Култура и туризам

Репортажа – Река – најубава во мај

reka1

reka1

Ако сакате да се одморите, да уживате во прекрасните природни убавини, дојдете во Река за да ја насладите душата, да си дадете оддишка од напорната работа, да ги наполните „батериите“… итн., ве покануваат долнореканци

Киро Кипроски
Фото: Дарко Цветаноски

Сончевите зраци се обидуваа да го осветлат кањонот на реката Радика. Горостасниот Кораб веќе го пече мајското сонце уште во раните утрински часови. Застануваме стотина метри пред месноста Трница, од правецот кон Дебар. Глетката е импресивна, неповторлива, ја регистрирам со фотоапарат да остане за спомен. Пред нас бујна вегетација, зеленило за милина, кога очите ги дигам кон височините гледам како шумата почнува да се буди, додека врвовите на Кораб се под дебела снежна покривка, од каде што сончевите зраци се одбиваат и ја плискаат околината.

reka2

Продолжуваме. Внимателно возиме во правец кон Дебар, на патот има ударни дупки, на места и одрони на камења. Автомобилот се движи пополека, а ние уживаме во природните убавини на долината. Не знаеме каде да ги насочиме очите, лево или десно или пак право. Од двете страни на патот се издигнуваат планините, на места карпите се надвиснати на патот. Стигнуваме на месноста „Состав на реките“, од Шар Планина извира реката Радика, а во неа се влеваат и некогашните реки Мавровска, Леунска, Ниќифорска, кои се акумулираат во Мавровското Езеро, од испустот на браната на Мавровското Езеро, течат по вековното корито и се влеваат во Радика.

Рајска убавина на Долна Река ја надополнува и македонското древно духовно светилиште Бигорскиот манастир, со обновата на изгорениот Горен палат, со изградбата на Источен палат и на други објекти, сосема наликува на светогорскиот манастири. Последниве години посетеноста на „Бигорски“ е мошне големо.

„Во деновите на викендот посетеноста е голема. Преку илјада лица доаѓаат во посета на манастирот“, вели монахот Евросим. Исто така, гостинските соби во кои можат да се сместат 80 до 100 лица, постојано се полни.

Од монахот дознаваме дека за домашните гости ноќевањето е бесплатно, а странските гости за ноќ плаќаат по 10 евра.

reka3
Ростуше, Битуше, Дуфски водопад

На спротивната страна на „Бигорски манастир“ се наоѓа општинскиот центар на Општина Маврово Ростуше, село Ростуше. Наша цел е да го посетиме водопадот Дуф. Пред да се влезе во селото, на 50 метри од Здравствениот дом „Д-р Русе Бошковски“, на почетокот на пешачката патека за водопадот Дуф, се наоѓа информативна табла со неколку фотографии и текст со кој туристите се запознаваат со основните карактеристики за оваа природна убавина и реткост.

reka4За триесетина минути пешачење по обележената и обезбедена планинарска патека и минати 1.020 метри, стигнавме кај водопадот Дуф. Пешачењето низ Дуфскиот кањонот беше возбудливо и интересно. Да се престојува во овој бисер на природата, во Националниот парк „Маврово“ е посебно доживување. Жуборот на пенливите води, кои во мај, се најбујни поради топењето на снегот на планината Дешат, престојот го прават уште повпечатлив. На патеката има неколку клупи и масички за одмор. Амбиентот е волшебен со зборови не може да се опише. По секои изминати стотина метри, ако на почетокот на патеката е рамна и задоволство да се оди, но има и движење по угорници, искачување на благи стрмнини, па спуштање надолу, движење по реката, минување низ четири дрвени мостови. Низ целата патеката, каде што има потреба, од страната на кањонот има дрвена ограда за безбедност на посетителите.

Дуфскиот водопат е висок околу 28 метри. Глетката импресионира. Водата создава долга бела завеса, водата која паѓа од стрмната карпа се разнесува на оддалеченост на повеќе од дваесетина метри, при што причинува посебно задоволство и восхит на невообичаената појава. Стоејќи пред водопадот и гледајќи го паѓањето на водата од над дваесетина метри, за само неколку минути природно ќе бидете искапени. Ова особено е пријатно во летните месеци кога има пеколни горештини.

Пред повеќе од половина век водите од водопадот се користеле за добивање на електрична енергија во најстарата хидроелектрична централа во Македонија. Но, за тоа сведочат напуштените канали. Во минатото, во бистрите води на реката, ростушанки на пролет и на есен ги переле јамболиите, клашните, облеката…

Во ресторанот што се наоѓа сред село, во Ростуше, е собиралиште на ростушани и на гостите кои престојуваат во овој регион. Сопственикот на ресторанот ни вели дека последниве години особено во периодот мај – септември, зголемена е посетеноста на водопадот Дуф од домашни и странски туристи, а со тоа и прометот во кафеаната. Според него тоа не е доволно. Недостасува поголема и офанзивна реклама, за овој дар на природата да биде уште попосетен. На патот беа поставени повеќе дрвени кошници за отпадоци и импресионира што хигиената е на висина. Не забележавме расфрлани отпадоци на лименки од пијалаци, конзерви, пластични шишиња, отпадоци на амбалажа на производи, остатоци на не изедена храна, коски и сл. Хигиената е на висина што е за секоја пофалба на екологистите од овој крај кои се грижат за водопадот.

Еднодневната тура со колегите ја завршивме со посета на прекрасното Битуше, на Митре Рафајлоски, што се наоѓа под горостасниот Крчин, на надморска височина од околу 1.000 метри.

Битуше е село со збиен тип во кое има 120 куќи, со мијачка архитектура, а во нив постојано живеат 50 лица, претежно пензионери, а пред повеќе од половина век живееја околу 800 лица.

reka5
Една црква во две држави

Над селото Битуше, кај некогашната караула се сретнавме со битушаните Зоран Мирчевски и Јаче Сиџимоски, кои се враќаа од прошетка.

„Посетете го соборниот храм ’Архангел Михаил‘, што се наоѓа сретсело, во кое се наоѓа вреден иконостас, фрески, вредно дело на мијачките иконописци“, ни вели Мирчески и додава: „Во месноста Добје, на источната страна е црквата ’Св. Илија‘, а на 3-4 км од селото во месноста Покладиште е црквата ’Св. Спас‘. За Преображение, 19 август, со векови битушани го посетуваат храмот ’Преображение Христово‘, што се наоѓа на македонско-албанската граница“, се вклучи во разговорот Сиџимоски, кој ни појаснува дека границата минува низ средината на црквата. Влезот е од албанска страна, а олтарот се наоѓа во Македонија. Пред неколку години битушани изградија црква под самата граница, со цел да можат и во други периоди од годината да го посетуваат храмот.

Пред нас се издигнува горостасниот Крчин (2.342 м), на кој се’ уште има дебели наслаги на снег, а од височините има неколку водопади кои пејзажот го прават посебен. Вегетацијата се’ уште е во развој, зеленилото и горските цвеќиња ги има на секаде. Од мината година започна реконструкција на некогашната караула, со препознатливата мијачка архитектура.

reka6

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top