Дијаспора

ОМД ги отвори пријавите за „40 Under 40“ наградите за 2026 година

Македонска Нација

Обединета Македонска Дијаспора (UMD) со гордост ги претставува наградите „40 Under 40“, со кои се оддава признание на исклучителни Македонци помлади од 40 години кои оставаат значаен белег и придонес ширум светот.

Организацијата повикува на номинации за талентирани личности со македонско потекло кои покажале извонредни достигнувања, лидерство и професионален успех во различни области, меѓу кои технологија, бизнис, недвижности, здравство, финансии, образование, уметност, право, државна администрација и многу други.

Од своето основање до денес, програмата „UMD 40 Under 40“ одликувала 280 успешни поединци, истакнувајќи ја новата генерација македонски лидери и професионалци од дијаспората.

За кандидатите да можат да конкурираат за наградата „40 Under 40“, се препорачува номинираните да бидат активни членови на UMD со уреден членски статус.

Заинтересираните можат да станат членови на организацијата и да се информираат повеќе за работата и активностите на UMD преку официјалната страница на организацијата. info@umdiaspora.org

 

Најново од: Дијаспора

ТЕШКИ ОКУПАТОРСКИ И ПОВОЕНИ ВРЕМИЊА ЗА СЕМЕЈСТВОТО СТАМЕВСКИ (12)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СВЕТОЗАР – СВЕТЛЕ СТАМЕВСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН Америка отсекогаш била „ветената земја“ за Европејците, односно народите од оваа страна на океанот. Тие се населувале на тој богат и по многу нешта карактеристичен континент од почетокот на освојувањето до денешни дни. Процесот на доселување непрекинато трае и, веројатно, ќе продолжи и во иднина. […]

Австралиски документ од 1934 година: Подносителот е Македонец

Овој документ потекнува од Истражната служба на Комонвелтот на Австралија и е датиран 1 ноември 1934 година. Станува збор за службена преписка поврзана со постапката за натурализација на Атанас Васил Делианис. Неговата историска вредност е во тоа што австралиските власти службено забележале дека подносителот на барањето е Македонец, како и неговото објаснување дека Македонците под […]

Десеттата генерација на Birthright Macedonia ја заврши тринеделната програма во Македонија

Осум млади Македонци од дијаспората преку пракса, културни посети и средби со институции и личности од јавниот живот ги зацврстија врските со својата татковина Со свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид беше затворено јубилејното десетто издание на програмата Birthright Macedonia 2026, во организација на Обединетата македонска дијаспора (United Macedonian Diaspora – UMD). Осум млади […]

Едмунд Темелко: Додека има вера, ќе има Македонија

Едмунд Темелко, првиот градоначалник на Општина Пустец во Мала Преспа по падот на комунистичкиот режим во Албанија, заедно со својата мајка запали свеќи во храмот „Св. Петар и Павле“ во селото Зрноско. Во тишината на православниот храм тие се помолија за здравје, за благослов на семејството, за душите на предците и за зачувување на македонскиот […]

ДЕДО КРСТО – ПРВ ПЕЧАЛБАР ОД СЕМЕЈСТВОТО СТАМЕВСКИ ЗА АМЕРИКА – ДЕЛ II (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СВЕТОЗАР – СВЕТЛЕ СТАМЕВСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН Во ова продолжение  ќе ја претставиме печалбарската судбина на дедото на Светле Стамевски,  печалбарот Крсте кој заминал за Америка. Инаку, при крајот на 19-от и почетокот на 20-от век печалбарството станало масовна појава во Тетовско и еден од најсилните докази за неподносливата состојба, особено во македонските села […]

Блокадата на Изборниот законик најмногу ја погодува македонската дијаспора, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Најголема штета од блокирањето на Изборниот законик од страна на СДС, Левица и ДУИ нема да претрпи ВМРО-ДПМНЕ, туку македонските граѓани кои живеат надвор од државата, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Според него, со месеци се воделе разговори за усогласување на новото законско решение, со цел да се обезбеди поширок политички консензус и да […]

Величествена Илинденска прослава во Берлин во далечната 1976 година

Величествена Илинденска прослава во Берлин во далечната 1976 година Македонските патриоти, свесни за значењето на двата Илиндена – 1903 и 1944 година, во далечната 1976 година одржале величествена прослава во Берлин, во чест на 73-годишнината од Илинденското востание. Една од главните цели на прославата била народите на Европа да се запознаат со вистината за Македонија. […]

Австралиски оглас од 1930 година како сведоштво за македонската национална припадност

Во весникот „The Blackwood Times“ од Западна Австралија, на 31 јануари 1930 година, биле објавени огласи за натурализација во кои двајца доселеници јасно се наведени како лица од македонска националност, родени во Буф и Нерет, Македонија. Еден стар австралиски весник од почетокот на XX век зачувал важен историски запис за македонското иселеништво и за начинот […]

To top