­му­никација со Македонците или Канаѓаните. Главна преокупација му било констуирањето или ино­­­­­ва­­циите на машини за об­ра­бот­ка на метал. Но, во почетокот морал да ги создаде неопходните ус­ло­ви, прво за неговата еле­мен­тар­на егзистенција во Торонто, а по­тоа и за вработување во фаб­рика во која ќе може да ги ост­вари идеите од областа на лие­њето метали.

Во почетокот, како и многу иселеници во друга земја, за­поч­нал со миење садови по ре­с­то­рани, за 25 долари неделно, иако работел цел ден. По десетина неус­пешни обиди, конечно во 1964 година бил примен како општ работник во една метална фабрика. Во 1967 година очекувал да му се придружат со­пру­гата и ќерката, па за да ги до­чека подготвен, морал до­пол­ни­тел­но да работи, пак во некој ре­сторан. Во 1968 година бил ис­пратен во САД да работи на лие­ње и влечење бронзени цев­ки. Тогаш дошле до израз не­го­вите способности. Работејќи, ја проу­чувал технологијата и се оби­дел да ја усоврши. Но, по некои не­до­раз­би­ра­ња со матичната фаб­рика, од инат, сам кон­струи­рал ма­шина за топење бронза.

kire-bronze

kire-bronze-2
Дел од фабриката на Кире Печенковски

Тоа наиш­ло на поддршка од не­кои вли­јателни Евреи во тој бизнис, па на нив­но ба­рање останал уште некое вре­ме во фабриката. Потоа ре­шил да се осамостои. Стартот бил добар и Ки­ре задоволен што конечно ја започнал индивидуално рибата во Торонто. Тој ден до­шол во 1979 година, кога купил еден хектар земја, на кој во 1982 година ја изградил и ја отворил сопствената фабрика, К.П.Бронз, чиј прет­се­­дател на Управниот одбор беше од почетокот на формирањето на фабриката до неговата смрт на 12 јули 2012 година

Киро Печенковски ги наследи убавите работи од неговите ро­ди­тели: мајката Веса и таткото Ми­те. Тој беше  ин­те­лигентен и мудар, имаше смисла за бизнис и креа­тивноста, беше упорен и енер­гич­ен, притоа имаше голема поддршка од неговата сопруга Дежда, ко­ја му беше и остана негова десна ра­ка. Таа му помогна тој да се кон­цен­­трира на бизнисот, а таа ја пре­зе­де сета грижа за семејството и домот. Еден поглед врз ам­биентот на нивната раскошна куќа, е доволен да се види кој го држи кормилото. Тоа е во рацете на се­мејството Печенковски, би­деј­ќи она што е фабриката за Киро, тоа е и фабриката и домот за Деж­да.

Во тоа авторот на овие редови се увери при бројните посети во нивната фабрика и во огромната милионерка куќа во Ауроа. Тие функционира како еден  успешен тандем, кој вешто управува со една мала им­перија на животот, која се вика биз­нис и дом. Во хармонија как­ва што можат да создадат само спо­собни брачни двојки, што со смисла за, речиси, идеал­на брач­на хармонија.

Киро Пе­чен­­ков­с­ки беше успешен биз­нис­мен во Канада кој во деловните кругови беше ценет и по­читуван, осо­бе­но заради не­говит придонес во развојот на еко­но­мијата на оваа земја, која како мул­тиетничка, соз­дава услови за максимално из­разување на креа­тив­ните спо­собности на нејзините гра­ѓани. На тој план Киро беше еден од рет­ки­те Македонци која ја имаше честа да биде познат и признат соз­да­вач на матријалните вред­ности во демократска Канада.

Семејството Печенковски жи­вее во гратчето Еурора, кое во по­­широка канадска терито­ри­јална смисла претставува дел од големиот мегалополис Торонто. Во поче­токот тие живееја во Торонто, најголемиот и најубавиот град во провинцијата Онтатио, во кој се измешало и американското и светското, од исток до запад и од север до југ. Таму живеат сто­тина нации, меѓу кои и повеќе од сто илјади  Македонци. А бројот на преспанци, кои се доселиле, вдо­­миле и прилагодиле на та­мош­­ните услови и живот, е ог­ро­мен. Затоа во Торонто човек се чув­ству­ва како во Преспа.

Киро Печенковски го сметаа за еден од побогатите Македонци на север­ноаме­рикан­скиот кон­ти­нент. Тајната на неговиот успех не беше во завршените факултети по машинство или студиите по­вр­зани со обработката на металот, туку во конструк­торскиот ген што му го вградило неговото се­меј­ство во Долно Перово, како последица на фактот дека потек­нува од земја која пред илјада години на светот му дала пис­ме­ност и култура.

kire-bronze-3
Дел од фабриката

При нашата посета на фабриката бевме информирани дека  историскиот развон на К. П. Бронз (К.П. БРОНЗЕ) започнал во 1971 година, а ја формирал Кире Печенковски. Во тој период Кире бил единствен вработен и сам ги извршувал сите оперативни активности, чиј  вкупен годишен капацитет изнесувал 40.000 единици. Меѓутоа, во  наредните години компанијата доживува рапиден пораст со дневен капацитет на производство од 40.000 единици.

Во текот на 45 годишно постоење оваа значајна фавтика за бронза разви свој иновативен процес на леење наречен “Финитецаст”, процес преку кој од структурата на тенки гранулати се добива структура односно легура која е непорозна  карактеризирана со голема густина. Компанијата е опремена со сопствена лабораторија во која се тестира хемискиот состав на легурите.

Во разговор што го водевме во погоните на фабриката ни беше речено дека мисијата на компанијата која има континуиран раст е, всушност „Нивната филозофија  да понудат флексибилни услуги со цел да им ги задоволат желбите и потребите на купувачите”. Затоа, како лидер во оваа индустрија К.П. БРОНЗЕ е секогаш чекор понапред од конкурентите. Успехот се должи на придржувањето кон принципите за напорна работа, професионален персонал, задоволство на клиентите, иновативност, ценење на вредноста на парите и квалитет. Целта на компанијата е преку овие принципи кои се отсликани во квалитетот на производите да се стекне целосна доверба кај купувачите.

Инаку, валитетот на производите е гарантиран со повеќе сертификати за квалитет и тоа МУСТ, АЉСР и ИСО 9002.94 а исто така компанијата е членка на Цанадиан Цоппер & Брасс Девелопмент Ассоциатион.

Компанијата ги опслужува производителите на бронзени производи со: кукишта за лагери, хидраулични цилиндри, делови за водовод, цилиндри и вентили, делови за автомобилска индустрија, делови за железница, делови кои се користат во рударство, челични производи, делови за јахти, млинови и слично. Инаку, денес компанијата ја води тим на чело со керката на Кире и Дезда – Дана Печенковски

Незаборавни се впе­ча­то­ци­те на авторот на овие редови Славе Катин на семејството на Киро и Деж­да Печенковски. Мегутоа, посетата со по­кој­ниот поглавар на МПЦ архиепископот охридски и македонски г.г.Михаил, кој из­вр­шил осветување на нивната преубав дом и про­из­водствените капацитетиво Аурора остави трајни белези. Притоа, архиепископот го изрази неговото задоволство сто изврШИ осветување на македонска кука И канадска фабрика И Што сите ние се запознавме со го­лемиот успех и подем на “импе­ри­јата Печенковски”.

Продолжува

slave-katin-2
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

To top