Венко Филипче повторно се обидува со конструкции, манипулации и лажни тези да ја дефокусира јавноста од фактите. Но, колку повеќе зборува, толку повеќе станува јасно дека неговата политика се темели на страв, дезинформации и празни обвинувања.
Филипче лажеше за мигранти. Лажеше дека државата ќе банкротира. Лажеше дека Буџетот е празен. Лажеше за ИПАРД фондовите. Лажеше за Реформската агенда и за изјавите на Томас Вајц. Практично, нема тема на која Филипче не се обиде да ја изманипулира јавноста.
Наместо аргументи, СДС и Филипче нудат паника. Наместо решенија, шират страв. Наместо одговорна опозиција, гледаме очајнички обиди да се негира секој успех на Владата, дури и кога тој е потврден од европските институции.
Најголемиот проблем на Филипче е тоа што фактите не му одат во прилог. Македонија не банкротираше, Буџетот не беше празен, европските средства не се изгубени, а Реформската агенда доби конкретна финансиска поддршка.
Затоа граѓаните со право прашуваат: ако Филипче толку пати ја излажа јавноста, зошто сега некој би му верувал?
СДС може да продолжи со истата стара матрица на лаги и манипулации, но Македонија оди напред. А вистината, колку и да им пречи, секогаш излегува на виделина.