Фељтон

Словенските просветители и светители Кирил и Методиј

kiril-metodoj-2-1

kiril-metodoj-2-1

ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ – 2

Во врска со публикацијата „Во чест на светите Кирил и Методиј“ од авторите д-р Вера Стојчевска- Антиќ и Славе Николовски – Катин, рецензентот проф. д-р Радмила Угринова – Скаловска, напиша дека и покрај убавината на темата што ја пласира овој обемен ракопис, радува фактот што тој е посветен по повод чествувањата на Солунските браќа во последните педесет години 1944-1994.

Тоа значи редослед на нивното присуство во словенскиот свет, особено во Македонија, а е опфатено и чествувањето на Светите Браќа во Рим на „Деновите во чест на свети Кирил“ со учество на бројни поклоници, претставници, делегации, поединци, истакнати научни и јавни работници и др. кои посебно се занимаваат со нивното дело.

Од нашата средина изникна Охридската книжевна школа, основана од ученикот на Браќата – Свети Климент Охридски. Тој ја продолжи работата на сввети Кирил и Методиј и како резултат на тоа од Охридскиот центар ќе се рашири македонската книга, македонското слово и македонскиот збор ширум сите словенски средини, ширум Балканот и ширум сите културни народи во Европа. Од нашата средина се појавија луѓе чија големина и широчина и денес сите нас не напојува. Меѓу нив се нашите стари Учители – ветите Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски и многу други…

Архиепископот на Македонската православна црква г.г. Михаил, пак, во својата рецензија напиша дека подготвениот текст во делото „Во чест на светите Кирил и Методиј“,   подготвениот текст им нуди и на сите заинтересирани читатели материјал за проследување на кирилометодиевската проблематика кај нас, негувана во образовните и научните институции, истовремено во црковните. Кирилометодиевскиот опус  е значаен во нашата средина, од каде што знаменитиот филолог Кирил Солунски, ги зеде македонските дијалекти и ги вткаи во литературниот старословенски јазик, проширен и прифатен во сите словенски средини.     

poglavar-mihail
Поглаварот на МПЦ г.г. Михаил

Со нивното христијанско и мисионерско дело се развиваат мошне значајни процеси, особено на историски и културен план. Откако беше оформено „Словото”, можеше да се чекори по културната европска врвица. Нивното дело го продолжуваат непосредно во Македонија нивните продолжувачи – светите Климент и Наум Охридски. Токму затоа, и замислата на авторите на овој труд, д-р Вера Стојчевска- Антиќ и Славе Николовски – Катин да ги приклучат кон кирилометодиевското дело и последните споменати Учители е наполно оправдана. Без нив кирилометолневскиот период би бил нецелосен…

Архиепископот г.г. Михаил исти така напиша декане можеме да ги одминеме, иако често цигираните мудри мисли од Светите Браќа изречени во Венеција во борбата со тријазичниците, на кои никако не им одговарала идејата за рамноправност на Божјите народи:„Човече, хажи ни кахо си им ги создал на Словените книгите и ги учиш од нив, што досега никој не измислил, ниту апостолите, ниту Римскиот папа, ниту Григориј Богослов, ниту Ероним, ниту Августии. А ние знаеме само три јазици на кои е достојно во книгите да се слави Бог – еврејскиот, елинскиот и латинскиот?” Филозофот на тоа одговорил:

„Не врне ли дожд од Бога еднакво врз сите? А Сонцето, не грее ли исто така за сите? Зарем не дишиме воздух сите еднакво? Па тогаш како не се срамите да признаете само три јазика, а сите други народи сакате да бидат слепи и глуви…”

Во публикацијата „Во чест на светите Кирил и Методиј“ се вели дека Солунските браќа се појавија на ветрометините од влијанијата меѓу Цариградската патријаршија и Папската столица во Рим, вкрстени над Балканот и Словените. Набргу нивнитепросветителски и светителски ореоли станаа симболи за дејноста на браќата Солунчани. Најраното вакво бележење чува Асемановото глаголско изборио евангелие од крајот на X или од почетокот на XI век, со провениенција од Охридската книжевна школа. За овој споменик  важнисе студиите на Блаже Конески, за култот и канонизацијата на словенските светци, на ВладимирМошпн идруги слависти.

spomenik-kiril-metodij
Споменик на Светите Кирил и Методиј

Кирилометодиевската литература и библиографија доживува постојан растеж до денешни дни, иако браќата Кирил и Методиј се јавуваат на општествено-историската сцена на Словените во далечниот IX век, односно пред повеќе од единаесет векови. Импозантната цифра на библиографски единици, собрани во делото на Г. А. Илинскиј и М. Г. Попруженко – „Опит систетическој Кирило-Методиевској библиографии”, до денес е толку зголемена, што и најновите библиографски податоци од среднните на сите словенски книжевности, не можат прецизно да ја заокружат нивната бројна состојба. Во секој случај,сигурно е дека, и покрај ваквата ситуација воопшто во славистиката, постојано се јавуваат значајни студии или ракописи коишто го привлекуваат вниманието наистражувачите.

Епохалното дело на светите Кирили Методиј ги постави темелите на словенската култура воопшто, стана достоинство на словенската писменост, книжевност и култура, бидејќи резултатите од нивната дејност најдоаблагопријатна почва кај Словените. Нивната активност ќе отпочне по иницијативата на моравскиот кнез Ростислав, а ќе биде пресудна за растежот на сите Словени.

Барањето на моравскиот кнез упатено до византискиот император Михајло се состоело во истакнатата потреба од христијански мисионери коишто ќе умеат да го шират Христовиот збор на разбирлив словенски (старомакедонски) јазик. Византискиот император имал токму такви луѓе, испробани мисионери во Сараценската и Хазарската мисија.

solun
Солун

Словенските првоучители и апостоли потекнувале од видна фамилија и нивните родители, таткото Лев и мајката Марија, живееле во средновековниот културен центар Солун. Таткото заземал висок чин на воен заповедник друнгариј (потстратег) и им овозможил на децата солидно образование. Во тој поглед посебно се истакнал младиот Кирил, кој откако ја завршил високата Магнаурска школа во Цариград, го добил називот Филозоф.

Љубовта кон книгата го следела Кирил од најмладите години, истакнуваат Панонските легенди, коишто се најважните извори за проследување на животниот пат на браќата. Иако досега книжевната историја не ги утврдила точните податоци за потеклото на нивните родители, познато е дека во Солун и неговата околина живееле македонски Словени, што значи дека тие имале можност добро да го научат словенскиот (старомакедонскиот) јазик.

Кирил, по завршувањето на високата школа каде што ги совладал: граматиката, поезијата, геометријата, дијалектиката, филозофијата, реториката, итн., ги добил сите почесни титули и станал библиотекар во цариградската црква „Света Софнја”. На 24-годишна возраст бил испратен од византискиот двор да ја изведе верско-дипломатската мисија кај Сарацените, (851-855). Втората мисија на двајцата браќа била Хазарската (860-861). Третата, Моравската мисија, ја започнале во 86З година.

Продолжува

Пишуваат:

vera-slave
Д-р. Вера Стојчевска – Антиќ и Славе Николовски – Катин

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top