Фељтон

Александар Македонски (19)

am19-1

am19-1

МЛАДИОТ  КРАЛ АЛЕКСАНДАР И НЕГОВОТО ВЛАДЕЕЊЕ ДО ВОЈНАТА СО ПЕРСИЈА

Наспроти големото возбудување што беше предизвикано од убиството на Филип Македонски сред огромното движење на масите во текот на величествената свадбена веселба во Егеј, сменувањето на монархот беше извршено на мирен начин. Верниот Антипатер, се раскажува, помогнал во смирувањето на луѓето, потенцирајќи ги големите квалитети на Александар Македонски.

Војската што ја водеше Александар Македонски и што победи во Херонеја, немаше ни најмало сомнение во него. И така, на собирот на античката македонска војска, која според старите привилегии имаше решавачки збор, Александар Македонски, кој тогаш имаше дваесет години, беше веднаш прогласен за крал, а притоа признат и за законски крал на Античка Македонија.

Младиот крал прво што презеде беше да го казни убиецот на својот татко. Има две верзии во врска со судбината на Паусанија. Прво, дека веднаш штом избегал бил брзо фатен и убиен, а втората, што е веројатно поприфатлива, е дека Александар Македонски, кој веднаш застанал на престолот во кралскиот двор, побарал да му го доведат Паусанија и бидејќи бил обвинет за големо предавство, го предал на судот на античката македонска војска, чие собрание го казнило со распнување на крст.

Подоцна, по свечениот погреб на Филип Втори Македонски во Егеј, беа убиени и други лица кои се сметаа за соучесници како казна за злосторот. Меѓу нив беа двајцата браќа на линкестијанската кнежевска куќа, Архабај и Херомен, кои беа обвинети за помагање во убиството на Филип Македонски со намера да го преземат престолот.

Се претпоставува дека Александар Македонски го поштедил третиот брат, Линкестијанецот Александар, бидејќи веднаш по убиството на Филип Македонски, тој го претпочита него како крал и го придружуваше до палатата.

Големата почит спрема Антипатер, кому Линкестијанецот Александар му беше зет, можеше да влијае врз младиот крал, кој се одлучи да му изрази доверба на овој Александар, бидејќи тој немаше врска со планот на своите браќа за убиството на Филип Македонски. Блискиот личен однос на кралот со Антипатер можеше да го задржи лојален.

Затоа, тој го избегна сомнението за соучество. Инаку, Александар Македонски немаше да му прости за овој злочин, но тој многу го почитуваше Антипатер. Дека линкестијанските принцови можат да се сметаат како можни виновници за убиството, се покажа кога подоцна Дарие му го вети на третиот брат Александар престолот на Античка Македонија, доколку го убие Александар Македонски.

am19-2
Александар Македонски на престолот

Безбедноста на престолот бараше и други жртви. Аминта, синот на кралот Пердика, на кого Филип Македонски му вети регенство, а потоа го отстрани, се’ уште беше жив. Бидејќи не беше следбеник на Филип Македонски, а многумина го сметаа и за законски наследник, Аминта по смртта на Филип Македонски стана опасен за престолот на новиот крал.

Затоа беа отстранети и тој и Каран, полубратот на Александар Македонски веројатно од првиот брак на Филип Македонски, кој можеше да биде опасен како претендент. Над се’ неполитичкото поврзување на Филип Македонски со Клеопатра, внуката на Атал, создаде голем роднински антагонизам кој можеше да биде и опасност за неговиот син Александар Македонски.

Пред да премине Александар Македонски во Азија, ги отстрани сите машки членови од тоа семејство кои можеа да му ја загрозат неговата позиција. Но, тој беше во незгода, кога Олимпија, за да ја задоволи својата омраза спрема ривалот, ја уби ќерката која штотуку Клеопатра ја роди и ја држеше во своите прегратки, а потоа ја натера и мајката да се самоубие.

Недоразбирањата од минатото, за кои Александар Македонски не требаше да се обвинува, беа причина да се пролее многу крв. Неговата решителност, меѓутоа, имаше голем ефект, така што се’ додека Александар Македонски живееше, неговиот престол и кралството во Античка Македонија не беа доведени во опасност.

Веста за смртта на Филип Македонски го привлече вниманието на целиот свет, но нигде немаше поголеми последици отколку во Античка Грција. Тоа се потврди по убиството на Филип, на приемот посветен на античкиот грчки амбасадор кој дојде во Егеј за свадбата, кога Александар Македонски на дипломатски начин изрази надеж дека Елините ќе го чуваат „лојалното чувство што го наследи тој од својот татко”, покажувајќи го своето знаење дека договорот за Лигата беше траен и дека тоа му дава законско право да биде хегемон на Лигата.

Но, во Античка Грција ова толкување на правата, покрај тоа што беа потврдени со заклетва, беше апсолутно запоставено по пристиг-нувањето на веста за убиството на Филип Македонски. Параграфите на Коринтскиот договор беа донесени многу набрзина и тешко можеа да извршат некакви измени во менталитетот на Елините.

Во многу делови од земјата се побунија противниците на Филип Македонски со надеж дека ќе можат да ја загрозат античката македонска хегемонија. Атина, поттикната од Демостен, одби Александар Македонски да ја води Лигата, надевајќи се дека ќе ја врати својата стара хегемонија во Античка Грција. Под влијание на поразот во Херонеја, Атина презеде позитивни реформи со цел да ја зајакне државата, не само финансиската администрација, што беше реформирана од одличниот Ликург, туку и во војничките работи.

Како што пруската општа служба ја следеше Јена, така и Атина по Херонеја институцијата на ефебичниот систем ја стави привремено да ја водат нови лица. На веста за убиството на Филип Македонски народот беше доведен од Демостен во една еуфорична состојба за слобода. Тој се појави пред масите облечен во бело и со венец на главата, притоа им изрази благодарност на боговите за радосната вест, а му беше оддадена почит и на убиениот Паусанија.

И дури на свадбената веселба во Егеј, Атињаните донесоа златен венец и издадоа декрет, ветувајќи дека ќе го предадат секој што ќе посегне по животот на Филип Македонски ако дојде во Атина. Меѓутоа, повикот за ослободување се прошири од Атина спрема другите Елини. Аетолијанците одлучија да ги повикаат сите кои беа прогонети од Филип Македонски, Амбрациотите ги исфрлија македонските гарнизони, Тебанците донесоа заклучок да ја ослободат својата Кадмеја. Исто така, имаше нереди и на Пелопонез, во Аргос, Елис и Аркадија.

Демостен водеше тајни преговори дури и со Атал, кој заедно со Парменион беше командант во Азија и, разочаран во своите надежи со стапувањето на должност кај Александар Македонски, стана негов животен непријател. Подоцна Александар Македонски го отстрани Атала, откако го докажа неговото предавство. Притоа, Демостен уште еднаш стапи во врска и со персискиот крал.

am19-3
Говор на Демостен против Александар

Кога слушна за овие помирувања и за револтот во Античка Грција, иако доби информации за опасноста од варварските народи на север, Александар Македонски веднаш се постави на чело на својата војска и влезе во Елада со силни маршеви и со одлука, до колку е потребно, докрај да се бори за своите права.

Така, кај него дојде до израз прво решителноста и брзината на акцијата, со што подоцна ги придоби своите следбеници. Неговото ненадејно појавување го пресече револуционерното движење уште во почетокот. Тесалијците, во чија земја тој прво дојде, не само што го избраа за владетел на својата федерална држава место неговиот татко, туку се изјаснија дека се готови да го признаат за хегемон на Античката грчка лига, а доколку е потребно ќе му дадат помош да ја казни Атина во корист на Лигата.

Во спогодувањето со Тесалијците Александар Македонски им го докажа нивното основно потекло од Ахил и Херакле, а интересно е да се види колку во почетокот оваа концепција за херојското потомство беше јасна за него, иако мора во исто време да се заклучи дека митот беше со политичко значење.

Потоа, Александар Македонски тргна кон југ и, откако ги победи Аенијанците, Малијанците, Додопијанците, ја окупира и Термопили, свикувајќи таму состанок на Анфиктионистичкиот совет. Тука, од собраните претставници на племињата го доби признанието хегемон на Лигата. Потоа, со брз напад влезе во Бојотија и по теророт над Тебанците го постави својот логор во близина на Кадмеја.

Радоста на Атина беше кратка и со ужас Атињаните констатираа дека Демостен направи грешка во пресметката за младиот крал, кого бесрамно го нарекуваше кралот глупчо, кој само знае да се шета во Пела.

am19-4
Александар Македонски во Атина

Co лутина Александар Македонски им постави ултиматум на Атињаните, давајќи им избор да војуваат или да го признаат за хегемон на Лигата. На веста дека Александар доаѓа кон Атика, подготвен за борба, Атињаните ја прифатија втората алтернатива, а преку својот амбасадор, го замолија да им прости што веднаш не го признаа за хегемон.

Демостен кој беше член на делегацијата, се чувствуваше виновен и не се осуди да се сврти со лицето кон Александар Македонски, туку се заврти кон Китерон. Притоа Александар Македонски беше задоволен што Атињаните се извинуваа. Тој го следеше својот сопствен пат, а како резултат на тоа што го учеше Аристотел, негуваше внатрешна љубов спрема Атина. Народот на Атина потоа му оддаде големи почести дури и поголеми од оние што му беа приредени на неговиот татко Филип Втори Македонски.

Тогаш Александар Македонски ги повика сите членови на Лигата, особено Пелопонезите, кои се уште не го имаа признато за хегемон, да испратат дипломатски претставници на Коринт, а во исто време таму свика состанок со присутните претставници. Исклучок за неговото признавање беа Спартанците, кои испратија горд одговор, во кој се вели дека уште од минатото нивните прадедовци имале обичај да не следат никого, туку тие да ги водат другите.

Подоцна, есента на 336 година, се одржа Вториот конститутивен конгрес на Коринт, на кој Александар Македонски го обнови договорот на Лигата преку дипломатските претставници на државите. Овојпат не беа потребни долги дискусии, како што беше пред две години. Во договорот покрај неколкуте формални промени, се измени само името, односно наместо Филип Втори Македонски се стави Александар Трети Македонски. Овој договор, како и поранешниот, беше вечен и се прошири на потомците на кралот.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top