На прво место

На Македонија ѝ е потребно национално обединување околу клучните државни интереси

Македонска Нација

Македонска Нација

Македонија е држава која мора да гледа напред – кон реформи, стабилност, економски развој и национално обединување, а не да останува заробена во циклуси на политички контроверзии, поделби и недоверба што со години ја оптоваруваат јавната сцена.

Во јавноста постојано се отвораат прашања и дебати поврзани со поранешни високи функционери на СДС, нивните политики, одлуки и начинот на кој ја водеа државата во периодот на нивното владеење. Граѓаните имаат право да бараат одговорност, отчетност и транспарентност, но Македонија не смее да остане заглавена во бескрајни политички пресметки што го одвлекуваат вниманието од вистинските предизвици со кои се соочува државата.

Без оглед на политичките разлики, државниот и националниот интерес мора да бидат над дневната политика. Македонија не може да си дозволи да биде кочена од постојани конфликти, меѓусебни обвинувања и политики што создаваат нови поделби меѓу граѓаните.

На Македонија ѝ е потребно национално обединување околу клучните државни интереси, економски напредок, зачувување на националното достоинство, подобар животен стандард и сигурна иднина за младите генерации. Македонија мора да биде над партиските калкулации и над политиките што се спротивни на интересите на државата и на граѓаните.

Државата мора да води политика во интерес на народот – државничка, одговорна и достоинствена политика, со крената глава и исправен грб, темелена на взаемна почит со сите меѓународни партнери, но без отстапување од националните интереси.

Време е раководството на СДС да престане со политики што голем дел од јавноста ги доживува како блиски до интересите на соседните држави, наместо кон интересите на Македонија и македонските граѓани. Потребна е сериозна политичка саморефлексија и будење од политиките што создадоа поделби, разочарување и чувство на национално понижување кај народот.

Секоја политичка партија во Македонија е формирана за да им служи на граѓаните, да ги брани државните и националните интереси и да работи за подобар животен стандард, економски развој и стабилна иднина. Граѓаните очекуваат политичарите да бидат глас на Македонија, а не продолжена рака на туѓи агенди и интереси.

На Македонија ѝ се потребни одговорни политики, национално единство и политичари што ќе настапуваат со достоинство, самодоверба и јасна посветеност кон државните интереси. Само така може да се врати довербата кај народот, да се зацврсти државата и да се изгради силна и почитувана Македонија.

Политика со крената глава и исправен грб – во интерес на Македонија и македонскиот народ.

Најново од: На прво место

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да престане со политичките претстави и да одговори за Алта банка

Венко, како и неговиот газда од Струмица, манипулира и се однесува неодговорно во континуитет. Ако некој се прашува што ги поврзува еден неврохирург и еден бизнисмен-политичар од Струмица, освен тоа што се склони кон распродажба на идентитетот, склони се и кон лажење и корупција. Филипче, доста со политички претстави. Прво СДС и Филипче обвинуваа, па […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Мицкоски ја најави кампањата „Очи в очи за подобро“: Ќе ги посетуваме општините и директно ќе разговараме со граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, ја најави новата кампања „Очи в очи за подобро“, во рамки на која тој лично, заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата, ќе реализира интензивни посети на општинските и месните комитети низ државата. Кампањата беше најавена на 35. годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Филипче и СДС се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, постапката за Алта банка е јавна и транспарентна

СДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, во постапката за Алта банка, која е јавна и транспарентна. Тие продолжуваат со ширење неосновани обвинувања за Алта банка, обидувајќи се од редовна и транспарентна постапка за јавна аукција во јавноста да претстават непостоечки скандал. Фактите, се следни. Продажбата на над 95 […]

To top