На прво место

Филипче и Заев добија златни визи во Дубаи – како баксузи, сега богаташите бегаат од оваа земја

Македонска Нација

Дубаи со години важеше за еден од најпосакуваните дестинации за живот и бизнис на светската елита. Луксузот, високите облакодери, модерната инфраструктура, ниските даноци и статусот на глобален финансиски центар го претворија во магнет за милионери, политичари, инвеститори и бизнисмени од целиот свет.

Во последните години, јавноста во Македонија често го поврзуваше Дубаи и со информации дека поранешни и актуелни политички функционери, меѓу кои Венко Филипче и Зоран Заев, добиле т.н. „златни визи“ во Дубаи – статус што овозможува долгорочен престој, бизнис активности и бројни привилегии во оваа богата држава.

Во период кога многу граѓани во Македонија се соочуваат со економски предизвици, ваквите информации предизвикаа бројни реакции во јавноста и отворија прашања дали дел од политичката елита навреме си подготвувала резервна дестинација надвор од државата.

Но, иронично, токму во моментот кога Дубаи за многумина претставуваше симбол на сигурност, луксуз и стабилност, почна да се менува перцепцијата за безбедноста во регионот.

Со ескалацијата на конфликтите меѓу Иран, Израел и американските сили, расте стравот дека Дубаи повеќе не е недопирлива зона на мир и економска стабилност. Светските медиуми веќе објавуваат дека дел од богатите странци почнале да го напуштаат Дубаи, барајќи помирни и побезбедни дестинации.

Некои заминале веднаш по првите безбедносни закани, додека други постепено ги префрлаат својот капитал и бизниси во нови држави, стравувајќи од можна поширока регионална нестабилност на Блискиот Исток.

Симболично или не, излегува дека оние што мислеле дека пронашле трајна сигурност и луксузна иднина во Дубаи, денес повторно бараат ново засолниште.

Историјата многупати покажала дека ниту еден глобален центар на моќ, богатство и луксуз не е трајно недопирлив. Во време на геополитички тензии, безбедноста и стабилноста стануваат поважни и од парите, недвижностите и ексклузивните визи.

Ако е точна информацијата за златните визи на Заев и Филипче, граѓаните во Македонија прашуваат – каде ќе им биде следната дестинација?

Најново од: На прво место

Никој не му се плаши на Мицкоски – рече Филипче и се оддалечи на безбедно растојание

Изјавата на Венко Филипче дека „никој не му се плаши на Мицкоски“ ме потсети на деновите од младоста, кога двајца тинејџери ќе се скараа во маало, а работата ќе дојдеше до работ на тепачка. Во таквите ситуации, послабиот обично најгласно се обидуваше да покаже дека е силен. Ќе ги подвиткаше ракавите, ќе го кренеше гласот […]

Зошто се крие пратеникот и претседател на СДС Филипче кога се дискутира за суштински прашања за граѓаните и државата во македонското Собрание

Филипче ја замени собраниската дебата со прес-конференции, блокади и ширење страв Венко Филипче не е само претседател на опозициска политичка партија. Тој е и пратеник, избран од граѓаните и платен со парите на македонските даночни обврзници. Токму затоа, од него се очекува да биде присутен во Собранието, да учествува во суштинските дебати, да предлага решенија […]

Македонската дијаспора е жртва на блокадата на СДС, Левица и ДУИ

Блокадите што СДС, Левица и ДУИ ги спроведуваат во Собранието се насочени директно против граѓаните. Најголема жртва на нивната неодговорна политика е македонската дијаспора, која повторно е ставена во втор план поради теснопартиски интереси на СДС Левица и ДУИ. СДС, Левица и ДУИ со нивните опструкции на законските решенија што треба да ги олеснат административните […]

Европската Атлантида: Македонија – изгубениот „папок на светот“ што се обидоа да го избришат

„Македонска нација“ со особено задоволство ѝ го претставува на македонската јавност документарниот филм „Европската Атлантида? Изгубениот ‘папок на светот’ во земјата што се обидоа да ја избришат“. Станува збор за прекрасен и исклучително вреден документарец, кој преку впечатливи снимки, историски сведоштва и археолошки локалитети ја раскажува приказната за Македонија – земја со длабоки цивилизациски корени, […]

Мицкоски: Не го негираме сработеното, сакаме да изградиме уште повеќе

Премиерот порача дека реконструкцијата на Владата не е казна, туку продолжување на политиката на резултати, при што им се заблагодари на министрите за нивниот придонес и најави нова фаза во реализацијата на владината програма. Премиерот Христијан Мицкоски, обраќајќи се на 112. седница на Собранието посветена на реконструкцијата на Владата, истакна дека функцијата никогаш не смее […]

Султан Раев: Македонија е нераскинливо поврзана со Александар Македонски и со почит ја чува својата историја

Генералниот секретар на Меѓународната организација за турска култура – ТУРКСОЈ, Султан Раев, ја истакна длабоката почит што македонскиот народ ја покажува кон својата историја, оценувајќи дека токму тоа претставува едно од најсилните обележја на националниот идентитет. Во интервју за МИА, Раев рече дека ова е негова прва посета на Македонија и дека долго време посакувал […]

Собранието денес расправа за реконструкцијата на Владата, на дневен ред разрешувања и избор на нови министри

Премиерот Христијан Мицкоски ќе ги образложи причините за владината реконструкција, а пратениците ќе одлучуваат за повеќе кадровски промени во извршната власт Собранието денеска ќе ја одржи 112. седница, на чиј дневен ред како централна точка е реконструкцијата на Владата. Пратениците ќе расправаат за предлозите за разрешување на повеќе министри и заменици-министри, како и за избор […]

СДС, Левица и ДУИ бараат изговори за блокада на Изборниот законик

Опозициските партии не се за реформи, туку за политичка блокада и создавање алиби поради страв од изборен пораз СДС, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека не сакаат нов Изборен законик, туку продолжување на политичките блокади. Иако со месеци учествуваа во разговорите и во усогласувањето на текстот, во моментот кога требаше да се постигне конечен […]

Најнови вести

To top