На прво место

Мицкоски во Нови Сад: Македонците во Војводина се жив мост меѓу Македонија и Србија

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес во Нови Сад присуствуваше на свеченоста по повод 80 години од доселувањето и организираниот живот на Македонците во Војводина, испраќајќи силни пораки за зачувување на македонскиот идентитет, култура и традиција надвор од татковината.

Во своето обраќање, Мицкоски истакна дека овој јубилеј не е само одбележување на еден историски датум, туку сведоштво за истрајноста, достоинството и духовната сила на генерации Македонци кои успеале да ги зачуваат своите корени и тогаш кога животот ги одвел далеку од родниот крај.

„Постојат јубилеи кои не се мерат само во години, туку во човечки судбини, во спомени, во жртви, во надежи и во создадени домови. Осум децении организиран живот на Македонците во Војводина претставуваат приказна за истрајност, работа и достоинство, но и за луѓе кои успеале да изградат нов дом без да се откажат од сопствениот јазик, култура и припадност“, нагласи Мицкоски.

Тој посочи дека Македонците во Србија претставуваат жив мост меѓу двата пријателски народа и дека токму преку нив со децении се граделе довербата, блискоста и меѓусебната почит меѓу Македонија и Србија.

„Ако нешто претставува жив мост меѓу нашите народи, тогаш тоа сте токму вие – Македонците во Србија. Вие сте жив доказ дека блискоста не се создава со декларации и формални зборови, туку со живот, со доверба и со човечност која се градела низ генерации“, порача премиерот.

Во своето обраќање тој истакна дека Македонија се гордее со својата дијаспора и со придонесот што Македонците во Војводина го даваат во општествениот, културниот и економскиот живот на Србија, притоа зачувувајќи ја врската со своите корени.

Мицкоски упати порака за единство и заедништво на Македонците каде и да живеат, нагласувајќи дека тие остануваат дел од едно големо духовно, историско и културно семејство кое трае, памети и опстојува.

„Да испратиме порака дека човечката блискост е посилна од поделбите, дека културата е посилна од заборавот и дека идентитетот не се чува само со зборови, туку со живот, со љубов и со достоинствено пренесување на вредностите од генерација на генерација“, истакна тој.

На крајот од своето обраќање, премиерот им оддаде почит на генерациите Македонци кои во изминатите осум децении ја граделе и одржувале македонската заедница во Војводина.

„Нека бидат вечни споменот, делото и трудот на генерациите Македонци кои ја испишаа оваа осумдецениска приказна во Војводина. Нека биде вечна блискоста меѓу нашите народи. Нека живее заедништвото, почитта и пријателството“, порача Мицкоски.

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top