Коментари

Големата Австро-турска војна и Карпошовото востание (3)

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

Шест години по нападот на Виена (1683), продирајќи постепено на југ, Австријците стигнале дури до Македонија. Во 1689 година, охрабрени од големата Австро-турска војна (1683 – 1699) македонскиот народ се кренал на востание познато како Карпошово востание. Каква била соработката на австриската војска и Карпошовите востаници тешко е да се каже, но современите турски хроники и месното народно предание го титулираат Карпош како „крал од Куманово“, титула која му ја дал или ја потврдил австрискиот цар Леополд I, праќајки му калпак, како надворешен знак на прзнанието.

На 22 октомври 1689 година, кога Карпошовото востание земало замав и била веќе ослободена територија, која највероватно се протегала до Кратово, како и на просторот Скопје – Качаник, генералот Силвио Пиколомини се упатил од Приштина во Качаник со намера да се пробие кон Скопје, па дури и до Солун. Австријанците го затекнале утврдувањето во Качаник  празно, а во клисурата наишле на 300 турски војници кои ги разбиле. Веќе на 25 октомври тие влегле во Скопско поле, каде населението од околните села радосно ги пречекале. Истиот ден тие влегле во градот кој бил полн со намирници за исхрана и трговска стока, но кој веќе бил напуштен од населението и од турската војска. Австријанците сепак успеале во близината на градот да убијат или заробат неколку стотина Турци и Евреи, а заплениле турски знамиња и комората.

Пиколомини кој не располагал со доволно војска и бил прилично одалечен од главнината на австриската војска, како и поради престојната зима одлучил да се повлече и да го запали Скопје. На таква негова одлука влијаел и фактот дека во тоа време во градот владеела чума. Пожарот беснеел цели два дена (26 и 27 октомври 1689 година) и го уништил најголемиот дел од градот. Во своето писмо до царот Леополд, во кое го известува за завземањето и палењето на градот, Пиколомини вчудовиден и изненаден од убавините на градот кој по својата големина го потсетувал на Праг го пишува и следното:

„ … Решив, иако не лесно, градот да го претворам во пепел. Жалам за куќите, какви што не сум видел во оваа војна. Џамиите се од најубав мермер и порфир украсени со илјада кандила и позлатени алкорани на кои човек би им посветил внимание дури и во Рим. Жалам и за убавите старини, градини и места за забава, иако направени по варварски вкус, како и за големите резерви на животни продукти… Меѓутоа, за да не му оставам на непријателот било што може да му користи, за да би ширел страв и трепет меѓу варварските народи и оружјето на својот господар да го направам страшно и во најдалечните краеви, решив да го извршам тоа дело…

По сите улици поставив војници со факели и на знак од три топовски салви изби пламен, што го затемни сонцето на 26 октомври и идните денови. А ние стоевме на еден висок рид и покрај звуците на воените инструменти го гледавме како гори ова убаво место, навистина без тага и жал, потсетувајќи се дека и убавите предградија на Виена ја доживеале иста судбина.

Што можев да направам? Да имав довлно војници овде да се утврдам би тргнал подалеку.“

Генералот Пиколомини во својот опис за Скопје запишал дека градот имал речиси 60.000 жители, а од нив 2.000 биле Евреи. Отука постои и еден еврејски документ во кој за истиот настан стои напишано следното: „И кога поменатиот непријател се приблежи, влезе во градот, од бучавата и викањето на нивните војници, страв и трепет ги зафати сите жители на градот и сите со голема брзина побегнаа од градот насекаде: кој во поле, кој во планина, голи и боси, без леб и покривка за да се заштитат од студот, со една  цел да го спасат животот. Понатаму разбравме дека во еврејскиот дел, кај беше во центарот на градот, изграден како утврдување, од огнот настрадале сите градски објекти, заедно со две синагоги и училиште, и не останала куќа внатре во тврдината, која не би била зафатена со огнот.“

Свој опис за освојувањето на Скопје дава и турски историчар Силахдар, кој гладајќи субјективно на настанот ќе забележи:

„ … Денот пред тоа жителите (муслиманите) на градот дојдоа кај Мехмед паша и го замолија да ги испразнат куќите и спасат фамилиите, но бидејќи тој не дозволи, некои истакнати граѓани потајно го поткупија. Ненаситен, тој нив им дозволи да ги земат своите семејства и да побегнат, а тие кои имаа среќа ја натоварија на запрежните коли и својата покуќнина. Меѓутоа, кога тргнаа, стигнаа две чети неверници, една во град, друга пред колата која одеше напред. Сите престана да мислат на покуќнината и обидувајќи се да го спасат животот, пешки или на коњ, а оние понежните (жените и децата) боси се разбегаа по ридовите. Поголемиот дел од нив биле заробени, додека кој знае колку биле убиени. Недостојниот паша со својата свита и градското население вешто со коњи и оружје, побегна во правец на Серес и Софија, …а кога нечистите го опљачкаа градот и колите, ја запалија чаршијата и некои улици… “

Набрзо по повлекувањето од Скопје, Пиколомини заболен од чума умира на 9 ноември 1689 година во Призрен. Сепак болеста и потоа смртта на генералот, не ги спречила Австријците да продолжат со своите пробиви во длабочина на македонската територија, кои ги правеле со цел да извршат набљудување на теренот за да спречат и разбијат концентрација на непријателските сили. Еден таков продор направил херцогот Георг Холштајн, кој ја презел командата од Пиколомини. Дознавајќи дека во Штип е концентрирана турската војска, тој одлучил со ненадеен напад да ја разбие и истера од градот. Тргнувајќи од логорот кај кумановското село Оризари, австриските одреди на Холштајн стигнале пред Штип во зората на 10 ноември 1689 година. Тука дошло до најжесток и најголем судир меѓу австриската и турската војска на територијата на Македонија. Турците биле потполно разбиени. Оставајќи зад себе околу 2.000 убиени, тие биле принудени на повлекување, а Австријанците го запалиле градот и потоа се вратиле назад носејќи со себе голем плен од неколку илјади грла стока и друго. На враќање тие разбиле уште еден турски извидувачки одред од 300 луѓе.

Кон половината на месец ноември на истата 1689 година во Призрен стигнала вест дека била собрана голема турска војска кај селото Леуново и кај градот Тетово. На неа биле упатени доброволци Албанци – католици, кои успеале да уништат повеќе од 600 Турци и да запленат неколку стотини грла стока. Народното предание знае и за битката кај Влајница во која на страната на Австријанците учествувало и македонското население – Мијаците.

Најпосле, на 20 декември 1689 година од Приштина тргнал еден австриски одред во правец на Велес, во чиј состав биле и српски доброволци,  а бил предводен од капетан Саноски. После два дена тој стигнал до градот и со ненадеен напад влегол во Велес, при што било убиено 30 Турци, а имало и заробени. По обичај градот бил опљачкан и делумно спален. На враќање, Австријанците ги нападнал еден јаничарски одред, про што Саноски бил смртно ранет.

Нема сигурни податоци за тоа каква била соработката на Карпошовите востаници со Австријанците за време на сите овие операции на македонска територија. Природно би било за едната и другата страна да постоела соработка против заедничкиот непријател, особено ако се има во предвид дека австриска војска со својот продор во Македонија го остранила вакумот кој ја одвојувал од востаничката територија. Инаку, Австријците обилно ги користеле антитурските сили и движења на целиот свој борбен пат по балканските земји, па тешко е да се верува дека ги занемариле силите и успесите на македонските востаници, кои во позиционите и оперативните планови на нивните истурени одреди јужно и западно од Ниш би можеле да одиграат значајна улога, пред се како предстража и брана од можните ненадејни напади на непријателот. Од друга страна, за востаниците  од пресудна важност била да имаат ефикасна материјална и морална поддржка на една моќна регуларна армија, како и сигурна позадина која би им овозможила слободно маневрирање во борбата со непријателот чии предни позиции допираа до востаничката територија. Веќе спомнатите податоци од современите турски хроники, како и месното народно предание за доделување на кралска титула и калпак на Карпош од страна на австрискиот цар Леополд само ја симбилизираат таквата соработка.

Во секој случај, доколку имало било каква непосредна соработка меѓу Австријците и Карпушовите востаници, сигурно таа била краткотрајна и неефикасна, бидејќи австриските трупи долго не се задржале на македонска територија, па дури набрзо дошло и до нивно повлекување на север. Востаниците биле препуштени сами на себе, соочени со несразмерно понадмоќен непријател, што набрзо потоа ќе доводе до задушување на Карпошовото востание.                                                  

(продолжува)

Подготвил: Т. Каранфилов

(Извор: д-р A.С. „Од минатото на македонскиот народ – Карпошово востание“, Скопје, 1969, стр. 76 -79 )

Големата Австро турска војна 05.03.2015 .doc

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top