Фељтон

Словените ги „асимилирале“ Елините во Елада (31)

sloveni1

sloveni1

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Описот на Херодот од V век ни беше една од ориентациите на основа на лингвистичките и други истражувања да ја лоцираме татковината на Скитите, тие демонизирани словенски „скитници“, во Потисје, Средно и Долно Подунавје. Тие не се само митолошки народ, во врска со Херакловите авантури по Дунав, кои Ератостен ги одредува во 1261 п.н.е., туку и историски, кога во 512 п.н.е. ја осуетиле Дариевата офанзива и окупација на нивната земја.

Подоцнешните писмени извештаи за Словените се однесуваат на I и II век н.е. кај римските историчари Тацит (55-117), Плиниј (23-79), Птолемеј (II век) и други, кои Словените ги нарекувале Венди. Пообемни писмени извештаи за Словените наоѓаме дури кај византиските писатели од VI век, од страна на Прокопиј (?-562), Маврикиј (539-602) и други, кои Словените ги нарекувале: Анти, Словени, Славени, Винди, Венди, Венети, Винити, Наври итн.

Етнонимот на Словените потекнува од зборот слово, „божјо слово“ (logos, беседа, збор), додека Славени од зборот   слава   („докса“, „глориа“).

Во средниот век, заради непријателските односи со Источното римско царство, византиските писатели зборот Словен, во пејоративна смисла го преиначиле, во почетокот во Стлавен, а потоа буквата т ја замениле со к,па добиле нов збор, Склавен (Склавос) што значи роб (Mpampiniotis, 1998, 1628).

Врвот на доминацијата на словенските народи дошол од страна на царот на Источното римско царство, Константин Порфирогенет (913-957) во неговото Упатство до синот Романо, како управител на царството (De administrando imperio), каде Словените се именувани како Склавиробови. А ова, заради единствената цел на Византија да ги понижи Словените, да го разбие нивниот отпор, да ги уништи нивните богови и да го уништи нивното минато, култура и иторија. Така, во сите нивни настојувања ги потенцирале етнонимите Скити и Сармати и нивното исчезнување.

Во V век Словените биле под окупација на Хуните, номадски народ од евроазиските степи. Нивното огромно царство се простирало од Каспиското Море до Рајна. По ненадејната смрт на нивниот цар Атила (453година), тоа почнало да се раслојува на шарена слика на тукушто ослободените народи, со што почнува и нивната историја. На Среден Дунав, во Панонија, биле Германите и тоа: западно од Тиса Лонгобардите, додека источно Гепидите. На левиот брег на Долен Дунав, во Склавинија (во Дакија и Влашко) биле Јужните Словени. На степите на јужна Русија биле Бугарите (Obolensky, 1991, стр.53).

sloveni2

Заради демографската експанзија дошло до ширење на Словените од Карпати на сите страни на светот, што почнува уште во првото столетие на н.е. Словените на север се населиле до Балтик, на запад до Централна Европа (Баварија, Австрија и Јадран), на југ преку Дунав до Пелопонез и Крит, а на исток преку Урал и Сибир до Пацификот, Каспиското и Црното Море.

Оваа огромна наезда го навестила крајот на античкиот свет (Елини, Македонци и Римјани) и отварање на вратата на еден нов свет каков што Европа го познава денес (Conte, 1984).

Во византиската историја Словените се познати под следните имиња: Венети (Западни Словени), Анти или Антаи (Источни Словени) и Склавини (Јужни Словени). Венетите или Венедите се населиле источно од Алпите, во Моравската долина на Одра. Антите се познати на просторите од Бесарабија до Доњец. Тие подоцна се наречени Руси. Со нив блиску поврзани биле Склавините на долниот дел на Дунав, предци на балканските или Јужните Словени.

Проверените упади на Јужните Словени на териториите на ИРЦ на Балканот, преку Добрудже, Моравско-Карпатските врати и Тиса, почнале рано во VI век, во време на царот Анастасиј I (491-518) и Јустин I (518-527). Тие во време на царот Јустинијан I (527-565) попримиле огромни размери, така што Словените го преплавиле целиот Балкански Полуостров (Остроговски, 1969, стр. 90, Обелески, 1991 стр.55). Рановизантискиот историограф Прокопие (551) од Цезарија во Палестина, современик на Јустинијан, дал многу важни податоци за Словените и нивното продирање на Балканот. Тој наведува дека Склавините, Антите и Хуните (Бугари), речиси секоја година откога Јустинијан го презел Римското царство, ги пустошеле Илирија и цела Тракија од Јадранското Море до Цариград, вклучувајќи ја и Елада, и покрај околу 600-тините силни утврдувања.

sloveni4

Во истиот период, во степите на Средна Азија, се случувала нова ерупција на преселби на народите. Бегајќи пред Турците, Аварите, номади со монглоско и турско потекло, населени северно од Кавказ, стасале до долен Дунав, во околу 561 година и се населиле на просторите на денешна Унгарија. Ломбардите се преселиле во Италија во 568 година. Здружени со Словените, Аварите го одредувале ритамот на преселбите на Словените на Балканот (Obolensky, 1991, стр.62).

Понатамошните пишани сведоштва за Словените на тлото на Балканот, потекнуваат од црковните достоин-ственици во „Чудата на Св. Димитрие Солунски“ и „Ис-торијата на црквата“. Во поглавјето за Словените на епископот Јован Ефески (584), се изнесува дека првите силни напади на Словените и Аварите по должината на среден Дунав, биле на градот Сирмиум (Сремска Митровица), кој по двегодишната опсада бил освоен во 582 година. Потоа, аварско-словенските освојувања се развивале во три правци, и тоа јужно од Егејското Море, југозападно од Јадран и југоисточно од Цариград.

Опишувајќи го карактерот на наездата, Јован Ефески истакнува: „Овој проклет народ кој се вика Словени, ја прегази цела Елада, земјата Тесалија и цела Тракија, освои градови и зазема голем број тврдини сè до Цариград …Тој ги окупира Пелопонез, Епир и Македонија“.

За нивното молскавично напредување сведочи и фактот дека Тесалоника (Солун) првпат бил опседнат во 586 година, т.е. две години по заземањето на Сирмиум. Растојанието меѓу овие градови изнесува 950км. Градот Салона бил срушен во 620 година, додека Крит бил нападнат во 623 година.

sloveni3

Во „Монемвазиската хроника“, од втората половина на X век, се опишува превласта на Словените во Ахеја и на Пелопонез од крајот на VI век до почетокот на IX век. Таа бележи дека превласта почнала во 587 година и завршила во 805 година (Charanis, 1950, стр. 139-166). Исто така се наведува дека елинското население бегало пред Словените во планините на Лаконија, во приморското утврдување на градот Монемвасија, по островите на Егејското Море, во Јужна Италија и на Сицилија. Словените се населиле на островите на Егејското Море: Тасос, Самотраки, Самос, Крит (623 година) и на јонските острови: Крф, Закинт и други.

Византискиот цар и историчар Константин VII Порфирогенит (913-957) истакнува дека елинските земји уште во средината на VIII век, после чумата во 746-747 година, биле потполно словенизирани. Тоа го потврдуваат и многу други историчари. Острогорски на пример, (1969, стр. 197), го наведува цитатот на бискупот Willibaldi, (околу 723-728), кој на пат за Палестина застанал во Монемвасија, на Пелопонез и констатирал дека тој град се наоѓа во „словенска земја“ (in Slawina terrae). Словенските племиња Мелинги и Језерити, кои доминирале на Пелопонез, воделе борба против Византија во 783 и 805 година, кои продолжиле и за време на подоцнешните векови со Франција, во XIII век и Турците (Georgacas, 1950). Цитирајќи го историчарот Zan-Filip Falmrejerai Conte (1986, стр. 44) ги потенцира неговите зборови „дека Словените во потполност го заменило првобитното елинско население и ниедна капка грчка крв не тече во вените на денешните жители на Грција“.

Продолжува

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

Мијаците под османлиска и српска власт

Улогата на селските првенци Мијачките населби имале свои првенци – познати и влијателни луѓе што посредувале меѓу населението и државната власт. Меѓу личностите што ги споменува Трајчев се Томо Ќаја, Ѓурчин и Сарџо. Нивниот авторитет не произлегувал само од материјалната состојба. Тие биле одговорни за одржување на редот, решавање спорови и заштита на интересите на […]

ОРЕШЕ – МИЈАЧКА КОЛОНИЈА ВО СРЦЕТО НА АЗОТ

Земјоделци, мајстори и чувари на мијачката традиција По описот на Папрадиште, Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“ се осврнува и на соседното Ореше. Двете села ги претставува како една поширока мијачка заедница создадена во областа Азот, во југозападниот дел на Велешко. Според податоците што ги пренесува авторот, Ореше било населено со мијачки семејства доселени […]

МИЈАЦИТЕ ОД ПАПРАДИШКАТА КОЛОНИЈА НЕ ПОДЛЕГНАА НА СРПСКОТО ЗЛАТО

Отпор против туѓата пропаганда „Последните години од турскиот режим Папрадиште беше често тероризирано, но Мијаците не подлегнаа на српското злато, ниту се уплашија од теророт на српските чети и го зачуваа своето национално чувство“ – пишува Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година. Меѓу мијачките населби на кои Трајчев […]

Карактерот и семејните вредности на Мијаците

Воздржаност, достоинство и добронамерност Во својата книга за Мијаците, Георги Трајчев го опишува Мијакот како воздржан, молчелив, добронамерен и благ човек, подготвен да помогне некому во неволја. Во неговиот опис, особено место заземаат чесноста, почитувањето на дадениот збор и грижата за семејниот углед. Воздржаноста не подразбирала отсуство на чувства. Тие најчесто се изразувале во семејниот […]

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

Најнови вести

To top