Култура и туризам

Појава на богомилството

sv-naum-i-bogomilite

sv-naum-i-bogomilite

Богомилството е верско учење во средновековна Македонија и пошироко. Се појави како реакција на социјалното раслојување што настана како резултат на воведувањето на феудализмот и на поддршката на власта од страна на официјалната христијанска црква. Богомилството било дуалистичко учење според кое реалниот свет го создал не Богот, туку ѓаволот. Богомилите го отфрлале крстот како свој верски симбол, не граделе цркви и своите обреди ги вршеле на отворен простор, ја осудувале црковната хиерархија и сметале дека Исус не бил Син божји, туку обичен човек. Името го добиле по попот Богомил, по кого, пак, е наречено селото Богомила.

Крајот на 9 и почетокот на 10 век е означен со крупни промени во општествената структура на македонските племиња. Во тоа време, територијата на македонските племиња влегува во состав на моќната феудална држава на бугарскиот цар Симеон (823-927). По завладувањето, за да ја задржи власта, како и заради можноста за побрза и поефикасна експлоатација, и на овој простор е проширена воено-административната поделба, каква што веќе постоела во Бугарското царство. Тоа значело и забрзано распаѓање на родовските општини. Во овој процес била вклучена и црквата, која добивала поседи како подарок од владетелите. Така црквата почнала да станува една од најсилните феудални институции. Како крупен големопоседник, таа застанала на страна на монархијата, во одбрана на вака поставениот општествен поредок.

Околностите во кои се нашле Македонците, посебно се влошиле во средината на 10 век, за време на владеењето на царот Петар (927-969), кога нагло биле зголемени даноците за големиот воено-административен апарат, кога ги завршил своите освојувачки походи. Во едни такви критични историски услови, се појавило силно народно движење, за верско и политичко ослободување – Богомилството.

Власта и официјалната христијанска црква жестоко ги прогонувале богомилите, поради што богомилството замрело. Покрај тоа ги палеле богомилските книги, поради што денес малку се знае за богомилството и тоа пред сè од списите на нивните противници, каде богомилските ставови биле критикувани.

Богомилите во Македонија се појавувиле во времето кога на бугарскиот престол бил Петар (927- 969). Од ова време не се зачувани богомилски книги, иако според многу извори тогаш ги имало доста. „Основен извор за појавеното богомилско движење во Х век е Беседата против богомилите од Презвитер Козма. Како заштитник на интересите на бугарската црква, Козма го напишал ова дело со цел да ги разобличи богомилите, да го осуди нивното движење и да ги оттргне масите од нив, да не станат ’еретици‘ – богомили.“

Движењето го започнал попот Богомил за чие постоење нема сомнение. Тешко е точно да се одреди каде се појавува ова движење, но сигурно е дека се појавува во Македонија. Според легендата, попот Богомил бил по потекло од селото Богомила, велешко, а живеел и се криел на планината Бабуна. Богомилите биле под влијание на манихејството, но и на старата словенска религија. Тие верувале дека светот е борба на доброто и злото и дека на крајот ќе победи доброто.

Богомилите учеле дека отпрвин постоел добриот Бог, којшто ја создал огромната вселена, составена од четири основни елементи – оган, вода, воздух и земја. Добриот Бог создал седум небеса во огромната вселена, и тоа било неговото царство. Божјото царство Бог го управувал со помош на својот син Сатанаил, познат и како Самаил, ѓавол и мамон, како и со помош на голем број ангели. По извесно време, Сатанаил го изневерил татка си: откако привлекол на своја страна дел од ангелите, решил да создаде свое царство на седмото небо, ветувајќи им на своите следбеници ослободување од тешките даноци. Но, Бог го открил заговорот. Сатанаил и неговите ангели ги спуштил на земјата, и ги лишил од короните, алиштата и венците. На земјата Сатанаил почнал да си гради царство: создал мориња и океани, наредил на земјата да растат растенија и да се одгледуваат животни, а во морињата риби. Откако го направил тоа, решил да го направи и човекот, кој ќе личи на него и ќе му слугува. Така според богомилските сфаќања биле создадени Адам и Ева.

Ваквите сознанија за потеклото на човекот се среќаваат во повеќе богомилски книги, во прв ред во апокрифот „Јованово евангелие“, познат и како Тајна книга, напишан веројатно во 12 век.

Богомилите биле против официјалното христијанство и против црквата, не граделе храмови и не признавале празници. Тие дури го отфрлаат и Стариот Завет поради својата суровост и не ја признаваат државата. Нивното учење било во голема мера револуционерно. Богомилите не прифаќале да носат оружје и да водат војни, поради што се жестоко казнувани од сите држави до каде што стигнале. Ги казнувале Византијците, бугарскиот цар Петар и српскиот владетел Стефан Немања. Тие се прошириле и до Хрватска и Босна и Захумље (денешна Херцеговина), каде што биле прогонувани од страна на католичката црква. Богомилите нашле засолниште во босанските планини и се прошириле до таа мера што станале официјална црква наречена – Црква Босанска. Богомилството го прифатил банот Кулин и ги штител богомилите и од Византија, Унгарија и Рим. Исто така, богомилите ги отфрлувале странските имиња, грчки и еврејски под влијание на Библијата, и имале само словенски имиња како: Годин, Љубомир, Твртко, Радомир, Мирослав, Болеслав, Драгомир, Владимир, Драгош, Будислав итн. Тие ги отфрлаат и грчкото и латинското писмо и документите зачувани во Босна се пишувани на старото кирилско писмо и на писмото познато под име: „Босанчица“.

Најново од: Култура и туризам

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

1maked

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на јазиците за да се дознае нивната поврзаност. Јазиците можат да бидат поврзани меѓу себе преку позајмување на зборови и преку генетска поврзаност, која означува дека поголем број на јазици потекнуваат од еден стар заеднички јазик. Компаративната лингвистика ги формира јазичните фамилии и групи, […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

To top