Фељтон

Александар Македонски (30)

am30-1

am30-1

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ГИ ОСВОИ ГРАДОВИТЕ ДАМАКС И СИДОН

Александар Македонски пројави веднаш по битката кај Ис во писмото до Дариј како одговор на барањето на Дариј за предавање на неговото семејство и на неговата понуда за пријателство и сојуз. Ова писмо Аријан го презентира во една значајна автентична форма, а тоа е еден од најинтересните документи кој се однесува на животот на Александар Македонски.

Во почетокот Александар Македонски изјавува дека како избран хегемон на античките Грци ја окупирал Азија за да се одмазди “за злото сковано од претците на Дариј спрема Античка Македонија и спрема другите во Античка Грција“.

Потоа раскажува за непријателските недела што ги беа извршиле Окус, а потоа Дариj, против Филип Македонски и лично против него. Бидејќи сега, по победите на Граник и кај Ис, со милост на боговите ја поседува земјата и е господар на цела Азија, му дозволува на Дариј да дојде кај него и да го прими своето семејство. Во иднина Дариј мора да му се обраќа како на крал на Азија, а не како рамен на него. Доколку не се согласува со ова, му дозволува да војува но не и да бега, бидејќи ќе го фати каде и да е.

Историјата во наредните години покажа дека, всушност, беше прерано Александар Македонски да се смета за господар на цела Азија. Тој мораше да води уште една опасна битка за својата позиција. Но за да се сфати неговата природна дарба, важно е да се истакне дека уште под впечатокот на победата кај Ис и со целосна доверба дека би победил каде и да е, тој сега ја посакуваше цела Азија, Персиската светска империја и, се разбира, сé што му припаѓаше на Големиот крал, a ja бараше и титулата крал на Азија.

Наспроти ова, сега како и порано, тој самиот се сметаше за хегемон на Лигата, како што покажа и историјата во наредните години, титула што тој јасно ја истакнува во почетокот на писмото. Двојната природа на неговите цели е јасно изразена.

Природно беше што кај Александар Македонски се појави искушение по победата да го прогони избеганиот крал и така да ја присвои азискоатичката империја. Меѓутоа, персиската флота сé уште го контролираше морето и натамошното пробивање на Александар Македонски на копното претставуваше голема опасност и можеше да поттикне револт во Античка Грција. Кралот Агис од Спарта без причини се откажа од својата намера.

am30-2
Битка на македонската фаланга

Повторно човек треба да ѝ се восхитува на мудроста на младиот крал, кој се противстави на привлечната глетка што го мамеше да влезе без проблеми во кралските дворци на Ахеменидите, а остана верен на својот стар стратешки план: прво да го потчини медитеранскиот брег на Персиската империја, да ја лиши флотата од своите бази и со тоа целосно да го заштити својот грб откај Античка Грција. Затоа, од војничка гледна точка, прво требаше да го освои сириското крајбрежје.

Според тоа, од Ис тргна кон југ со својата главна војска за да ги покори градовите на брегот, а Парменион го испрати во Дамаск да го заземе градот и да го преземе богатството што го испрати Дарие таму. Во Дамаск, кој беше заземен со предавство, војничкиот сандак на персискиот крал падна во рацете на победникот.

Ова беше настан од најголема важност: финансиските грижи кои дотогаш го притискаа Александар, сега беа решени. Заедно со многуте пленици, амбасадори од Атина, од Спарта и Теба, кои беа дојдени кај Големиот крал пред самата битка кај Ис, испратени во текот на панелинистичката кампања, исто така паднаа во рацете на Александар Македонски. А тој, наместо да ги третира како предавници, покажа изненадувачка благост и благородност.

Во Мала Азија, надвор од античките грчки колонии, Александар Македонски мораше да општи со луѓе од старо потекло или со индо-германските племиња од последното доаѓање на Фригијците. Cera првпат влезе во семитскиот свет.

Во Сирија беа населени разни лози дојдени од Арабија пред повеќе векови, делумно во Канаанит, а делумно со последното арамаичко преселување, кои развија јасно определени и измешани култури. Оваа култура беше под влијание на север од Вавилон и Хитите, а на југ од Египет.

am30-3
Древниот Дамаск

Овде немаше антички грчки колонии, бидејќи во периодот на античката грчка колонизација Асирската империја не им дозволи на античките Грци да се населат на овој брег. Целта на Александар Македонски беше прво да ги заземе феникиските градови, бидејќи феникиските бродови со своите најдобри екипи заедно со Кипријаните го сочинуваа најдобриот дел од персиската флота.

Овие напредни економски градови на Феникијците, секој со свој крал, претставуваа мали независни држави, меѓу кои Сидон и Тир со години се бореа со променлив успех за хегемонија. Неколку години пред доминацијата на Сидон, Феникија се побуни. Меѓутоа, кралот Окус најпосле ги натера да му се потчинат, а Сидон беше уништен (350), но наскоро повторно беше обновен. Во тоа време Тир беше градот кој доминираше.

Северните градови, Арад, Библ и Сидон, веднаш ги отворија своите порти за Александар Македонски, додека само Тир даде поголем отпор. Месниот бог на Тир Мелкарт беше идентификуван од античките Грци многу одамна со нивниот Херакле, како што ни кажува Херодот.

Ништо не беше поприродно од тоа што Александар Македонски сакаше во Тир и на други места да принесе жртва на Херакле, прадедото на неговиот дом. Но, тој не знаеше што значеше за Тирјанците кога преку нивниот амбасадор ја изрази желбата лично да принесе жртва во храмот на Херакле што се наоѓаше на островот на градот Тир.

Александар не знаеше дека според ориенталските сфаќања со одобрување на ова барање Тирјанците би го признале како крал на својот град, бидејќи само кралот смееше да приложи жртва. Кога Тирјанците без објаснување одговорија дека ќе му дадат сé друго, но не и ова приложување на жртва и, веројатно верувајќи во докажаната непобедливост на својот град, изјавија дека нема да ги примат ни Персијците ни античките Македонци во градските тврдини и дека сакаат да останат неутрални.

Александар Македонски не можеше да види ништо друго освен непокорност во нивниот одговор и затоа одлучи да го заземе градот со напад, бидејќи тој не смееше да напредува кон Египет а да го остави овој главен град на феникискиот свет непокорен зад својот грб. Така во јануари 332 година ја започна опсадата на градот.

Освојувањето на кое исцело му се посвети беше многу потешко отколку што претпоставуваше. Тир се наоѓаше на остров, одделен од стариот Тир со мал ракав од морето, заштитен од сите страни со цврсти ѕидови и силна флота. Александар Македонски набргу сфати дека оваа островска положба може да се совлада само со изградба на бедем од стариот Тир до островот, со цел оружјето за напад да го приближи до ѕидовите.

Арно ама, наспроти извонредните напори и брзите маневри на непријателот, изградбата на бедемот одеше многу тешко. Тирјанците ги уништија првите утврдувања на насипот со брандер, но Александар Македонски започна веднаш да гради друг, подобар бедем. Практиката му покажа дека може да им се противстави на традициите на ориенталската инженерија чијашто моќ на опсада неговиот татко ја прифати од Дионис и имаше големи ефекти.

Инженерците на Дионис беа тренирани од Картагенци кои ја беа научиле таа вештина од феникиската татковина. Во овој занает на опсада и одбрана порано ориенталците беа многу посупериорни од античките Грци, поради тоа што асирскиот релјеф има рамнини. Всушност тие беа нивни учители.

am30-4
Древниот Сидон

Кога флотите на северните феникијски градови, на веста за поробувањето на нивните домови, ја напуштија персиската флота, а кога потоа истото го направи и киприотскиот контингент, Александар Македонски отиде во Сидон, ги обедини двете флоти кои дотогаш се бореа против него и ги поведе кон Тир, со цел да навлезат во градот откај морето.

Неговата стратешка идеја за отсекување на персиската флота од брегот беше брилијантна и оправдана. Така, ја испрати киприотската флота пред северното Сидонско пристаниште на Тир, а феникиските бродови пред јужното Египетско пристаниште.

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите и во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го претставиме историскиот роман „Александа Велики“ од германскиот научник Урлих Вилкен (Ulrich Wilcken ALEXANDER THE GREAT), преведен и прилагоден од англиски на македонски како „Александар Македонски“  од Славе Николовски-Катин, а во издание на Издавачката куќа „Мисла“ од Скопје, во 1988 година. Преводот на романот „Александат Македонски“ беше прво дело за Античка Македонија на македонски јазик и беше добро прифатен пред триесетина години.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top