Македонски легенди

Ѓурчин Наумов – Пљакот

Giurchin naumov

Giurchin naumovЃурчин Наумов – Пљакот (1851 – 25. X 1904) е македонски револуционер, член и крушевско-кичевски војвода на Македонската револуционерна организација. Бил четник во четите на војводите Ј. Пиперката (1899), М. Ацев (1900), Н. Русински (1901) и В. Марков (1902). По Ракитничката провала (1902) бил избран за крушевски војвода. Во Илинденското востание предводел 90 востаници од селата Сланско, Кошино и Горно Дивјаци. Водел жестоки борби со османлиската војска во месностите Слива и Кале. По Востанието води борба со српските чети во околијата. Опеан е во народните песни.

Ѓурчин Наумов Димов познат како Пљакот е роден во 1851 година во Поречкото село Сланско. Во 1896 го убива познатиот Мефаил ага, а потоа преминува во илегала. Во пролетта 1897 година заминува во Софија.

Во 1900 година заедно со Јордан Пиперката, Ѓурчин се враќа во Македонија и дејствуваат илегално. Станува четник во четата на Мирче Ацев. Учествува во ширењето на револуционерната мрежа во Прилепско и Крушевско, како и во ликвидирањето на муслимански разбојници. Во 1901 година за кратко е во четата на Никола Петров Русински, а од 29 август 1901 до 23 јули 1902 година – во четата на Крушевската војвода Веле Марков.

На 23 јули 1902 година учествува во борбата кај селото Ракитница, во која загинува војводата Веле Марков, како и поголем дел од четата, додека Ѓурчин Наумов и уште тројца четници успеваат да ја пробијат турската блокада. На 30 јуни 1902 година окружниот комитет во Битола го назначува Ѓурчин Наумов за Крушевски војвода.

За време на Илинденското востанието, Ѓурчин Наумов како искусен војвода играл значајна улога во правењето на планот за борбата за ослободувањето на градот Крушево. Тој предводел 90 востаници од селата Сланско, Кошино и Горно Дивјаци.

Крушево е ослободен по координарано напад врз касарната, пошта и општината. По заземањето на градот, во Крушево се сместил востанички штаб на регионот: Никола Карев, Никола Русински, Вељко Марков, Јордан Пиперката и Ѓурчин Наумов, а потоа им се придружуваат и локалните дејци Петар Ацев, Кирил Јанков, Антиноген Хаџов, Тодор Павлов и други. Со штабот раководи Никола Карев, со помошниците Тодор Христов, Томе Христов и Антиноген Хаџов, а сите четници се распределени во 8 одреди на Питу Гули, Ѓурчин Наумов, Марко Христов, Христе Тасев, Коста Христов, Ташко Карев, Тодор Христов и Андреј Докурчев. Единицата на Андреј Докурчев е оставен да чува државните институции, додека другите чети бранат премини кон градот откај Прилеп од настапувањето на турската војска.

Востаничките сили, иако бројат околу 1.200 комити, нема да успеат да го задржат градот и по советување на Горското началство со Привремената влада на Крушево востаниците се повлекуваат. Решителниот борба востаниците даваат во месноста “Слива“ и “Мечкин камен“. Востаничките чети се водени од Никола Карев, Питу Гули, Андреј Христов, Иван Наумов Алабакот, Ѓурчин војвода и др. И покрај силниот отпор градот паѓа во турски раце и со тоа се става крај на Крушевската република.

Ѓурчин Наумов – Пљакот кој водел жестоки борби со османлиската војска во месностите Слива и Кале, по востанието останува во Крушевско каде се вклучува во борбата против грчката и српската вооружена пропаганда.

По доаѓањето на Дамјан Груев и Ѓорѓи Сугарев од Ресенско, на 23 септември 1904 година, четите на Ѓорги Сугарев, Петар Ацев и Ѓурчин Наумов водат тешка борба со турскиот аскер кај Поречкото село Слатина. Во текот на борбата Даме Груев бил ранет, а при обид да го пробиат обрачот Ѓурчин Наумов – Пљакот е убиен заедно со четири четници. Ѓурчин Наумов – Пљакот е опеан во народните песни.

Најново од: Македонски легенди

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

Арсениј Јовков – илинденецот кој се бореше за Македонија со пушка, перо и филм

Арсениј Јовков (25 март 1884, село Селци, Струшко – 14 септември 1924, Горна Џумаја, Пиринска Македонија) бил македонски револуционер, илинденец, поет, публицист, новинар и филмски автор. Неговиот живот бил нераскинливо поврзан со борбата за слобода на Македонија, а неговото име останува запишано и во македонската револуционерна историја и во почетоците на македонската кинематографија. Арсениј Јовков […]

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

To top