Фељтон

Значајно поклонение на свети Кирил во вечниот Рим во 1970 година (16)

kim16-1

kim16-1

ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Илјада деветстотини седумдесеттата година ќе остане со златни букви во историјата на Светиклиментовиот гроб во Рим, на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на македонскиот христијански народ. Имено, во таа година, по повод празникот на словенскиот Апостол, по вторпат беше одржана поклоничка свеченост, на којашто присуствуваше поглаварот на Македонската православна црква Неговото блаженство архиепископот охридски и македонски господин Доситеј, кој на свечен начин ја откри спомен-плочата на гробот на свети Кирил, сесловенскиот просветител.

Владата на СР Македонија и Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија донесоа одлука видно да ја одбележат и овековечат благородноста и признателноста на македонскиот народ спрема свети Кирил Солунски со поставување спомен-плоча над неговиот гроб во римската црква „Свети Клнмент Римски”. Државната делегација ја сочинуваа: потпретседателот на Собранието на СРМакедонија г. Ванчо Апостолски, членот на Извршниот совет на СР Македонија и претседател на Републичката комисија за односи со верските заедници д-р Анте Поповски, секретарот на Бирото за односи со странство г. Димитар Колемишевски, потпретседателот на Македонската академија на науките и уметностите проф. д-р Харалампие Поленаковиќ и проректорот на Универзнтетот „Свети Кирил и Методиј” проф. д-р Димитар Грчев.

Црковната делегација, пак, ја предводеше поглаварот на Македонската православна црква –Охридска архиепископија, Неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г. Доситеј, заедно со членовите на Светиот синод на МПЦ митрополитите злетовско-струмички г. Наум и дебарско-кичевскиот г. Методиј. Двете делегации беа придружени од поголем број свештеници, од културни и јавни работници, како и од Камерниот оркестар при Филхармонијата на СР Македонија и Хорот на Радио-телевизија Скопје.

kim16-2
Рим

Уште со пристигнувањето на гостите во Рим, црковната делегација беше примена од претседателот на Ватиканскиот секретаријат за единство на христијаните, кардиналот Вилебрандс, во присуство на генералниот секретар на истиот Секретаријат, монсињор Хамер и секретарот на добротворната организација „Каритас интернационалис” Монсињор Баер.

Кардиналот г. Вилебрандс срдечно се поздрави со црковната делегација, и ја изрази својата духовна радост и и’ посака успех во светата народна мисија. Потоа, Неговото блаженство г. Доситеј од името на делегацијата и од свое име, ја искажа бладарноста за топлиот прием и христијанското разбирање и, меѓу другото, рече:

„Македонската православна црква не само што го почитува свети Кирил, туку и постојано  го чува во своите мисли и души неговиот светол лик. Тоа го правиме со големе христијанска љубов, лочит и благодарност кон сеслооснскиот просветител свети Кирил, кој потекнуаа од дамнешните предци на максдонскиот народ и овие денови ја чувствуваме големата христијанска и евангелска екуменскарадост што при Вас и Неговата Светост папата Павле VI наидовме насестрано разблрање за ова наше христољубиво и родољубиво дело“.

Потол, во дијалошка форма, кардиналот Монсињор Вилебрандс рече:„Ние сме запозпаени со историјата на вашата Црква и вашиот народ и се радуваме дека и вие работите врз јакнењето на екуменизмот во светот и премостување на се’ она што ги раздвојуволо христијаните, а прифаќање на она што ги соединува”.

На 22 мај 1970 година со Рим, Неговата сетост папата Павле VI ја прими во специјална аудиенција делегацијата на Владата на СР Македонија и Македонската православна црква. Приемот траеше околу еден час, Притоа поглаварот наМакедонската православна црква, архиетископот охридски и македонски господин Доситеј му ги прснесе на папата Павле VI поздравите од македонскиот народи Македонскатаправославна црква, заблагодарувајќи му се на аудиенцијата и срдечниот прием, и меѓу другото рече:

„Дозволете, Ваша Светост, срдечно да Ви заблагодариме на приемог и воедно да Ви ги пренесеме поздравите од македонскпот народ и од верниците и свештенството на Македонската православна црква. Исто така Ви благодариме што најдовте христијанско разбирање приВас и Вашите соработници, да можеме да поставиме и откриеме спомрп-плоча над гробот на сесловенскиот просветител свети Кирил во црквата „Свети Климент”, од името на благодарниот  и признателен македански народ.

Ние сме претставници на тој народ, кој во текот на својата национална и црковна историја преживел вековни ропства и благодарејќи на бесмртното дело оставено од рамлоапостолите свети Кирил и Методиј и нивните ученици успеал да го сочува своето нацнонално обележје, својот култ исвојата православиавера.

kim16-3
Фреска од црквата „Свети Климент“ во Рим

Нашиот народ и црква знаат што значи да се биде национално ицрковно поробен, па одејќи по зацртаниот пат на свети Кирил и Методиј и нивнитеученици, на чело со свети Климент Охридски, се залагаме за остварувањето на прокламираните екуменски принципи и Ве уверувме дека Македонската пра-вославна црква безрезервно го спроведува во живот и се стреми кон нивното полно остварување.”

Потоа, папата се поздрави со митрополитот господин Наум, кој меѓу другото рече: „Во нашата Митрополија каде што духовно раководиме, во градот Струмица се наоѓа голема светиња посветена на Светите петнаесет тивериополски маченици, со чија. вера нашиот народ се надахнуваше во текот на многуте ропства и успеа да ја сочува својата прадедовска православна вера и своите народни традиции”.

Продолжува

Пишуваат:

vera-slave
Д-р. Вера Стојчевска – Антиќ и Славе Николовски – Катин

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top