Македонски легенди

Наум Томалевски

Naum Tomalevski IMRO

Naum Tomalevski IMROНаум Томалевски (14.IX 1882 – 2. XII 1930) е македонски револуционер и учител, виден деец на Македонската револуционерна организација. По расколот во ВМРО бил прврзаник на протогеровистите. Се користел со псвдонимите Летник, Н.Дреновски, Смиле, Лоенгрин кој според легендите е чувар на Светиот грал – Македонија.

Наум (Нуне) Христов Томалевски е роден на 14 септември 1882 година во Крушево, во мијачко семејство. Татоко му Христо Димов Томалевски е предприемач со потекло од Галичник, а неговата мајка Коца Георгиева била од Гари. Неговиот брат е познат писател есеист, романсиер и публицист Георги Томалевски (1897 – 1988), деец на Македонската младинска тајна револуционерна организација.

Своето образование Наум го започнал во Крушево, каде завршил трето одделение, а потоа заминал со татко му на печалба во Софија, каде заврпил петти клас. Образованието го продолжил во Битолската класична гимназија. Во градот на конзулите, тој се запознал со револуционерните дејци Георги Поп Христов, Ѓорѓи Сугарев, Георги Пешков. Во 1901 се вклучил во Македнската револуционерна организација откако успеал преправен како селанец да го внесе Гоце Делчев кај Даме Груев кој од август 1900 година, по Попставревата афера, бил успасен и лежел во Битолскиот затвор.

Поради аферата Наум бил принуден да избега во Бугарија. Во Софија се запознал со социјалистот Васил Главинов и брат му Лазар Главинов, како и со Пејо Јаворов на кого му помага во издавањето на револуционерниот весник „Дело“ (1901 – 1902), кој ги брани позициите на Организацијата и се залага за автономија на Македонија .

Во 1902 – 1903 година, Томалевски учи во педагошкото училиште во Скопје, каде учествува во ученичкиот револуционерен кружок.

Во јуни 1903 година влегува во Крушевската чета на Македонската револуционерна организација, со која учествува во Илинденското востание во Крушевско. Во домот на неговите родители во Крушево се прогласува Крушевската република, која денес е музеј. По востанието останува во Крушево како учител и член на околискиот комитет на Организацијата и работи на обновување на револуционерната мрежа.

По предавство од гркомани, Наум бил прогонуван од властите, поради што бега во Бугарија, каде работи како учител во Оряховско, а потоа во Козлодуј и Белослатинско. Во меѓувреме се запишал на Софискиот универзитет, а стекнал со степен, диплома по филозофија во Лозана и Фрибур, Швајцарија.

Балканската војна во 1912 година го затекнала во Киев, каде што сакал да го продолжи своето образование. Томалевски се вратил Бугарија, но изборната комисија го одлага во 1913 година и тој станува учител во Ќустендилската гимназија, а потоа службеник во Генералниот директорат на статистиката. Во Првата светска војна завршил школа за резервни офицери и бил назначен за кмет на Крушево.

По Првата светска војна, Томалевски е меѓу оние македонски дејци, кои се обидуваат да ги обноват македонското движење. На 3 февруари 1920 година заедно со Тодор Александров, Александар Протогеров, Иван Каранџулов, доктор Никола Стојанов, Георги Баждаров, Михаил Монев, Аргир Манасиев и други учествува во состанокот на кој се донесува одлука за враќање на четничко дејност во Вардарска и Егејска Македонија. Испратен е од ВМРО на специјална мисија во Западна Европа.

Во 1923 година Наум Томалевски е меѓу членовите основачи на Македонскиот научен институт, а во август 1924 година Томалевски собира материјали за мемоари за положбата на македонскиот народ во грчка и српска Македонија и го депонира во Општеството на народите. Всушност, по убиството на Тодор Александров (31.08. 1924 г.), во домот на Спиридон Велев се среќаваат Александар Протогеров, Георги Баждаров, Кирил Прличев и Наум Томалевски и решаваат мемоарот да носи датум август и потпис на Александров за да истиот биде однесен во Женева од Томалевски. Милев, Баждаров и Томалевски изработуваат текст дека неспроведувањето на договорите за малцинствата и недостатокот на патиштата за легална борба, води кон илегални акции:

„Во перипетиите кои го потресоа Балканот, историската мисија на ВМРО од четвртина век била да го брани македонското население и да се бори за мир и слободно развој. Еве зошто таа ќе биде првата која ќе поздрави пресвртот во внатрешната политика на Југославија во однос на Македонија ќе биде среќна да помога како легална партија за заздравувањето и развојот на една федерална југословенска држава со цел конфедерирането на сите балкански народи, во кое обединета Македонија ќе се вклучи како предан член. Исполнувањето на овие скромни барања, што би требало да го интересира Општеството на народите, а особено земјите во кои Србија презеде морални обврски, би било доволно за враќањето на мирот во Македонија и на Балканот. Но ако Белград и Атина продолжуваат да продлабочуваат своите грешки и ги откажат на Македонците елементарните права кои им се даваат со договорите, Внатрешната организација откако ги известила владата и јавното мислење на сите демократски земји, ќе продолжи со удвоени сили и со сите средства своите напори за победата на својот благороден идеал за мир, слобода и разбирање на Балканот, кој не е напуштен и во најкритичните моменти, како и предупредува дека нема да биде одговорна за компликациите кои можат да се случат на Балканот поради непочитувањето на правата на Македонија.“

На Шестиот конгрес на ВМРО во февруари 1925 година Томалевски е избран за член на Задграничното преставништво на ВМРО заедно со Кирил Прличев и Георги Баждаров.

Томалевски пишува во “Народност”, “Вардар”, “Македонија”, “Седмична зора”. Дел е од редакцијата на списанието “Македонија”. Во јануари 1924 година, Александар Протогеров и Наум Томалевски имаат средба во Лондон со хрватскиот политичар Стјепан Радиќ, како го охрабруваат за заедничко делување на ВМРО и хрватската опозиција во Југословенската собрание. Заедно со Георги Баждаров и Јордан Ѓурков прават турнеја во Европа во мај 1925 година. Во Австрија успешно договараат заеднички активности против Југославија со австрискиот министер, унгарскиот премиер и со претставници на италијанската влада.

По убиството на Александар Протогеров во 1928 година Томалевски застанува на страната на протогеровистите. Иван Михајлов издава наредба за убиство на Наум Томалевски и на 2 декември 1930 година Томалевски е застрелан во дворот на својата куќа на улицата “Руен” бр. 23 од Владо Черноземски и Андреј Манов.

Најново од: Македонски легенди

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

Арсениј Јовков – илинденецот кој се бореше за Македонија со пушка, перо и филм

Арсениј Јовков (25 март 1884, село Селци, Струшко – 14 септември 1924, Горна Џумаја, Пиринска Македонија) бил македонски револуционер, илинденец, поет, публицист, новинар и филмски автор. Неговиот живот бил нераскинливо поврзан со борбата за слобода на Македонија, а неговото име останува запишано и во македонската револуционерна историја и во почетоците на македонската кинематографија. Арсениј Јовков […]

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

To top