Дијаспора

Печалбарскиот копнеж на Сандра и Јосиф Ничевски од Торонто (33)

sandra-i-josif

sandra-i-josif

ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

Често се вели дека печалбарството за Љубојно, а и за цела Преспа е и среќа и судбина. Тоа е река што не сопира и процес кој продолжува со векови. А судбината била сурова и, меѓу другите ги однела на печалба Јосиф и Сандра (Грежловска) Ничевски, кој најпрвин заминале во Вулунгонг, Австралија, а потоа во Торонто. Тие живееја педесетина години во Канада, каде имаа времен дом, но како вечен сон Македонија ги врати за на век.

Иселениците Јосиф и Сандра Ничевски потекнуваат од убавото и печалбарско преспанско село Љубојно. Нив ги задоил печалбарскиот леб, бидејќи нивните татковци, заедно со една поголема група Македонци од Долна Преспа, биле меѓу првите печалбари во Соединетите Американски Држави, традиција што се пренесува од колено на колено, така што и Јосиф и Сандра заминале на печалба најпрвин пет години да живеат и работат во Вулунгонг, Австралија. Од таму понеле многу добри спомени, оти, како што велеа, таму им било како во Преспа: долу море и плажа, како крај Перспанското Езеро, горе планина и високи дрвја, зеленило и убавина, како на Пелистер. Од 1969 година се загнездиле во Торното, заминале во втората печалбарска земја, но Македонија не ја заборавија.

Родното место на Сандра и Јосиф Ничевски – Љубојно се наоѓа во пазувите на Баба Планина, недалеку од Преспанското Езеро, на македонска земја, а само неколку километри северно од границата жто ја дели етничка Македонија. Тоа е типично македонско, преспанско, печалбарско место од кое, како и од голем број села под Пелистер и од кај Преспанското Езеро многумина заминале од своите родни дедовски огништа и се задомиле на сите континенти во  светот.

Љубојно, своето име го добило од зборот љубов. Така вели легендата. Поточно, многу одамна се вљубиле момче и девојка. Тие живееле во две соседни населби на повисоките предели на селскиот атар,  но поради лошите соседски односи на жителите на населбите, не смееле да се земат. Меѓутоа, љубовта била многу посилна и тие се зеле и побегнале во рамничарскиот дел – во близината на Стара Река каде и останале среќно да живеат. Подоцна во близина на местото на вљубените се доселиле и други семејства. Во чест на вљубените младенци местото го нарекле Љубојно.

panorama-ljubojno
Панорама на Љубојно

Ова е само легенда за Љубојно – љубовта на Сандра и Јосиф Ничевски, која ја прераскажуваат постарите љубанчани. Но, таа легенда се потврдува со фактот што Љубојно, односно жителите на овој питом преспански и македонски крај имаат љубов; љубов кон родниот крај, кон Татковината, природата, љубов кон убавото и кон се‘ она што значи напредок, иднина…  Според кажувањата на постарите, таму секогаш живееле вредни и честити Македонци, христијани кои фанатички ја бранеле и ја чувале верата и нацијата. А и сега тие тоа го изразуваат особено на илинденското празнување, кое се одржува секоја година токму на Илинден, на празникот над празниците.

Карактеристично за Љубојно е тоа што таму на 8 и 9 септември 1943 година била формирана првата слободна територија во Преспа, за потоа да започне првото училиште во Преспа на македонски јазик Веднаш по Втората светска војна и ослободувањето, Љубојно прилегаше на градска населба; имаше Дом на културата, кино сала, парк, осумгодишно училиште, библиотека, потоа бројни трговски и занаетчиски дуќани. Таму активни беа 14 чевларски работилници, 8 дуќани за широка потрошувачка и текстил, 5 кафеани, 6 дрводелски работилници, две фурни за леб, 4 шивачки работилници, 8 воденици, две ковачници, берберница и др.. Сето тоа зборува за напредокот на Љубојно во минатото,

Инаку, најкарактеристично за Љубојно е тоа што заедно со селата од Долна Преспа – Долно Дупени, Наколец, Брајчино, Штрбово, Крани и Сливница од секогаш било расадник на високообразовни кадри, кои работат како педагози, професори, доктори, новинари, инженери, писатели, правници и други професии. Тие придонесуваат за подобро и посреќно утре за човечкиот род во Македонија и во дијаспората. Сите тие учени кадри го стекнале своето образование најнапред  во централното осумгодишното основно училиште „Димитар Влахов“, во Љубојно. Училиштето било изградено во втората половина на ХIХ век, кое било малечко и со две училници. Потоа, во 1907 година е изградено денешното старо училиште, кое му пркоси на времето. Првата настава на свој мајчин народен македонски јазик започнала во 1908 година, за во 2008 година да се прослават сто години од неговото постоење. А во ова училиште само од Љубојно го добиле своето образование. педесетина лекари, дваесеттина правници, дваесеттина професори, дваесеттина инженери, десетина писатели и поети и многу други интелектуалци. 

sv-kliment-toronto
Црквата „Свети Климент Охридски“ во Торонто

Затоа со право се вели дека Љубојно во кое има девет македонски православни цркви и три параклици е најпривлечно, највесело и најпосетено на Илинден, на најголемиот празник од сите празници во Македонија. Тогаш тоа е центар за илинденските празнувања во Преспа. Во тие празнични денови, сите патишта водат кон Долна Преспа, кон Љубојно, каде се собираат голем број иселеници, преспанци што живеат низ Македонија и други балкански земји, гости и иселеници од другите села, туристи и повратници од Преспа, Битолско, од егејскиот дел на Македонија и многу други краишта. На Илинден се пее и пие, се играат македонски ора на “Полена“ во центарот на Љубојно, отворени се сите домови и се слави и дење и ноќе.

Меѓу нив со години на Илинден доѓале и селениците Сандра и Јосиф Ничевски. Тие беа доблесни Македонци кои беа познати и признати во новата средина, но тие постојано зборуваа дека се силно врзани со родната земја Македонија и со нивната втора татковина Канада. Се чувствуваа како да се растргнати меѓу овие две татковини, бидејќи речиси секоја година одеја во Македонија и се враќаа во Канада, каде како пензионери ги поминуваа старечките денови.

Сандра и Јосиф Ничевски, родителите на авторот на овие редови имаа активен живот во македонската колонија во метрополата Торонто. Така, покрај другото, тие беа членови на МПЦ „Свети Климент Охридски“ од Торонто и на „Свети Илија“ од Мисисага, на Црковниот хор, на „Обединети Македонци“, како и на Здружението на борците на НОВ во Македонија кои живеат во Канада, а кое својата активност ја развива во рамките на Канадската кралска лига на ветераните. И како членови на овие асоцијации, тие неколкупати биле во состав на Илинденските и други делегации на прославите на големите јубилеи на македонскиот народ.

Пензионерите Јосиф и Сандра Ничевски, кои живееја во потесното подрачје на Торонто, познати беа меѓу Македонците, пред сè, поради нивната трудољубовист, честитост, искреност и љубов кон сè што е македонско. Исто така, тие пројавиле значајна активност во животот и работата во новата средина.

Така, Јосиф (1920-2011) беше еден од првите членови на Црковниот хор и пројавуваше силна љубов кон црковното пеење. Во оваа интересна македонска значајна хорска асоцијација собрани се дваесетина активисти, ентузијасти и почитувачи на песната. Хорот со успех работи во составот на МПЦ „Свети Климент Охридски“, а настапил на бројни свечености и манифестации што се одржуваат во македонските колонии во САД и Канада. Нивните настапи постојано се проследени со внимание од посетителите кои ги наградуваат со бурни апалаузи.

Сандра (1920-1998), пак, беше благородна старица со бела коса, разговорлива, бистра и со големи мајчински чувства и со љубов кон својот род. Таа особено беше активна во Женската секција, во почетокот во рамките на „Свеви Климент“, а потоа и во Женската секција на „Свети Илија“. А заедничка карактеристика за овие иселеници беше тоа што тие беа вљубеници во македонските обичаи и традиции донесени од Македонија во новата средина. Тие беа побожни и имаа силни чувства и почит кон верските обичаи, црковното живеење и воопшто кон македонската христијанска вера. Во целото нивно живеење во новата средина секогаш сбеа подготени и меѓу првите помагаа во црковните и националните активности. Дури Јосиф два мандатни рокови бил член на управата на „Свети Климент“, а ја платил таканаречената „Златна лопата“ од поставувањето на камен-темелникот на „Свети Илија“.

sv-ilija-misisaga
Црквата „Свети Илија“ во Мисисага

Баба Цана, како многумина ја викаа Сандра, знаеше да каже дека тие  се  на половина пат, ни во Канада, ни во Македонија.  Кога биле во Канада, мислиме им биле за семејството во Македонија, а кога биле во Македонија, мислите им се враќале назад. Таа велеше дека со телото се во демократска Канада, а со мислите кај своите во Љубојно, Скопје, Охрид, Битола… Меѓутоа, секоја средба со Татковината, нивните најбилиски, пријателите, со родното место како да им даваше нови сили за живот, а нив тоа  навистина им беше потребно во туѓина. Многу им беше мило и особено беа горди што им се исполни вековната желба да имаат своја самостојна македонска држава. Затоа, можеби тоа беше причината за нивниот печалбарски копнеж да живеат во Канада и како нивните родители да остават вечен дом за поколенијата во родното Љубојно, во Македонија.

Продолжува

slave-katin-2
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top