Фељтон

Чествувања за свети Кирил и Методиј во Рим и во Македонија (22)

kim22-1

kim22-1

ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Во текот на значајното четврто поклонение на гробот на свети Кирил во Рим, митрополитот Кирил, срдечно ги поздрави присутните и притоа меѓу другото, рече: „ Со најголем пиетет и длабока молитва вчера се поклонивме прсд гробот на свсти Климент. Тој, заедио со своите соработници бил предвесник на духовна широчина и вистински екуменизам. Водеин од желбата ова поклонение да добие се’ пошироки размери и да му служи на екуменизмот, Светиот архиерејски синод на нашата Црква им се обрати со писмо на сите православни словенски цркви, оваа година да се направи заелнички молебен на гробот на свети Кирил. Тоа не се оствари, но ние веруваме дека во иднина и тоа ќе се прави”.

Завршувајќи го својот говор, митрополитот Кирил му подари на кардиналот Вилебрандс фреска со ликот на свети Климент Римски (фреско-копија), чијшто оригинал е изработен 1295 година и се наоѓа во црквата „Св. Климент Охридски” во Охрид. Тоа беше подарок од поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот Доситеј и од Светиот архиерејски синод. На крајот на кардиналот Вилебрандс митрополитот Кирил му ја пренесе поканата од поглаварот на Македонската православна црква да ја посети Македонија.

Незаборавен ќе остане и приемот кај градоначалникот на Рим, каде што се водеа пријателски и срдечни разговори, а по завршувањето на разговорите на двете делегации им беа предадени спомен-плакети лично од градоначалникот, кој беше љубезен  и на делегацијата и’ ги покажа сите знаменитости што се чуваат во Римската општина.

Потоа делегацијата беше примена од кардиналот Шепар во Конгрегацијата за вера, кадешто се водеа пријателски разговори. Во разговорот кардиналот Шепар рече: „Ако некогаш ми се пружи прилика, сакам да ја посетам Македонија, особено Охрид и вредните христијански светињи во него и околу него. Сакам да го видам Скопје, градот што толку многу настрада за време на      катастрофалниот земјотрес Ја следам неговата интензивна. изградба и се радувам што така брзо се обновува и изградува”.

Исто така, делегацијата на Македонија го посети Понтификалниот ориентален институт и имаше разговори со професорите и ректорот, монсињор д-р Иван Жужек, кој запознавајќи ги гостите со организацијата на Институтот и со дејноста на професорите, меѓу другото, нагласи: „Освен професорот Михшл Лацко, сите сме од западен грегоријански обред но сите имаме ориентален ум.

kim22-2

Без ова не би можеле да ја проучуваме духовната ризница на Источната црква. Имаме 34 професори, 51 редовни студенти над 80 слушатели. Студентите се од над триесет народности, половината се од Запад а другите од Исток, меѓу кои има студенти од Либан, Грузија и Ерменија. Студентите ги подготвуваме, главно, за професори во богословиите, на богословските факултети, за црковни великодостојници, егуменски работници и научни работници”,

Делегацијата на Македонската православна црква го посети и Словачкиот богословски институт „Свети Кирил и Методиј”, во придружба на професорот Лацко, кадешто беше пречекана од ректорот, патер Срефан со проофесорите и учениците, пред кои митрополитот Кирил говореше за улогата на светите браќа за сето словенство. Истиот ден делегацијата го посети д-р Антонио Јерков, директор на „Релациони Мачедониа” и „Релациони религиозе” голем пријател на македонскиот народ, со кого се задржа во подолг разговор.

Во текот на „Деновитс на македонската култура” во Рим беше отворена изложба на македонското народно творештво, која пред две години наиде на одличен прием во Париз. Изложбата ја подготви Етнолошкиот музеј од Скопје, а на неа беа прикажани 270 експонати од народното творештво: носии, везови, накит, кујунџиство, резба и грнчарство. Низ таа уметност, низ црниот и црвениот конец, како што пее поетот, изразена е маката и вербата на поробуваниот македонски народ во подобар и посреќен жинот. Д-р Кирил Пепушлиски преку предавањето за студентите од Ориенталниот институт во Неапол направи преглед на богатството од форми и содржини на македонските песни, игри, обичаи, усното кажување и друго.

kim22-3

Со своите концерти во Рим, Неапол и Терачино, „Танец”, пак, најцелосно ја заокружи темата. Преку својата спектакуларност, на италијанската публика живо и’ го презентираше македонскиот бит и уметност низ која е проткаена и макотрпната историја на опстојување и себедокажување. Римските дневници настапите на „Танец” ги забележуваа како своевидно доживување за римската публика.

„Дсновите на македонската култура” во Рим се обединети и во една публи-кација, којашто се појавува секоја година, а во која се поместени животот и делото на свети Кирил и Методиј и нивното општословенско дело, како и текстови за македонското народно творештво.

На 23 април 1972 година охридскиот и македонскиот архиепископ господнн господин Доситеј го постави камен-темелникот на Соборниот храм во Скопје „Свети Климент Охридски”. Првиот прилог од 1.000.000 динари го даде неговото блаженство Доснтеј. На значајната свеченост настапи хорот на Македонската православна богословнја „Свети Климент Охридски”. Во камен-темелникот беше поставена посебната повелба, потпишана од неговото блаженство архиелископот Доситеј и митрополитите.

На 30 септември и 1 октомври 1972 година во Охрид беше свечено одбележан петгодишниот јубилеј од автокефалноста на МПЦ. Чествувањето беше поврзано со празникот на седмочислениците: св. Кирил и Методиј, Климент и Наум, Сава, Горазд, Ангелариј.  Во црквата „Света Софија” беше одржана свечена духовна академија. Реферат поднесе неговото блаженство Доситеј.

kim22-4
„Свети Климент Охридски“ во Скопје

Во 1972 година денот на словенските просветители и светители, Кирил и Методиј, беше свечено одбележан во Перт, Австралија. На свечената академија за нивното дело говореше протоерејот Спасе Стефановски. Во програмата се вклучија и учениците од неделното училиште 11 Октомври”, со дела посветени на браќата св. Кирил и Методиј.

Доне Илиевски со делото „Автокефалноста на. Македонската православна црква”, Скопје 1972,  даде заокружена целина на развојните правци на МПЦ. Тој започнува со христијанизацијата пред доаѓањето на Словените, за времето од нивното дефинитивно населување, посебно запирајќи го вниманието кон периодот од словенската писменост. Охридската архиепископија, од нејзиното формирање па се’ до нејзиното укинување, зазема заслужен третман. Потоа следат хронолошките развојни периоди, се’ до прогласувањето на автокефалноста на МПЦ.

Никифор Робовски во своето дело „Старословенскиот јазик и старословенската. култура”, Македонија, август 1972, ги презентира чехословачките истражувања на средновековните словенски култури. Посебно го подвлекува трудот на д-р Анежка Видманова, која пишува: „Прв словснски литературен јазик на нашата територија станал македонскиот дијалект, близок на Константин…

Исто така и списание „Климентов збор” Торонто, 1972 година, кое беше орган на Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто и претставуваше продолжение на списанието „Духовна искра” што започна да излегува 1968 година. Првиот број се однесува на периодот јануари-јуни 1972 година и е печатен на 48 страници, на среден формат, на македонски јазик со кирилица, а кратка содржина на текстовите е дадена на англиски јазик. Списанието се печатеше со извесни прекинувања во периодот од 1978 до 1988 година и претставуваше вистински гласник на активностите на доселеницн во најголемата македонска колонија – Торонто.

Продолжува

Пишуваат:

vera-slave
Д-р. Вера Стојчевска – Антиќ и Славе Николовски – Катин

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top