Фељтон

Солунските браќа свети Кирил и свети Методиј (5)

kim5

kim5

ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ  – ХРИСТИЈАНСТВОТО КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму подоцна му се придружил и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивните мисии ги извршиле со голем успех, со цел да ги описменат словенските народи.

Константин, кој е познат со своето монашко име Кирил, за разлика од Методиј, не тргнал по стапките на неговиот татко Лав. Тој уште од детски и ученички години својот животен пат го насочил кон совладување на наставните предмети кои подоцна му овозможиле длабоко да навлезе во тајните на повеќе научни дисциплини и да се нареди до најучените луѓе на својата епоха. Лав и Марија му овозможиле на талентираниот Константин да се школува во солунските училишта во кои учеле само децата од богатите семејства.

По завршувањето на студиите на Цариградскиот универзитет во 847 година, Константин бил задржан на служба во Цариград. Станал библиотекар на Цариградската патријаршија, извршувајќи ја истовремено и функцијата секретар на патријархот. Меѓутоа, библиотекарско-секретарската должност не му лежела на срце на младиот филозоф Константин. Уште во 847 година тој ја напуштил должноста библиотекар и се засолнил во еден од манастирите близу Цариград. Но, византискиот царски двор не сакал да се лиши од услугите на Константин. Тој бил наговорен да прифати да биде професор по филозофија на Цариградскиот универзитет. Константин со задоволство ја прифатил професорската служба, зашто своите сестрани знаења можел да ги пренесува на своите студенти. Истовремено можел почесто да дискутира по многу научни прашања со Лав Филозоф, Фотиј и другите учени луѓе. За кратко време Константин стекнал голема популарност кај своите студенти и цариградската учена средина. Нему му бил доделен епитетот „Филозоф“ и станал познат како Константин Филозоф. Наскоро византискиот царски двор почнал да го ангажира и во извршувањето на важни државни мисии.

solun5
Солун – родниот град на свети  Кирил и Методиј

Првата мисија на Константин Филозоф била извршена меѓу Словените во Македонија во првата половина на IX век. Во науката таа е позната како Брегалничка мисија, затоа што, главно, се одвивала меѓу Словените кои живееле по текот на реката Брегалница. Тие биле дел од племето Струмјани што тогаш ги управувал Методија. Константин Филозоф како мисионер требало да го помогне својот постар брат во придобивањето на немирните Струмјани на византиска страна, во борба против агресивните Бугари. Повеќегодишната мисионерска дејност на Константин Филозоф меѓу Словените по текот на Брегалница, била крунисана во 855 година со создавањето на словенската азбука – глаголица.

Ова епохално откритие Константин го постигнал со помошта на својот брат Методиј. Создадената словенска азбука, која најпрво била наменета за Словените во Македонија, се состоела од 38 букви, од кои, како што запишал Црноризец Храбар, „едни биле составени по образец на грчките букви, а други, пак, според словенскиот збор“. Во почетокот генијалниот филолог Константин создал 32 букви, а потоа придодал уште шест. Тоа се случило уште додека дејствувал меѓу Словените по Брегалничката област, а особено во градот Равен, кој, исто така, лежел по течението на оваа река.

На тој начин, во овој дел на Македонија, Константин Филозоф заедно со својот брат Методиј ги поставиле темелите на словенската писменост. За животот и дејноста на словенските просветители најголем број податоци добиваме од делата: „Панонски легенди“, „Климентовото житие“ од Теофилакт, „Климентовото житие“ од Хоматијан и „О писменах“ од Црноризец Храбар.

europe-map5

Ви историските документи за свети Кирил и Методиј, меѓу другото, е запишано дека,Ростислав, кнезот на Велика Моравија, испратил молба до византискиот император Михаил III овој да испрати, епископ и учител, кој ќе им објаснува на нивни јазик за вистинската христијанска вера. Изборот паднал на светите браќа. Тие биле речиси подготвени и за оваа мисија, зашто голем број од светите книги веќе ги превеле на словенски јазик. Тие избрале достојни ученици и помошници и тргнале во Моравија. Таму биле пречекани со голема радост и со големи почести. Набргу потоа отвориле училиште, во кое ги подготвувале идните учители за западните словенски народи. Тука наишле на голем отпор од германски свештеници кои ги обвинувале за ерес.

Затоа, биле принудени да појдат во Рим и да го докажат своето правоверие. Во Рим биле примени со големи почести од папата Адријан II. Тој ги одобрил словенските богослужбени книги и наредил да бидат поставени во олтарот на црквата „Санта Марија Маџоре“ и во три римски цркви богослужбите да се вршат на словенски јазик. Кирил во Рим тешко се разболел и починал на 14 февруари 869 година. Методиј епохалното мисионерско дело меѓу западните Словени го продолжува сам со помош на своите ученици, кои во Рим биле ракоположени во свештенички чин. Непријателството од германските свештеници не престанувало. Истоштен од напори и измачувања, свети Методиј починал во Нитра, 885 година. Неговите ученици биле подложени на измачувања и прогони. Некои од нив биле распродадени како робови.

Делото на светите браќа по смртта на свети Методиј паднало во голема криза, но благодарение на нивните најдаровити ученици – свети Климент и свети Наум, охридските светители и чудотворци, учители и просветители, ползувајќи се со својот мисионерски метод, што имал за цел да им ја објави божјата вистина на новите народи, почитувајќи ја нивната културна самобитност, останал жив образец за Светата Црква и за мисионерите на сите времиња.

Светите браќа Кирил и Методиј успеале да станат апостоли на Словените. Тие сакале да му служат на доброто на сите словенски народи и на единството на Универзалната црква. За овие и вакви свои заслуги, во своето апостолско послание „egrigae virtulis“ папата Јован Павле II на 31 декември, 1980 година ги прогласил за копокровители на Европа, чиј покровител е свети Бенедикт, прогласен од папата Павле IV на 26 октомври, 1964 година.

Во пресрет на 1969 година, кога се навршуваа 1.100 години од смртта на сесловенскиот просветител свети Кирил Солунски, се роди идејата на 24 мај секоја година во Рим, со пригодна свеченост од името на македонскиот народ, да му се оддава должната почит на свети Кирил за неговото епохално дело. Во познатата базилика „Сан Клементе“, каде што се наоѓа скромниот гроб на свети Кирил Солунски, започна да се одвива церемонија во присуство на амбасадорите на СФРЈ при Република Италија, односно при Светата столица, со членови на колективите на амбасадите, Југословенската културна делегација, делегацијата на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, официјални претставници од редот на италијанските државни и верски органи, организации, институции и асоцијации, новинари и други јавни и културни работници, пријатели на СФРЈ и на Македонија, од Југославија на работа во Рим, странски туристи и групи верници од Македонија што доаѓаат да присуствуваат или да земат учество (црковни хорови) на овој редок и значаен настан. Тоа е трајно запишано на македонски и на италијански јазик на бакарната спомен-плоча поставена 1970 година, преку која веќе се чувствува превезот на патината на времето.

Свечената церемонија отпочнува со чинодејството што го изведува делегацијата на Македонската православна црква-Охридска архиепископија со асистенција на хорот на „Русикум“ од Рим и на македонскиот црковен хор. По пригодната беседа на шефот на делегацијата на Македонската православна црква, на гробот на свети Кирил се полагаат венци од амбасадорите на СФРЈ при Република Италија и при Светата столица и Југословенската културна делегација, а букети свежо цвеќе полагаат многубројните почитувачи на споменот и делото на свети Кирил Солунски.

sv-kliment-rim
Цеквата „Свети Климент“ во Рим

Сé до 1978 година, само СР Македонија подготвуваше програма поврзана со чествувањето на свети Кирил. Потоа манифестацијата доби нов и поширок организациски карактер, под наслов „Југославија во чест на свети Кирил“. Се одвиваа разновидни и богати програми во Рим, а дел од програмите на манифестацијата се изведуваа и во Неапол, Л’Аквила и во областа Лацио (Терачино), а секогаш е договарано и за нови видови соработка во областа на културата и науката (Равена, Сицилија и др.). Од 1978 година па наваму програмата и составот на Југословенската културна делегација го определуваше Меѓурепубличкиот координационен одбор за меѓународна културно-просветна соработка (МКО). По одлука на ова тело, координацијата и организацијата на оваа заедничка културна манифестација и беше доверена на СР Македонија, односно на Републичката комисија за културни врски со странство, а денес на Министерството за култура. Така,  откако е Македонија  самостојна и суверена држава, во манифестацијата редовно учествува делегација на МПЦ-ОА, како и претставници од областа на политиката, културата и науката.

Еден дел од програмата за престојот во Рим и надвор од него, односно протоколарниот дел, се покажа како многустрано полезен за двете страни. Престојот во Рим, мотивиран, пред сé, од желбата да му се укаже достојна почит на свети Кирил, се наметна како среќен повод и можност за воспоставување на непосредни контакти на Република Македонија со соодветни претставници на Република Италија.

Овие бројни средби дури и кога се од формална гледна точка, имаат протоколарен белег, тие имаат  позитивна мисија за подоброто меѓусебно запознавање и разбирање, што наполно се совпаѓа со заедничките интереси и желби – преку проширување на меѓусебната соработка – и натаму да се придонесува за продлабочување на заемната доверба и пријателска соработка. Досегашниот историјат на манифестацијата покажа дека престојот и програмата на Македонската културна делегација и на делегацијата на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, (во која авторот на овие редови бил пет пати на прием во Ватикан и кај папата Јован II), се одржува на мошне високо ниво. Започнаa и редовни средби и со поглаварот на Католичката црква – папата Јован Павле II, а денес  продолжуваат со папата Францис.

Продолжува

slave-katin-feljton
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top