Коментари

Цинично е СДС денес да глуми грижа за младите

Свекрва

Богданка Кузеска, портпаролка на СДС, оценува дека Македонија се наоѓала пред многу важен момент за нејзината иднина и дека не смеела да остане настрана.

Според неа, „најголемата цена ќе ја платат младите“. Таа додава дека младите ќе продолжеле да ја напуштаат државата, а Македонија ќе останела заглавена во изолација, без перспектива.

Кузеска тврди дека младите биле разочарани, дека немале време за губење и дека не верувале на зборови, туку барале дела и промена на системот.

Најверојатно, СДС под „промена на системот“ мисли повторно враќање на власт, за да продолжи истата негрижа за младите и за државата.

СДС денес глуми загриженост за младите, но граѓаните добро паметат што се случуваше за време на нивното владеење. Токму тогаш илјадници млади луѓе ја напуштаа Македонија, секојдневно, во полни автобуси, најчесто во еден правец – без намера да се вратат.

Затоа, смешно и цинично е денес СДС да зборува за грижа за младите.

Од каде одеднаш таква загриженост, кога додека беа на власт не создадоа услови младите да останат, да работат, да напредуваат и да ја градат својата иднина дома?

СДС сега се обидува да прикаже дека младите ќе ја плателе најголемата цена, дека ќе продолжеле да ја напуштаат државата, а Македонија ќе останела без перспектива, со ниски плати и низок животен стандард.

Но, токму таквата слика беше резултат на нивните политики, нивната неспособност и нивното отсуство на вистинска грижа за младите генерации и за иднината на државата.

СДС имаше можност да покаже грижа кога беше на власт кога младите масовно заминуваа од државава, најверојатно тогаш во СДС немаа време за младите, беа зафатени со местење тендери и обезличување на Македонија.

Затоа денешната нивна „загриженост“ не звучи искрено, туку како уште еден обид за политичко лицемерие.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top