Фељтон

Пела – престолнината на Македонија и родното место на Александар Македонски (26)

pela1

pela1

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Градот Пела е познат како македонска престолнина и родно место на Александар Велики. Пела бил најголем град во Македонија и резиденција на кралевите сè до 168 п.н.е. Во римскиот период, како Kolonija Iulia Augusta, Пела бил значаен пункт на Игнацискиот пат и центар на Третата македонска област, како и најугледен град, со Бероја, во внатрешноста на Македонија. Како колонија Пела уживала италско право. Ја освоиле Готите во 478 година н.е.

Лихнида, главен град на охридско-преспанскиот географски комплекс, западно од земјата на Енхелејците, припоен на Македонија од Филип II, 358 п.н.е., бил силен културен и стопански центар на Горна Македонија. Во раноримскоит пеиод, на макгистралата Via Egnatia, добил самоуправа, додека во царскиот период станал седиште на епископијата. Многу археолошки наоди ги потврдуваат историските податоци за богат град каде пријатно се живеело и за силни природни утврдувања кои се спротиставувале на наездите на Теодориховите Готи, на крајот на V век. Во списокот на епископите, Лихнида се споменува и во XII век.

Едеса (Воден), во Ботиаја, во Долна Македонија, во текот на римските освојувања била еден од најстарите и најистакнатите градови во Македонија. Сè до кралот Архелај (413-399) била државен центар, кога престолнината на македонските владетели се преместила во Пела. Во римскиот период се наоѓала на магистралата Via Egnatia, бил голем и напреден град и имал свои ковани пари. Покрај тоа, во Едеса била развиена трговијата, а од овој град се мерела километражата. Својот идентитет и име, Едеса (од македонско потекло) ги сочувала за време на сите напади во средниот век, сè до денес.

vodenski-vodopadi
Воденските водопади

Стоби на устието на реката Еригон (Црна) и Аксиј (Вардар), бил најголем административен, економски, културен центар на Северна Македонија во рим-скиот период. Во почетокот на доаѓањето на Римјаните, градот бил големо пазариште на сол и силен гарнизон на римските легионери за заштита и ширење на Империјата. Со време, Стоби се нашол на значајни магистрални патишта. Околу 30 п.н.е. станал муниципиум, со право на ковање пари. Жителите на овој град стекнале римско граѓанско право, како привилегија која ја имале некои други градови во Македонија. Во текот на христијанизацијата, Стоби веќе во 325 н.е. станал епископско седиште, а нивниот епископ бил многу почи-туван и зел учество во Никејскиот собор, во Никеја во 325 н.е. Овој собор бил најсилна и историски најзначајна христијанска манифестација во Константиновиот период. Тоа бил прв во низата вселенски собири кои ги создале темелите на христијанската црква. И подоцнешните епископи од овој град биле многу активни на разни црквени собори сè до 692 година. Стоби во својата историја го сочувал македонскиот јазик и култура покрај италската колонија и големите римски урбанистички достигнувања, кои се откриени во последните археолошки истражувања. Кон крајот на IV век градот доживеал силен земјотрес, но брзо бил обновен. По окупацијата и ограбувањето од страна на Готите, во околу 500 н.е., била изградена величествена базилка. Во средновековните извори Стоби не се споменува. Денес претставува археолошки локалитет.

Тесалоника (Солун), во богатата и густо населена област во Долна Македонија, Мигдонија, е еден од главните македонски градови во римскиот период. Бил дограден и утврден од александровиот генерал, подоцна крал на Македонија, Касандар, 315 п.н.е., во чест на својата сопруга Тесалоника, ќерка на Филип II. Солун опфаќал околу 26 воени антички населби, меѓу нив Терма, Кисос, Аполонија, Халастра, Аинеја и други. За време на Римјаните имал голем број жители (Ливије, XLV, 30).

stobi
Крстиница во Стоби

Благодарејќи на својата одлична геополитичка положба, добро пристаниште на Егејското Море, на вертикалната и хоризонталната магистрала на Балканот, со трговска традиција и вредни жители, Тесалоника станала срце на целокупниот општествен, административен, воен, стопански и културен живот на Македонија и седиште на римската управа Провинција. Во периодот на подоцнешното царство и раното христијанство, градот станал центар на духовниот и верскиот живот на Македонија и поголемиот дел на Балканот.

За животот и развојот на Тесалоника како метропола, постои огромна литература, археолошки податоци, епи-грамски наоди и други материјални елементи. Интересни се некои кажувања на Плутарх. По победата во војната кај Филипа (во есента 42 н.е.), во најзначајниот град на Источна Македонија во римскиот период, победниците над  Брут и Касиј, Марко Антонио и Гај Цезар, му доделиле на Тесалоника статус на слободен град, заради услугите и верноста.

Спротивно на тоа, Брут им ветил на своите легии дека ако добро се пока-жат во бојот, ќе им препушти да го ограбуваат Тесалоника колку што им е драго (Плутарх, 466, 46). Овој статус останал неколку векови подоцна. Римската посада е поставена дури со појавата на Готите, околу 250 година, кога градот добил статус на колонија.

Во периодот на Византија, значението на Тесалоника растело сè повеќе и станал втор град, Константипол. Во тоа време градот станал седиште на перфектите и егзархатите за Илирик, седиште на метрополијата на Македонија, петто по ранг после римското, александриското, цариградското и антиохиското.

solun
Тесалоника (Солун)

Со постојаниот растеж на трговијата и поморството, Тесалоника станала едно од главните пристаништа на Империјата, центар на културата, образованието и науката. Како главен македонски град, благодарејќи на одличните утврдувања и положбата, успешно се спротиставувал на постојаните наезди на средновековните варвари и го преживеал, без поголеми потреси, пропаѓањето на античкиот свет.

Продолжува

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top