Култура и туризам

Од хоби до капитално дело – Голем германско-македонски речник

recnik1

Круна на долгогодишна работа на авторите, брачниот пар Нина Димитрова-Шмигер и Роланд Шмигер од Берлин, пред неколку месеци излезе од печат досега најобемниот и најмодерен Голем германско-македонски речник.

recnik1

Речникот, во издание на издавачката куќа „Буске“ од Хамбург, содржи четири тома и опфаќа вкупно над 3.800 страници. Тоа се приближно 129.000 заглавни единици. Цели 18 години брачниот пар Нина Димитрова-Шмигер и Роланд Шмигер работеа на неговата изработка.

Освен самиот речнички дел, во прилог се наоѓаат обемни табели како за германската, така и за македонската граматика. Тие им соодветствуваат на граматичките упатства во самиот речнички дел.

„Се стремевме во речникот да го вклучиме како секојдневниот јазик, така и терминологијата на многубројни струки и науки, како на пример биологија, хемија, физика, музика, медицина, политика, географија, геологија, економија и право. Освен тоа, речникот содржи голем број географски називи. Во многу случаи употребата на зборовите се илустрира со примери и фразеолошки единици. За разлика од повеќето речници, не ги избегнувавме ниту вулгарните зборови. Тие, според нас, се исто така составен дел на еден јазик и мора да бидат одразени во едно такво обемно дело“, истакнуваат Нина и Роланд.

Делото на двајцата лингвисти има интересна историја. Почнало како еден вид хоби, а прераснало во производ вреден за секаква почит.

Славистот Роланд, за време на студискиот престој во 1988/1989 година во Скопје, ја запознал Нина, тогаш асистентка на Катедрата за македонски и југословенски јазици на Универзитетот Кирил и Методиј. Љубовта ја крунисале со брак, Нина го напуштила работното место и заминала во Германија, каде од почетокот на 1990-те години Роланд почнал да работи како преведувач и толкувач. Во неговата работа се појавила голема потреба од речник што покрива различни сфери.

„Дотогаш постојните речници ни оддалеку не ги задолуваа тие потреби. Тоа беше во средината на 90-те години. Тогаш сè почна со собирање еквиваленти на стручни термини што ги среќававме во преведувачката работа, а ги немаше во речниците. Набргу потоа почнавме и насочено да бараме зборови. Не го избравме класичниот пристап за изработка на речници. Обично цели тимови собираат со години речнички материјал, ексцерпирајќи најразлични писмени извори. Потоа резултатите се алфабетизираат и од нив се прави речник.

Ние почнавме од А, па збор по збор продолжувавме до последната буква на речникот. Притоа како скелет се водевме по зборовниот состав на германскиот правопис, “Duden”. Преводните еквиваленти ги баравме насочено.“

recnik2

Долгогодишна макотрпна, но ентузијастичка работа

„Во почетокот, кога уште не постоеше интернет, тоа беше многу макотрпна работа. Користевме речници на сродни јазици, на пример српски, хрватски и бугарски, за да најдеме сугестии какви решенија да избереме. Освен тоа, ексцерпиравме безбројни извори, како на пример учебници по физика, хемија, биологија, анатомија итн., за да натрупаме богат материјал од стручни термини. Исто така, се обраќавме до стручни лица од разни сфери со молба за терминолошка помош“, велат Нина и Роланд.

Брачниот пар Шмигер, со различен интензитет, главно во вечерните часови и во слободното време, на речникот работел цели 18 години.

„За тој период потрагата по зборови ни прерасна во навика, да не кажеме во манија. Веќе не сме во состојба да гледаме филм, да слушаме вести или да читаме книга без потсвесно да ги скенираме текстовите од гледна точка дали содржат некоја вредна единица за речникот.

Секако, во текот на годините работата се олесни. Од една страна, нашето искуство се зголеми, од друга страна, појавата на интернет со своите безбројни извори на информација и брзиот пристап до нив ни помогнаа многу. Во прилог, освен интернетот и неговите можности, ни одеше праксата на Роланд како професионален толкувач и преведувач. Редовното соочување со законски текстови, договори, административна дописка и слични жанрови ни го отвори достапот до голем број лексички единици“, дополнуваат авторите.

recnik3

Тешка завршница – наоѓање издавач

Со оглед што за германскиот јазик во Македонија постои се‘ поголем интерес, што е и разбирливо ако се земе во предвид ориентацијата на земјата кон ЕУ и стопанските врски со Германија, „моторот“ на Унијата, би се очекувало во земјата да постои интерес за издавање на овој речник и негово пречекување со раширени раце. Но, искуството на сопружниците Шмигер е горчливо.

„Ние сакавме да го издадеме речникот во Македонија, каде што е најголем бројот на потенцијалните корисници. Преговаравме со издавачка куќа, која имаше желба да се нафати со издавањето на нашето дело, но финансиите не дозволија да се издаде таков огромен труд кој, сепак, не може да се очекува да се продаде во некој огромен тираж. На крајот на краиштата, пропадна проектот. Почнавме да бараме издавач во Германија. За среќа, издавачката куќа ’Буске’ од Хамбург покажа интерес и нашиот труд конечно виде бел свет.

Чувствуваме големо олеснување што долгогодишните напори доведоа до видлив и опиплив резултат. Меѓутоа, истовремено жалиме многу што речникот, со оглед на тоа дека е издаден во Германија, само тешко ќе си го пробие патот до потенцијалните корисници во Македонија. Тоа е навистина капка пелин во чашата на радоста од успешно завршената работа“, истакнуваат Нина и Роланд.

Со оглед на тоа што поради малиот тираж не добиваат хонорар за продаден примерок од речникот, тие немаат ни информација како се продава делото. Но, сепак за нив е утеха што доста научни институции и библиотеки во земјата и во странство го купиле речникот.

„На пример германската амбасада во Скопје ѝ подари на Катедрата по германски јазик при Скопскиот универзитет ’Св. Кирил и Методиј’ два комплета од речникот за работата на научниците и на студентите. Тоа ни влева надеж дека, сепак, нашиот труд ќе си го најде патот до заинтересираните лица“, велат Нина и Роланд Шмигер.

DW

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top