Фељтон

Период на селидбите на народите во светот (30)

feljton30-1

feljton30-1

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

На судбината на Источното римско царство (ИРЦ) многу ќе влијае уште еден крупен елемент. Тоа е големата преселба на народите на европскиот континент, меѓу кои значајно место заземаат Готите во IV век, Хуните и Аварите во V век и Словените во VI век.

Со доаѓањето на Јужните Словени на Балканскиот Полуостров, со нивното населување, уште еднаш се повторува историјата на овие простори, со праисториската преселба на Дорците, Илирите и Епирите, пред околу 1700 години. Претците на македонските Словени, Срби, Хрвати и Бугари, за еден век од корен ќе ја изменат етничката и политичката рамнотежа на Византија на Балканот.

Од кажаното, може да се воочи дека главните елементи кои ги карактеризираат ИРЦ или Византиското царство биле следните: креирано е на традицијата на римското државно уредување, со императори од балканското поднебје, на столбовите на новата, монотеистичка-христијанска религија, на достигнувањето на „македонскоелинистичката“ култура и во услови на населување на Јужните Словени. античките Македонци во овој период, сè повеќе земале учество во управно-административните органи, во војската, стопанството, христијанизацијата, црковната управа и друго и ги внесувале своите интелектуални потенцијали. Благодарејќи на тоа, тие ја наметнале и ја создале Македонската династија, која владеела околу 200 години и создале епоха на најголем подем на Византиското царство.

feljton30-2

„Елинистичката“ култура пред сè била култура на македонскиот комонвелт. Говорот на таа култура бил јазикот на Александар Велики, т.н. Александров коини, кој владеел со „елинистичкиот“ свет до III век п.н.е. до VI век н.е., полни 900 години. Тој тоа го сторил преку македонските кралства, а пред сè преку библиотеката во Александрија, која била центар на културата на тогашниот свет. На овој јазик биле обележани сите историски, научни, политички, економски и други достигнувања. Ѓраѓаните на ИРЦ себе си се нарекувале Римјани-Ромеи. Називот „Византија“ е од поново време и потекнува од историографите по XVI век. Самите „Византијци“ не го познавале (Остогорски, 1969, стр.49).

Првите информации за Словените потекнуваат од римски автори од I век. Словените се народ со индоевропско потекло. Нивната преселба од областа Курган е многу сложена од оној бурен период кој почнува со големите наезди на народите во правец на Европа. Истражувањата утврдиле дека околу 15 векови нивната прататковина се наоѓала на просторите на источноевропските рамници, Украина, Белорусија, Јужна Полска и Карпати. Во прасловенската заедница се зборувало со единствен словенски јазик, или т.н. старословенски јазик.

Денешните Словени од страна на Херодот биле идентификувани како Анти-односно Скити. Меѓутоа и пред него, староегипетскиот, подоцна арапски назив за Словените бил Сакалаби или Сакалаши. Према Childe (1927, 63, 72), Сакалашите спаѓале во „Северните народи“-Бореи. Овие информации се сочувани во Хетитските документи за време на кралот Мурсила II (1345-1315) и египетскиот фараон Рамзес II (1317-1251). Овој етноним повторно се јавува во време на царот на Источното римско царство, Јустинијан II (685-711), кога     околу 20 000 војници Словени-Сакалиби, се предале на Арапите во Мала Азија, за време на немирите во Византија.

Херодот (IV, 1-31) за Скитите зборува како за голем, воинствен и многу распространет народ, кој живеел во јужните предели на Источна Европа, меѓу Дунав, Панонија и Карпатите, Црното Море, Каспиското Езеро и понатаму. Историчарите изнесуваат дека Скипите живееле номадски живот, биле многу подвижни, т.е. биле „скитници“, па и етнонимот Скити со словенско потекло, е адекватен на нивниот начин на живеење. Нивната земја била означена како Скитија. Етимолошкиот назив ѝ припаѓа на палеобалканската глосологија, а од страна на грчкиот етимолог Mpampiniotis (1998, 1635) е означен како со непознато потекло. Понатаму, Херодот ги дели Скитите во три групи: елински Скити (кои им биле познати ним), Скити земјоделци во Украина и кралски Скити-поисточно. Понатаму вели дека Подунавските Скити принесувале жртви на божицата Артемида, која им припаѓала на Хиперборејците.

Личното име Скит кај Ксенофонт (430-355) го означува скитскиот крал, додека кај Херодот, прататко на Скитите. Во Атина Скитите биле градски стражари, а нивниот начин на војување бил познат во подоцнешната воена наука како „скитска тактика“, применета против Дариј, Наполеон и Хитлер.

Некои Скити своето потекло го врзувале за богот Зевс (Дунав) и ќерката на реката Бористена (Дњепар), додека други за Херакло со кралицата на земјата која се викала Хилеја. Основата на зборот е хиле-дрво, дрвја, шума и зборот полн со дрва, шумовит, а Хилеја би се превела како Шумадија.

feljton30-3

Според Херодот (IV, 8) „… по кажувањата на Скитите, Херакло гонејќи ги Горионовите стада, дошол до таа земја (Хилеја), која била ненаселена, а во која сега живеат Скитите. А самиот Герион не живеел на Црното Море, туку во Океана, на еден остров кој Елините го нарекувале Еритеја, зад Херакловите столбови, во близина на Гадира… И кога Херакло дошол во земјата која сега се вика Скитија, а бидејќи ги фатила зима и мраз, тој облекол кожа од лав и заспал, а коњите од неговата кола, кои во тоа време се наоѓале на пасење, исчезнале на таинствен начин.“

Додека Херакло спиел, кралицата на Скитите Ехидна, ќерка на Форк и Кетина, или ќерка на Тартар и Геја, огромна змија со убава женска глава (Хесоид, Тх., 295), му ги грабнала коњите. Кога јунакот се разбудил, ги барал коњите, ја обиколил цела Скитија, па на крај во една пештера наишол на Ехидна. Таа на Херакло му ја признала кражбата на коњите, но не сакала да му ги врати сè додека тој не се согласил да се соедини со неа и да ја обљуби. Пред заминувањето на Херакло со коњите од земјата на Скитите, Ехидна му рекла дека под срцето ги носи неговите три сина и го прашала што да прави со децата кога ќе пораснат. Тогаш јунакот ѝ ги предал на Ехидна својот лак и појас на кој висел сад и ѝ дал упатство кога децата ќе пораснат, оној кој ќе може да се опаше со појасот и да го затегне лакот, да го остави во земјата, а оние кои нема да можат да го сторат тоа, да ги прогони од светот.

По одењето на херакло, Ехидна родила три сина: Агатирс, Гелон и Скит. Кога синовите пораснале, Ехидна сторила сè онака како што ѝ било речено. Бидејќи Агатирс и Гелон не можеле да го затегнат лакот и да го опашат неговиот појас, мајка им ги протерала од земјата, а најмладиот син кој тоа го сторил, го оставила во земјата на Скитите. Од овој Хераклов син Скит потекнуваат сите подоцнешни скитски кралеви.

Неговите постари браќа станале епонимни херои на народите Агатирси и Гелони.

Агатирсите од палеобалканската глосологија чесен, добар, племенит во историјата се сметани како Скити кои живееле во денешна Источна Унгарија во Ердеља.

Гелоните од палеобалканската глосологија главкс, гелос, гело-горд, весел, срдечен, со добра волја, смешен се народи во европска Сарматија, без одредени граници. Ним им припаѓале Језитите, кои во време на Римското царство жител на Тиса-Потисје и Среден Дунав, во Панонија. Тие во текот на III-IV век н.е. паднале под власта на Готите и Хуните, а подоцна во историјата им се губи трагата.

Продолжува

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top