Дијаспора

Македонија е АМАНЕТ и ЗАВЕТ!

ОКМ – (Ослободителниот комитет на Македонија) беше формиран во 1963 година. Подоцна се трансформираше во ДОМ – (Движење за Обединување на Македонија), а во 1972 година и во ДООМ – (Движење за Ослободување и Обединување на Македонија) со свое списание „Македонска нација“.

Во 2009 година списанието се трансформираше во порталот „Македонска нација“ www.mn.mk

ДООМ и списанието „Македонска нација“ беа и се  национална совест – глас преку кој прогонетите и обесправени Македонци од сите делови на разделена Македонија добија можност да сведочат и да ја кажат вистината. „Македонска нација“ беше симбол дека и далеку од родната земја, Македонецот може да се бори за нејзината слобода и достоинство.

Во време кога комунистичка Југославија го задушуваше македонското прашање, ДООМ преку списанието „Македонска нација“ зборуваше гласно и без страв.

ДООМ беше исто така идеолошкиот мост во 1990 година, кога се основаше ВМРО-ДПМНЕ. Драган Богдановски беше идеологот на ДООМ, а подоцна и на ВМРО-ДПМНЕ. Без ДООМ немаше да има ВМРО-ДПМНЕ. Тоа мора да се каже, тоа мора да се знае и никогаш не смее да се заборави.

Денес повторно се соочуваме со нови облици на старите страдања – негирање на македонскиот идентитет, бришење на историјата и асимилација под маската на „европски вредности“. Затоа духот на ДООМ денес ни е потребен повеќе од кога било.

Да ги чуваме и славиме ДООМ и порталот „Македонска нација“ како симбол на непокор, слобода и национално единство. Ние сме народ што не заборава. Македонија е аманет и завет што се пренесува од поколение на поколение. А во тој завет е запишано и името на ДООМ – како национална светлина, симбол на вистината, непокорот и обединетоста.

Денес порталот „Македонска Нација“ го продолжува тоа наследство. Како современ електронски гласник на македонската идеја, тој останува верен на идеалите на ДООМ.

Преку објавување историски вистини, анализи и сведоштва, „Македонска Нација“ ја чува меморијата на македонската борба, ја разобличува историската неправда и фалсификати.

Порталот „Македонска нација“ е широка национална трибина, отворена за секој Македонец и Македонка што сака да работи за доброто и иднината на Македонија.

Ние, Македонците, имаме должност да сведочиме, да потсетуваме и да пренесуваме. Да не дозволиме страниците на нашата историја да бидат избришани или фалсификувани.

Гоце Делчлев ќе каже: „Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?.

Македонија е АМАНЕТ и ЗАВЕТ!

Испраќајте историски текстови, анализи, колумни, обичаи од минатото и сведоштва, а ние ќе ги објавуваме и споделуваме со пошироката јавност.

Ете затоа повторно постои „Македонска нација“: www.mn.mk

Нашата e-mail адреса: Makedonskanacija@gmail.com

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top