Фељтон

Големото македонско Самоилово царство (40)

car-samoil-1

car-samoil-1

ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

Јужните Словени во македонските територии на ИРЦ, секогаш тежнееле да стекнат независност и самостојност. Со слабеењето на византиската власт на Балканот, во Македонија, во 967 година дошло до востание против византиската и бугарската доминација. Востанието избило под водство на синовите на војводата придружник Никола, со ерменско потекло. Востанието зело големи размери на чело со Самоил, кој создал големо царство, чие јадро го сочинувале Склавиниите во Македонија. Во создавањето на Самоиловото царство учествувале претежно славофони Македонци, потоа македонските староседелци, влахофоните Македонци, Евреите, Бугарите, Ерменците и други. Службен јазик во Самоиловот царство бил словенскиот, додека јазик на дипломатијата, јазикот на ИРЦ.

Ова го потврдуваат и натписите на надгробната плоча на Самоиловите родители од 993 година, која е најдена во црквата св. Герман, во близина на Преспанското Езеро, во 1898 година (Ист. макед. нар., 1969, стр.137) и натписот на столбот на црквата св. Архангел во Прилеп, од 996 г. (Ist. maked. nar., 1909, стр. 137). Со своите воени, политички и дипломатски активности Самоил го создал Сојузот на средно-балканските Словени. Неговите победи имале меѓународен карактер и довеле до приближување на Самоил со Рим и до негово прогласување за цар. Папата Иноќентие III (1198-1216), во едно писмо изнесува дека Самоил ја примил царската круна и патријархиското дос-тоинство од римскиот папа (Димовски, 1989, стр. 82). на малото острово на Преспа, била изградена Македонската патријаршија св. Ахилија.

sv-ahil-prespa
Островот Свети Ахил во Преспа

По битката на Беласица, 1014 година и смртта на Самоил, дошло до распаѓање и крај на македонското царство, во 1018 година, т.е. 42 години по востанието. Војната завршила со свечено влегување на византискиот цар од македонската династија на Василиј II во Охрид, каде на капијата на Самоиловата престолнина, од царицата и преживеаните членови на царската куќа примил изјава на покорност. Така повторно била воспоставена власта на ИРЦ во Македонија

Меѓутоа, покрај сè, уште во 1040/41 година, со центар во Западна Македонија, дошло до првото антифеудално востание под водство на Петар Дељан, кое ги опфаќало просторите од Солун до Белград, Грција, Епир, сè до Драч. По востанието во Тесалија, во 1066 година, во Македонија повторно избива востание на Словените во 1072/93 година, под водство на Војтех. Сите обиди за обновување на Самоиловото царство не успеале. ИРЦ, во 1018 година, Охридската патријаршија ја претворило во автокефална архиепископија, која била директно потчинета на царот, а не на Патријаршијата во Цариград. На Охридската архиепископија ѝ припаѓале сите епископии на територијата на некогашното Самоилово царство, од Лариса до Белград и од Драма до Драч, со вкупно 23 епархии. Кога во 1037 година умрел охридскиот архиепископ Словенот Јован, за негов наследник бил поставен Гркот Лав од Света Софија во Цариград, со цел елинизација на словенските области (Оstrogorski, 1969, стр.308). Три царски хрисовулу (повелби со златен печат) ја гарантирале самостојноста. Во подоцнешните векови, фундаментална улога во формирањето на колективната етничка свест кај словенските Македонци имало создавањето на Самоиловата држава, христијанизацијата, обновувањето на автокефалноста на Охридската архиепископија, обликувањето на словенската азбука и книжевноста на тлото на Македонија. По 750 година Турците, во 1767, ја укинале Охридската архиепископиjа.

Македонското царско владеење било од 976 до 1018 година и тоа: Самоил (976-1014) Гаврило Радомир (1014-1015) Јован Владислав (1015-1018) Петар Дељан (1040)- цар на Белград   (водач на востанието на Јужните Словени).

Цареви во Солун биле: Теодор (1224-1230) Михајло (1230-1238) Јован (1238-1244) Димитрие (1244-1246)

По победата над Самоиловото царство и задушувањето на подоцнешните бунтови во Македонија, ИРЦ ја обновило својата власт и речиси два века немало поголеми немири. Меѓутоа, со создавањето на латинските државички во Византија, доаѓа до меѓусебни борби, како и до борби меѓу соседните држави за превласт во Македонија. Повторната бугарска окупација на дел на Македонија, за време на Второто бугарско царство, од околу 23 години, ја заменува продорот на Српската држава. Кралот Милутин (1282-1321), го зазема северниот дел на Македонија во 1282 година, на линијата Дебар-Велес-Штип.

car-dusan

Неговото дело го продолжува Душан Стефан (1331-1355), кој во 1343 година ја зацврстил Српската држава во близината на Солун, заземајќи поголем дел од Епир и Тесалија и се промовирал како цар на сите Срби и Грци. Неговото крунисување е изведено во око-лината на Скопје, во 1346 година, од страна на тогаш промовираниот скопски патријарх Јонакија, бугарски патријарх од Трново, охридски архиепископ и претставник на Света Гора. Чинот на издигнувањето на Српската патријаршија, е анатемисан во 1350 година, од страна на Цариградската патријаршија, а во 1365 Српската патријаршија е укината, по 20-годишно битисување од страна на српскиот деспот Угљеша.

По смртта на царот Душан, дошло до распаѓање на неговото царство и до создавање независни државички и поседи, кои на тлото на Македонија потпаднале под турско-османлиска окупација, во 1371 година. Така, по 89 годишно владеење на српската држава со некои области во Македонија, не дошло до србизација ниту на словенските Македонци, ниту на староседелците, а ниту до геноцид на населението.

Продолжува

Пишуваат:

Академик Антоније Шкокљев-Дончо

slave-nikolovski-katin
Славе Николовски –
Катин

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top