Фељтон

Откривање на спомен-плочата на свети Кирил Солунски во Рим (17)

kim17-1

kim17-1

ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Се поздрави со митрополитот дебарско-кичевски господин Методиј, кој, откако се претстави, во своето поздравно слово ја истакна големата црковно-национална улога на Светиклиментовиот град Охрид – „Мал Ерусалим и Сион за словенските народи” и нагласи дека Македонската православна црква ги негува традициите на св. Кирил и Методиј и нивните ученици св. Климент и Наум Охридски, нејзини основоположници, и настојува да ги спроведе во живот принципите на екуменизмот.

Поздравувајќи се со папата Павле VI потпретседателот на Собранието на СР Македонија г. Ванчо Апостолски, меѓу другото, рече: „Ваша Светост, позволете ми од името на Владата на СР Македонија и наше лично име да Ви заблагодариме за моралната и материјална помош што ја дадовте по катастрофалниот земјотрес  што го снајде Скопје и неговите жители, како и за другите пострадани места во нашата земја, и Ве уверуваме дека тој Ваш акт на христијанската солидарност ќе остане со особена почит длабоко всаден во нашите чувства”.

На приемот неговата Светост папата и’ упати на црковната и државната делегација на Македонија и на македонскиот народ една порака со следната содржина:

„Мошне сум среќен што можам да ја поздравам делегацијата на високи личности од Социјалистичка Република Македонија, која дојде на комеморација на големиот свети Кирил, кого, како и неговиот брат свети Методиј, оправдано го слават како апостол словенски, основач на словенската книжевност.

Свети Кирил беше голем апостол, кој знаеше на посебен начин да ја оствари рамнотежата меѓу барањето на единство и законот на различност. Тој го основа ова традиционално и неменливо начело: црквата ги почитува и ги прифаќа сите услови, сите извори, сите животни облици на народот, со кои се заветува Евангелието на Господа, прочистувајќи ги, зацврстувајќи ги и здружувајќи ги. Така свети Кирил и Методиј можеа да го постигнат Христовото откровение, и литургискиот и духовниот живот на христијаните да го одомаќинат во културниот живот на словенските народи.

kim17-2
Молебен на гробот на свети Кирил

Во продолжение на свечениот чин папата Павле VI рече: „Вдлабочување на Свети Кирил во јазиког и културата на словенските народи беше плод на долго и настојчиво проучување, постојано одречување, поткрепено со ретка генијадност, способно на тој јазик и на таа култура да и’ го даде првото писмо, што ќе послужи како адекватно средство да се изрази и прошири прекуСветото писмо.

Со тоа тој ги постави темелите на огромниот книжевен и културен развој, кој, се’ до денес, се прошируваше, разгрануваше, развој на кој вашиот македонски народ му даде голем придонес. Ние сме ви многу благодарни на вашата посета,

Иако свети Кирил, кој и натаму останува пример за денешните луѓе во настојувањетода се приспособат кон новонастанатите промени, ве вдахновува во вашите напори за слога и мир меѓу народите со различни култури и традиции„.

На крајот, папата топло им се заблагодари на своите гости за големиот и драгоцен подарок – оргинална икона „Св. Крштение на Господа Исуса Христа” од манастирот „Св. Богородица” с. Карпино-Кумановско, од XVI век, која ја симболизира културната самостојност на македонскиот народ, како и Светото евангелие (во кожни корици) печатено на македонски јазик, чија основа ја поставил свети Кирил.

Домаќинот им врачи подароци на своите гости, пожелувајќи им успех во нивната црковно-народна мисија.

По повод денот на св. Кирил и Методиј – 24 мај, на претпразненството на 23 мај 1970 година во Рим се одржа, очекуваната со голема радост и гордост пригодна свеченост во базиликата „Свети Климент” каде што веќе полни 11 векови се наоѓаат светите останки на св. Кирил Солунски.

Свеченостите почнаа со молепствието над гробот на свети Кирил, на кое чинодејствуваа поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски господин Доситеј и членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА: митрополитот злетовско-струмички господин Наум и митрополитот дебарско-кичевски господин Методиј со асистенција на дваесетмина свештеници од Македонија.

kim17-3

kim17-4

Претставникот на Владата на СР Македонија, потпретседателот на Собранието на СРМ г. Ванчо Апостолски и претседателот на Комисијата за верски прашања и член на Извршниот совет на СР Македонија г. Анте Поповски положија венец од Социјалистичка Република Македонија на гробот на свети Кирил.

На свечениот чин – молепствие и откривање на спомен-плочата присуствуваа и претседателот на Сојузната комисија за верски прашања во СФР Југославија г. Мило Јовичевиќ, југословенскиот амбасадор во Рим г. Срѓан Прица, членовите на Радио-телевизијата и Хорот и Филхармонијата на СР Македонија од Скопје и голем број културни и јавни работници, како и туристи, кои специјално допатуваа во Рим, за да учествуваат на оваа наша голема национална свеченост и на тој начин да му одадат почит на својот далечен и заслужен предок.

Архиепископот охридски и македонски господин Доситеј ја откри Спомен-плочата изработена во бакар на која на македонски и латински е испишан следниот текст:

„НА СВЕТИ КИРИЛ СОЛУНСКИ, СЕСЛОВЕНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛ СО
БЛАГОДАРНОСТ ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД”

Продолжува

Пишуваат:

vera-slave
Д-р. Вера Стојчевска – Антиќ и Славе Николовски – Катин

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top