Фељтон

Мисијата на македонските светители Кирил и Методиј (36)

kiril-i-metodij

kiril-i-metodij

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Во времето на Источното Римско Царство, Голема Моравија ги прифаќала териториите на Централна Европа, од Регензбург до Тиса и од Драва до средниот тек на Лаба и Висла, т.е. денешни Чешка, Словачка, Унгарија, јужна Полска и Лужица. Бидејќи во 855 година Западните Словени се ослободиле од германската превласт, но останале под мисионерска активност на ирско-шкотските и германските мисионери на Баварија и под црковна јурисдикација на салзбуршкиот архиепископ, уште од 798 година, а проповедите биле на неразбирливите латински и германски јазик, па кнезот Ростислав се обратил за помош до ИРЦ.

По заседавањето во Цариград, царот на ИРЦ, Михајло III решил да му ја исполни желбата на Ростислав и за Големоморавската мисија, како најкомпетентни личности ги одредил Солунските браќа, Константин-Филозоф и Методиј. Од житието за Константин (глава 14) се гледа многу интересен разговор меѓу Константин-Филозоф и царот Михајло III, каде тој вели: „Оди, земи го со себе и својот брат, игуменот Методиј, зашто вие сте солуњани, а сите солуњани зборуваат словенски (македонски)“. Константин-Филозоф одговорил: „Ќе одам таму ако имаат писмо за својот јазик. Мојот дедо и татко, и многу други, барајќи го тоа, не го нашле. Како тоа јас да го пронајдам“.

Бидејќи царот Михајло III согледал дека големоморавците немаат писмо ниту книги на свој јазик, а тоа прашање и онака службено било поставувано од неговите службеници во Солун, кои не можеле да комуницираат со Словените и покрај обидите за употреба на латинското и алфабетското писмо, дал налог да се состави ново, словенско писмо. Вака е решено и заради тоа што се работело за земја надвор од составот на ИРЦ и имало желба Голема Моравија да се одврати од германското влијание и да стане византиски сојузник. Уште повеќе, писмото би служело и за христијанизација на Јужните и Источните Словени.

slovenska-azbuka

По извесно време, Константин-Филозоф го пронашол и составил словенското писмо и на словенски јазик на племињата кои живееле околу Солун им превел црковни дела. Најпрво го направил преводот на евангелието на св. Јован. „Во почетокот беше Збор и Зборот беше кај Бога и Богот беше Збор“. Потоа превел и многу други црковни книги и составил византиско-словенска богослужба. Така почнала и епохата на словенската писменост, култура и книжевност, што претставувале духовно наследство на Словените.

Во Големоморавската мисја, покрај Константин-Филозоф и Методиј, биле уште и нивните ученици: Климент Охридски, Наум Охридски, Ангелар, Сава, Константин Преславски и Ловро. Мисијата тргнала есента 863 година од Цариград, преку Солун и долината на Вардар и Морава до Белград. Потоа, по Дунав до седиштето на кнезот Растислав. Пред неа стоеле големи верски, културни, дипломатски и политички задачи.

Кај кнезот Ростислав мисијата била примена со големи почести. Тука е формирана првата Словенска школа, најпрво со 50, а потоа со 200 ученици. Во Школата, на народен јазик се изучувало словенското писмо, читање, теологија, црковна музика, литургија и други богослужби кои биле прилагодени според римските обреди. Константиновата школа станала темел на народната словенска култура и ги подготвила домашните Словени (старо Македонци) за свештенички звања, ширење и зацврстување на христијанската вера меѓу нив.

grobot-na-sv-kiril-vo-rim
Гробот на свети Кирил во Рим

Потешкотии во работата на мисијата на ИРЦ правело присуството и активностите на германското свештенштво, кое ја чувало својата превласт и стекнатиот литургиски монопол. Тоа сметало дека Голема Моравија му припаѓа на западното христијанство, односно на латинската литургија. Заради тоа, Константин и Методиј биле обвинети кај Папата за „богохулие“. Меѓутоа, Римската црква, ценејќи ги агресивноста и автархичноста на франечкиот надбискуп од Салзбург и Пасауа, како и опасноста од создавање на една сила германска црква во срцето на Европа, пратила повик до Константин и Методиј да го посетат Рим и да реферираат за состојбата на црквата во Голема Моравија.

На пат за Рим, Константин и Методиј, со своите ученици тргнале во почетокот на 867 година, преку Панонија, која била кнежевство зависно од франечкото царство. На дворот на кнезот Коцељ (847-874), покрај Блатно Езеро, мисионерите на ИРЦ биле добро примени. Како и Растислав и Коцељ сакал да се ослободи од црковната зависност од Германија и да го воведе во богослужбата и во својата црковна хиерархија словенскиот (старомакедонскиот) јазик. Заради тоа и овде била формирана Панонска школа на Константин и Методиј, со интензивна програма на настава за 50 ученика и биле удрени темелите на словенската култура на овие простори. По два месеци просветителска дејност, кон крајот на 867 година, Солунските браќа со своите постари и нови ученици биле свечено испратени, а на нивно барање кнезот Коцељ ослободил околу 900 заробеници.

Во Венеција Константин и Методиј се сретнале со локалното свештенство, кое им приредило уште посилен отпор отколку во Голема Моравија, заради воведување на словенскиот (старомакедонскиот) јазик во литературата. Авторот на житието за Константин (Глава 16), изнесува прекрасна одбрана и победа на Константин-Кирил и Методиј околу доктрината на „тријазичниот ерес“ именувајќи ги своите опоненти со „пилатовци“ (имено, Пилат на Христовиот гроб ставил натпис на еврејски, грчки и латински) за да ги убеди присутните дека сите јазици пред Бога се исти.

kiril-i-metodij-knigi

Кога Константин-Филозоф со своите следбеници стигнал во Рим, во пресрет им излегол папата Адријан II (867-872) со својата свита од црковни високодостоинственици и граѓани кои носеле цвеќе зашто се дознало дека Константин ги носи моштите на св. Климент од Крим. Тоа било голема чест за сите, посебно за Константин и Методиј кои биле во центарот на вниманието. Нивното понатамошно престојување во Рим бил исто така успешно како и во Голема Моравија и Панонија. Биле почитувани како учени луѓе и евангелисти, а поддржувани од словенските владетели на Централна Европа.

Меѓутоа, двоумењето на Папата било како да воспостави рамнотежа меѓу традиционалната пракса за одржување на Божјата служба само на два јазика, латински и „грчки“, а не и на словенски (старомакедонски) јазик, на кој се овозможувала голема можност за ширење на верата меѓу новите народи и држави. Понатаму како да се одбегнат центрифугалните тенденции внатре во црквата и да се спречи агресивноста и себичноста на франечките свештеници спрема Источните Словени.

Папата Андријан II го прифатил објаснувањето кое го дале Константин и Методиј и многу позитивно ја оценил нивната мисионерска работа за општо добро на христијанската црква. Со посебен акт Папата го одобрил богослужението на римскиот обред на словенски јазик. Исто така го прифатил и воспоставувањето на посебна црковна хиерархија од Словените во Голема Мо-равија и Панонија. Потоа ги просветлил и заредил нивните ученици од овие области заради ширење на верата меѓу Словените. Во црквата св. Марија-Mаџоре ги посветил сите книги преведени од Константин-Филозоф. На крај, Константин-Филозоф и неговиот брат „Блажен Методиј“ биле посветени во епископи, во 869 година. Тогаш Константин го добил свештеничко име Кирил.

Додека Солунските браќа престојувале во Рим, здравјето на Константин брзо се влошило и по кратко боледување умрел на 14 февруари 869 година, на 42 години, овенчан со слава. Апостолот и просветител св. Кирил бил погребан во црквата св. Климент во Рим, со чии реликвии допатувал од далечниот Крим со свечена придружба. Во житието (глава 18) стои дека Папата заповедал „сите Римјани да се соберат со свеќи и над него да пеат и да му направат погреб таков каков што би му приредиле на папата и така и направиле“.                    

Погребот на св. Кирил е прикажан на една фреска во базиликата на св.Климент во Рим од IX век. Фреската е еден од најстарите документи која го прикажува Христос со св. Андреја и св. Климент, архангелите Михајло и Гаврил, како и св. Кирил и св. Методиј. Ова се тумачи како Солунските браќа свети Кирил и Методиј клечат пред царот Михајло III (Lacko, 1985, стр.90).

Продолжува

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top