Ристана Рина – Николова
Ej, МAKEДОНИЈО MOJA!
Некој со страдален шепот потшепна:
Зборот ми го забрануваат МАКЕДОНСКИ,
мислата МАКЕДОНСКА ми ја бришат,
јазикот ми го сечат само ако шепнев по МАКЕДОНСКИ.
Јас гласно ќе провикнам:
Чудесно среќна сум,
што се родив на праисконска МАКЕДОНСКА земја земја библиска!
И мајка Македонка, и татко Македонец, јас,
Македонка, со широко отворени очи,
со поглед вперен кон недовиднината МАКЕДОНСКА.
Нема заборав на прадедовината наша,
наша предвечнина.
И мислата, и размислата,
болката и плачот ми се МАКЕДОНСКИ.
Бистрината на солзата моја е МАКЕДОНСКА.
Сонце светлозрачно зрачи од мојата лика МАКЕДОНСКА.
ЕЈ,МАКЕДОНИЈО МОЈА…
НЕПОКОР И ДОСТОИНСТВО,
ПИРЕЈ Е ТВОЕТО СЕМЕ,
ВЕЧНО Е ТВОЕТО ИМЕ!