Македонски легенди

Војвода Георги Зимбилев

Georgi Zimbilev

Georgi Zimbilev

Георги Зимбилев (1847 – 1883) е македонски револуционер, ајдутин и војвода, учесник во македонското национално-ослободително движење. Во 1878/1879 година учествува во Македонското востание, а по убиството на Стојан Карастоилов бил назначен за самостоен војвода.

Георги Зимбилев е роден во 1847 година во серското село Горно Броди, Егејска Македонија. Неговиот татко бил ајдук, а и тој станал ајдук во четата на војводата Коста Георгиев Куков – Кукето од егејското село Лакос. Четата на Кукето учествувала во Македонското востание (Кресненско востание) како дел од одредот на Стојан Карастоилов и дејствувала во Неврокопско. По убиството на Карастоилов, тој станал самостоен војвода.

Во пролетта 1880 година, војводата Георги Зимбилов влегува со четата во Горно Броди. Откако била поставена стражата, по повод празникот Светол Петок, кој се чествувал првиот петок по Воскресението Христово, Зимбилев со неговите најблиски влегле во црквата. По завршувањето на службата, неговиот брат Димитар ги изгорел грчките богослужбени книги, а потоа ги натерал гркоманите да се заколнат пред иконата на Св. Кирил и Метој дека нема да ги попречуваат македонските црковно-училишни општини и македонската богослужба. Четата потоа по завршувањето на славеничкиот ручек се повлекла во планините.

Поради овој настан, властите го испратиле черкезот Хаџи Јусуф со 70 лица черкезки коњаници за да ја уништи четата. Хаџи Јусуф ги уапсил најблиските на војводата и другите комити од Горно Броди. Од семејството на војводата Зимбилев биле уапсени неговиот татко дедо Зимбил, неговата мајка, браќата Димитар, Марин и малолетниот Крстју, неговата жена, сестрите Иванка и Калина, малолетната девојка и 18 други жени. Дедо Зимбил добива удар и умира, а останатите се затворени во Сер.

Инаку, Георги Зимбилев бил оженет за ќерката на Димко Хаџи Иванов и сестра на Димо Хаџи Димов. По две недели неговото семејство било преместено во Крвавата кула Камлакула во Солун (Белата кула), каде што умираат мајката на Зимбил војвода, сестра му Иванка и малолетната сестра. Жена му, сестра му Калина и неговите браќа Димитар и Крстју по 4 месеци биле ослободени, но брат му Марин лежел три години во Солун. Кметот на селото хаџи Атанас Перухов бил фрлен во Серскиот затвор, а за кмет бил поставен гркоманот Тодор Попандонов.

На 7 април 1882 година Георги Зимбилев му поставил заседа на Хаџи Јусуф помеѓу селата Караќој и Крчово. Во борбата која се развила тој ги убил сите 13 черкези, а од неговата чета загинале Димитар Бунев од Балдево и Илија од Заграде. По битката четата отстапила кон Долно Броди, Старчищта и Калапот и истата есен се повлекла во Бугарија. Поради убиството на Черкезите биле приведени и фрлени во затворите во Демир Хисар и Сер близу 100 лица првенци и случајни луѓе од селата Крушево, Крчево и Караќој, кои таму биле подложени на нечовечки искушенија. Едни од нив биле осудени доживотно, други на 20, 10 и 8 години затвор.

Во летото 1883 година Георги Зимбилев се појавува со својата чета во Серско. На 5 јули истата година е опкружен во месноста Криви дол крај Долно Броди од 500 души аскер, башибозук и насилно мобилизирани Македонци. Во борбата од вкупно 33 четници, загинале 28 од нив. Меѓу жртвите бил и Димитар, братот на војводата Зимбил. Иако ранет во борбата, Зимбил тргнал во напад и го раскинал обрачот и со преживеаните другари се повлекол во планината Боздаг (Драмски Боздаг).

По извршеното предавство во 1883 година Георги Зимбилев бил убиен. Според Георги Баждаров постојат различни верзии за неговата смрт.

Според едната, откако се одвои од својата чета е убиен од гркофилите кај манастирот “Св. Јован Претеча” кај село Лакос. Според другата, починал откако бил тешко повреден по претепувањето со дрвја од гркомани во Пирин.

Неговото име е воспеано во фолклорот.

Најново од: Македонски легенди

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

Арсениј Јовков – илинденецот кој се бореше за Македонија со пушка, перо и филм

Арсениј Јовков (25 март 1884, село Селци, Струшко – 14 септември 1924, Горна Џумаја, Пиринска Македонија) бил македонски револуционер, илинденец, поет, публицист, новинар и филмски автор. Неговиот живот бил нераскинливо поврзан со борбата за слобода на Македонија, а неговото име останува запишано и во македонската револуционерна историја и во почетоците на македонската кинематографија. Арсениј Јовков […]

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

To top