Фељтон

Александар Македонски (14)

am14-1

am14-1

ФИЛИП МАКЕДОНСКИ И НЕГОВИТЕ ВИЗИИ И ПЛАНОВИ ЗА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА

Современиот читател со изненадување ќе забележи колку оваа расправа за практичната политика се потпира врз аргументи од митската историја, a ocoбено врз легендата за Херакле. Но, со цел да се разберат античките Грци од тој период, треба да се навлезе во особеноста на нивниот менталитет, како што еднаш Јакоб Буркхардт формулира дека „митот беше идеална основа за нивното целокупно постоење”.

Дури и во најобичните политички прашања се правеа митски споредувања, па дури, како што Исократ овде делумно вели, да се формира митот во интерес на сегашноста и погледите на сегашноста да се проектираат според митските времиња, со цел да им се даде поголема моќ.

Оваа практика одигра голема улога во личниот живот на Александар Македонски. Додека Исократ во оваа расправа го прави Херакле толку голем како прадедо на Филип, не мисли единствено на Филип Македонски туку и на античката грчка јавност. Затоа ова отворено писмо до кралот, кое исто така кружеше како памфлет низ античка Грција, се очекуваше да има двоен ефект: на Филип Македонски да влијае за да биде водач на националната војна, а на античките Грци за да подготват јавно мислење за неговото раководење. Силното потенцирање на Филип Македонски како еден Хераклид, a co тоа и како вистински Елин, беше да се олесни целта: античките Грци да се потчинат на странско раководење.

Кога Филип Втори Македонски ја прочитал книгата, мора да му било добредојдено инсистирањето за неговото потекло од Херакле, па во својата политика тој мораше да го нагласува ова митско потекло, како што покажуваат најдените метални пари со ликот на Херакле. Но, од друга страна, пак тој се смеел на наивноста што ја покажал Исократ.

Според Исократ, каков резултат требаше да донесе војната што ја водеше Филип Македонски против Персија со античките Македонци и со обединетите античките Грци? Филип требаше да им служи исклучиво на античките грчки интереси: античките Грци од Мала Азија требаше да бидат ослободени; Мала Азија да се насели со бездомни антички Грци, со цел да се ослободи Античка Грција од своите економски и социјални неволи. Тоа богатство и изобилство на Исток требаше да го добијат античките Грци. Одвај само општо се најавуваше дека и Филип Македонски би стекнал моќ, слава и наклоност од античките Грци.

am14-2

Исократ веројатно го зел овој силен реалист како идеалист, каков што беше и тој лично, ако веруваше дека Филип Македонски би го извлекол својот меч за белите очи на античките Грци. Тој лошо го процени Филипа во еден правец, како што направи Демостен во друг, мислејќи дека целта на Филип Македонски е целосно уништување на Атина. Доколку Исократ ги знаеше тајните планови на Филиповата македонска политика, никогаш немаше да го напише своето дело „Филип”.

Од уште поголемо историско значење е и тоа што Исократ се сврте кон Филип Македонски, бидејќи е непобитно дека изврши влијание врз Филиповите натамошни дејствија. Иако овие сугестии за исполнување на чисто античко грчки желби можеа да бидат туѓи за Филип Македонски, чиј начин на однесување беше чисто македонски, делото „Филип” во целина несомнено му направи силен впечаток, па затоа со радост го поздрави.

Според тајните планови, тоа беше голем морален успех и можеше да има материјална корист. Исократ, како славен публицист и професор, имаше најголемо влијание сред јавното мнение на целокупниот антички грчки свет и можеше да го повика Филипа Македонски да ја води панелинистичката национална војна што многу ја посакуваа голем број Елини. Несомнено, Филип Македонски веднаш увиде дека идеите што му беа предложени имаа тесна врска со неговите тајни планови и цели, па затоа многу вешто ги модифицира со цел своите македонски намери да ги прикрие со панелинистичките барања.

Главната разлика меѓу неговите планови и програмата на Исократ беше во тоа што тој самиот во последно време размислуваше за доминацијата над античка Грција, со цел да ја поведе македонската освојувачка војна против Персија и сé друго во врска со својата империја, додека Исократ го претпочиташе помирувањето на античките грчки држави како единствена претпоставка за националната војна. 

Делото „Филип” често се интерпретираше во смисла на тоа дека Исократ му препорача на кралот обединување на античката грчка нација во една држава, или во Федерална држава, или во лига на држави, на чело со Филип Втори Македонски, а подоцна се покажа дека Филип уште на Коринт ја имал таа идеја на Исократ.

Меѓутоа, во расправата нема траги од ваков вид. Исократ, на пример, никогаш не помислуваше да се создаде политички обединета држава под раководство на Филип Македонски, туку едноставно да направи внатрешно обединување на Елада, за што го повика Филипа да го изведе во хармонија со античките грчки полиси кои требаше да дејствуваат смирувачки врз постојните антагонизми.

Погрешно е ако се верува дека панелинистичката идеја започна со цел обединување во една држава. Тешко е да се спореди Исократ со приврзаниците на идејата од 1848 година, кои подготвија подлога за германското обединување. Реално, и кај Горгија и во „Панегирик” на Исохрат (380) се бара помирување и внатрешна хармонија меѓу античките Грци. Во дадениот момент, како во петтиот век така и пред тоа, Елините немаа концепција за национално обединета држава.

Оваа замисла, што денес ни е толку многу блиска, не треба да биде внесена во грчката историја и да се зема како мерило за оценка на политичкото создавање на нација. Како Елини, античките Грци се чувствуваа обединети единствено со својата општа цивилизација, а врз тоа се потпираше и нивното национално чувство.

Додека Исократ го смета за можно внатрешното помирување на сите античките Елини-Грци со Филип Македонски, државникот Филип Втори Македонски, пак, не беше во состојба веднаш да согледа дека ова е сон на идеалист. Всушност, кога човек ќе направи ретроспектива на распалените внатрешни борби од поранешните децении, во кои античките Грци меѓусебно се распарчија, тешко може да се сфати како Исократ дошол до тоа верување.

am14-3

Co пријателско убедување, како што тој сметаше, ништо не можеше да се стори. Само силата би можела да помогне. На овој начин Филип Македонски изгледа прво сакал да го спроведе својот план на доминација над Античка Грција и да обезбеди мирни услови за живеење. Поканата на Исократ, меѓутоа, можеше само да му го потврди неговиот стар план за хегемонија над Античка Грција.

Од друга страна, тој можеше да ја усвои втората точка на планот од Исократ и да го преземе водството во панелинистичката национална борба. Ова несомнено беше необично пожелно за него. Тој можеше да ја прикрие својата порано замислена македонска војна за освојување на Азија со панелинистичко знаме и така со најдобар метод да ги придобие симпатиите на античка Грција, кои беа од големо значење за него и за неговата политика во културата, а и да добие морално оправдување за својата порано планирана доминација над Античка Грција.

Колку многу Филип Македонски ги искористи во својата политика поттикнувањата на Исократ се покажа во 338 година кога како победник кај Херонеја, повторно ја организира Античка Грција на Коринт и ги натера античките Грци да го дигнат оружјето против Персија. Филиповиот престиж во античка Грција беше многу зголемен веднаш по Мирот на Филократ и пред крајот на 346 година со успешното завршување на војната со Фокијанците, таканаречена Божја војна што ја опустоши централна Античка Грција за десет години.

Филип Македонски ги натера Фокијанците да капитулираат, беше прифатен во нивниот Амфиктионистички совет и според тоа признат како елинистичка сила. Наскоро потоа стекна доминантна позиција во Тесалија, станувајќи архон на Тесалиската лига. Во наредните години се гледа како силно војува и постигнува големи успеси.

По совладувањето на Одрисијанското кралство, обезбедувајќи ја својата нова територија со колонии како што беше Филипополис и проширувајќи ја својата сила до Црно Mope, тој направи напор да го стави тракискиот јужен брег во нов судир со Атина, која имаше витални интереси во тракискиот Херсонес, односно да го обезбедува снабдувањето со жито преку Црно Mope.

Политиката на Атина потоа беше маѓепсана од убедливото изразување на Демостен, кој, претставувајќи го особено атинското гледиште, многу одамна во Филипа Македонски виде непријател на својот роден град и не се срамуваше да се поврзе со Персија против него. Оттука, во Атина имаше различни мислења, дијаметрално спротивни погледи. Панелинистичката идеја за национална војна против Персија под раководството на Филип Втори Македонски доби приврзаници, особено во интелектуалните кругови, како што беше Академијата раководена од Спеусип, внукот на Платон.

am14-4

Меѓутоа, раководењето на политиката беше во рацете на Демостен и тој ја натера Атина на војна. Во интерес на своите прикриени планови, покрај сите провокации, Филип Македонски сериозно настојуваше колку што е можно повеќе да го избегне конфликтот со Атина. Co крајно внимание се обиде да постигне мирољубиво решение по пат на дипломатски преговори.

Иако Атина беше известена за неговите операции кај Херсонес и Босфорот, сепак војната изби, а атинските трупи во 340 година го натераа да изврши опсада на Византиум. Непосредно пред тоа, неговата опсада на Перинт, што е на северниот брег од Мраморното Mope, беше нарушена со интервенцијата на новиот непријател Персија.

Пред неколку години, со намера да војува против Персија, а бидејќи се подготвуваше за преминување во Мала Азија, воспостави тајни односи со Хермија од Атарнеј на другата страна од Дарданелите.

Но подоцна како лукав дипломат склучи договор за пријателство и со персискиот крал, со цел да ги неутрализира сомненијата од неговиот иден непријател. Од друга страна, пак, персискиот крал ги натера намесниците да ги поддржуваат Перинтијанците против Филипа, бидејќи се плашеше за своето владеење на Тракискиот брег.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top