Македонски легенди

Димитар Гуштанов

Dimitar Gushtanov IMARO

Dimitar Gushtanov IMARO

Димитар Гуштанов (1876 – 4. V 1903) е македонски револуционер и војвода на ТМОРО. Завршил Педагошко училиште во Сер и Духовна семинарија во Самоков, а подоцна и право во Лозана (Швајцарија). Работел како учител во село Старчишта (Неврокопско) и бил професор во Педагошкото училиште и прв директор на Гимназијата во Сер. Прво пристапил во четата на Михаил Чаков, а потоа бил драмски околиски војвода на ТМОРО. На враќање во с. Баница на Гоце Делчев му се придружила и четата на Д. Гуштанов, со кого заедно загинале во борбата со османлиската војска. Селаните ги погребале еден до друг во ист гроб.

Димитар Атанасов Гуштанов е роден во 1876 година во селото Крушево, Демирхисарско, Егејскиот дел на Македонија. Израснат во патриотско учителско семејство, Димитар тргнува по стапките на својот татко учителот Атанас Гуштанов. Ги завршил Педагошкото училиште во Сер и Духовната семинарија во Самоков, по што бил учител во Неврокопското село Старчишта. Подоцна заминува за Лозана (Швајцарија), каде завршува право во 1898 година.

Истата година, по враќањето во земјата, Гуштанов работи како учител во градот Кочани. Во наредната 1899 година, тој бил назначен од Егзархијата за главен учител на егзархиското класно училиште во Петрич. На оваа должност Гуштанов останува се до 1901 година, а потоа бил назначен за професор во Педагошкото училиште и прв директор на Гимназијата во Сер.

Во меѓувреме, уште во 1899 година Димитар Гуштанов се приклучил на Македонската револуционерна организација. Набрзо бил избран за околиски раководител на градот и под негово раководство во повеќе села во Петричко се формираат комитети на Организацијата.

Во септември 1902 година, поради прогон од османлиски власти, Гуштанов го напушта учителствувањето и преминува во илегала. Првично пристапил во четата на Михаил Чаков, а потоа бил назначен за член на Серскиот револуционерен комитет. Гоце Делчев го назначува за инспектор на четите од овој револуционерен округ.

Извесно време Димитар Гуштанов ја извршува дадената задача како инспектор на Серскиот револуционерен округ на ТМОРО. Во февруари 1903 година тој е назначен за драмски војвода и учествува на советувањето во село Караќор, Неврокопско.

На Серското советување, по повод Солунското решение на ТМОРО за кревање на востание, Димитар Гуштанов заедно со војводата на Демирхисарската чета Илија Крчовалијата, Неврокопската и Мелничката чета, кои располагале со околу 80 комити и 200 младинци пријавени за идни комити, ја дочекале четата на Гоце Делчев.

На ова советување, со кое раководел Гоце Делчев биле: Димитар Гуштанов, Атанас Тешовалијата, Дедо Иљо Крчовалијата, Јане Сандански, Христо Куслев, Михаил Чаков, Пејо Јаворов, Иван Атанасов Грчето и др. На една затворена средба помеѓу Делчев, Јаворов, Гуштанов и Сандански било договорено да се вложат усилби за измени на Солунското решение, алудирајќи на карактерот на дејствата.

Во март 1903 година Гуштанов учествува во рушењето на мостот на реката Ангиста (Драматица), на железничката линија Солун – Цариград, а по советувањето во Караќор, Гоце Делчев заминал за Солун на средба со Даме Груев. На враќање во селото Баница му се придружила и четата на Димитар Гуштанов со кого заедно на 4 мај 1903 година загинале во борба со османлиската војска. Селаните ги погребале еден до друг во ист гроб на полјаната под големо брестово дрво.

Во борба со турските аскер во селото Баница, Серско, загинуваат и четниците на Гуштанов:  Евстати Арнаутчето, Стефчо од Трлис и Конзулот од Волак, а Георги Савеклијата е тешко повреден и уапсен од Турците. Лазар Томов пишува за Гуштанов во Илустрација Илинден:

„И како само тој можеше да почива до најголемиот македонски син – Гоце. Делото на Димитар Гуштанов повторно воскреснува и ќе ја буди свеста во младите генерации…“

Најново од: Македонски легенди

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

Арсениј Јовков – илинденецот кој се бореше за Македонија со пушка, перо и филм

Арсениј Јовков (25 март 1884, село Селци, Струшко – 14 септември 1924, Горна Џумаја, Пиринска Македонија) бил македонски револуционер, илинденец, поет, публицист, новинар и филмски автор. Неговиот живот бил нераскинливо поврзан со борбата за слобода на Македонија, а неговото име останува запишано и во македонската револуционерна историја и во почетоците на македонската кинематографија. Арсениј Јовков […]

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

To top