На прво место

Филипче и СДС подготвени за нови отстапки кон Бугарија

СДСМ, Венко Филипче и луѓето околу него, според ВМРО-ДПМНЕ, за власт, моќ и амнестија за криминалите се подготвени на нови национални отстапки и предавства.

Од владејачката партија обвинуваат дека СДС уште од првиот ден доколку би дошол на власт би прифатил уставни измени со кои Бугарите би биле внесени во македонскиот Устав, иако, како што велат, тоа не е последното барање што доаѓа од официјална Софија.

„Следни на маса за отстапки ќе бидат македонскиот јазик, култура, историја и идентитет. На бугарските ултиматуми и диктати нема да им се гледа крајот“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се посочува дека Венко Филипче, според нив, свесно ја промовира тезата дека внесувањето на Бугарите во Уставот е единствениот услов за продолжување на европскиот пат на Македонија.

Од партијата обвинуваат дека Филипче се претворил во „главен лобист за прифаќање на бугарските диктати“, потсетувајќи на говор на бугарскиот претседател Rumen Radev од 2019 година, одржан на конференција во Русија, на која присуствувал и рускиот претседател Vladimir Putin.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Радев тогаш зборувал за македонската историја во бугарски контекст, тврдејќи дека Гоце Делчев бил Бугарин, а словенската писменост дошла од Бугарија.

„Во тоа време владата ја предводеше Зоран Заев, а Венко Филипче беше министер. Немаше никаква осуда за ваквите ставови, како што немаше реакција ниту за изјавите со кои Македонците беа нарекувани ‘северномакедонци’“, стои во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека бугарските власти немаат намера да застанат само на прашањето за Бугарите во Уставот, туку дека нивна цел е „редефинирање на македонската историја, јазик, култура и идентитет“.

Во продолжение на соопштението се наведува дека доколку СДС повторно дојде на власт, би се дозволило македонските револуционери Јане Сандански, Питу Гули и Даме Груев да бидат претставувани како дел од бугарската историја, а светите браќа Кирил и Методија како бугарски просветители.

Од партијата ги спомнуваат и поранешниот претседател Стево Пендаровски и Рубин Земон, тврдејќи дека нивните ставови се совпаѓаат со бугарските позиции околу македонската историја.

„Времето на предавствата, националните и идентитетските отстапки заврши. ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните нема да дозволи нови ултиматуми и уцени на штета на македонските национални обележја“, се наведува во соопштението.

Најново од: На прво место

Бесплатен роаминг за Македонците во ЕУ од 2027

Македонските граѓани би можеле да добијат бесплатен роаминг во земјите на Европската Унија од 1 јануари 2027 година, доколку процесот биде одобрен и финализиран од страна на европските институции. Ова го изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој посочи дека Македонија веќе ги завршила своите обврски и ја усогласила регулативата со европските директиви. Според […]

Честит Курбан Бајрам – празник на хуманоста, мирот и меѓусебната почит

Курбан Бајрам е еден од најголемите и најзначајни празници за муслиманските верници, празник што носи силна порака за хуманост, солидарност, пожртвуваност и меѓусебна почит. Во денови кога светот сè повеќе се соочува со поделби, неизвесност и духовна отуѓеност, вредностите што ги носи овој празник имаат уште поголемо значење за општеството и за луѓето. Курбан Бајрам […]

На Македонија ѝ е потребно национално обединување околу клучните државни интереси

Македонија е држава која мора да гледа напред – кон реформи, стабилност, економски развој и национално обединување, а не да останува заробена во циклуси на политички контроверзии, поделби и недоверба што со години ја оптоваруваат јавната сцена. Во јавноста постојано се отвораат прашања и дебати поврзани со поранешни високи функционери на СДС, нивните политики, одлуки […]

Мицкоски и Пленковиќ потпишаа Договор за стратешка соработка меѓу Македонија и Хрватска

Во рамки на официјалната посета на високата хрватска делегација, предводена од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, беше потпишан Договор за стратешка соработка меѓу владите на Македонија и Хрватска од страна на премиерите Христијан Мицкоски и Андреј Пленковиќ. Со овој стратешки договор, Македонија и Хрватска испраќаат јасна порака за зајакнување на меѓусебната соработка во повеќе области […]

Секое новороденче – нова надеж за иднината

Во време кога демографската криза станува еден од најголемите предизвици за Македонија и Европа, радува информацијата дека деновиве во Општата болница во Кавадарци за само еден ден се родија седум бебиња – четири машки и три женски. Оваа убава вест деновиве донесе радост кај семејствата, медицинскиот персонал и целиот Тиквешки регион. Од болницата информираат дека […]

Паметните се договараат пред да започне војната!

Постои едно непишано, но сурово точно правило во историјата на човештвото: разумот секогаш треба да дојде пред војната. Кога дипломатијата се отфрла, а силата се избира како прва опција, исходот никогаш не е вистинска победа, туку трагедија со одложена „мировна“ фаза. Војните не започнуваат затоа што нема можност за договор. Тие започнуваат затоа што некој […]

ФХЕМ пред европски студенти ја отвори темата за холокаустот на македонските Евреи и историскиот ревизионизам

Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија домаќин на интернационална група студенти од европски универзитети Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија (ФХЕМ) беше домаќин на интернационална група студенти од престижните европски универзитети Sciences Po, Humboldt University of Berlin, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и New Bulgarian University. Студентите присуствуваа на предавање посветено на холокаустот […]

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС во економијата е небо и земја

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите шест квартали обезбеди економски раст од над 3 проценти, додека паралелно платите растат со динамика близу 10 проценти, се зголемува бројот на нововработени лица, а невработеноста е на историски најниско ниво. Истовремено, Владата успешно се справува со предизвикот да го финансира развојот на економијата и паралелно да ги сервисира […]

To top