Фељтон

Александар Македонски (47)

am47-1

am47-1

ПОСЛЕДНАТА БИТКА ЗА КОЊОТ БУКЕФАЛ И ОТКРИТИЈАТА ВО ИНДИЈА

Во тој момент пешадијата на Александар Македонски, која во меѓувреме пристигна, го нападна центарот на Индијците каде што настана голема забуна, која стана уште пострашна кога слоновите, чии гоначи наскоро беа убиени од стрелците на Александар Македонски, се здивија и изгазија повеќе Индијци отколку непријатели.

Наспроти индискиот храбар отпор, крајот на ужасната битка беше нивно целосно уништување. На крајот беа опколени, а и притиснати од Кратер, кој во меѓувреме како генерал беше јасен и многу убедлив, посебно во оваа битка на Хидасп.

Кралот Пор, џинот на машката убавина, се бореше до последен здив со најголема храброст сé додека не беше ранет, истоштен и опколен од победникот. Тој се покажа како добар генерал со распоредувањето на војската пред и за време на битката, меѓутоа, тој сигурно не му беше рамен на генијалниот Александар Македонски.

Прикаската оди дотаму што вели дека кога Александар Македонски се сретна со него по битката и одушевувајќи се од неговиот добар изглед, го прашал како би сакал да биде третиран, а Порус одговорил, „како крал”. Дури ако ова е измислица, за што има веројатност, Александар Македонски, највитешкиот маж, кој не ценеше ништо толку многу кај непријателот колку витештвото, спрема него постапи како кон крал, без да му го потчини на некој намесник, а подоцна го прошири неговото царство до Хифасис.

Кралот Порус му возврати со верност до смртта. Политички беше од огромно значење за Александар Македонски кај овој моќен владетел да добие поддршка на својата власт во Пенџаб. Ситуацијата уште повеќе се стабилизира со смирувањето на старнте непријатели Порус и Таксил.

За да го зачува она за што се бореше, Александар Македонски изгради на реката Хидасп два антички елински града, еден Никеа (Победа), каде што успеа да ја премине реката, а другиот го изгради на местото каде што се водеше битката, именувајќн го Букефалија по својот прочуен коњ за јавање кој поради старост пцовиса таму. Беа организирани гимнастичко натпреварување и коњичка трка на брегот на Хидасп, со цел да се прослави победата.

am47-2
Последната борба на Бикефал

По долгиот одмор, Александар Македонски тргна кон исток и прво втаса до реката Ацесин, во која на југ се влева реката Хидасп и на крајот двете се влеваат во рецата Инд. Овде изврши набљудување со кое дојде до една географска хипотеза. Крокодилите од реката Инд го потсетуваа на Египет.

Кога кај Ацесин виде и египетски грав, а во комбинација со информацијата дека Ацесин се влева во Инд, заклучи дека се наоѓа во земјата од каде што извира реката Нил. Неговата радост за откритието ја спомна во едно писмо до мајка си, а веќе планираше да испрати експедиција во Египет по текот на реката Инд. Од ова може да се види дека тој и неговата свита ништо не знаеја за патувањето по реката Инд, кое според Херодот, го изведе Сцилакс од Карианда по наредба на Дарие I.

Згора на тоа, со овој заклучок јасно е осветлено целосното игнорирање од страна на Александар Македонски на јужната граница на Азија, особено на Индискиот Океан. Единствено подоцна погрешно може да се разбере делото од Клитарх во кое тврди дека Александар Македонски дури и на реката Хидасп, веднаш по битката со Порус, наредил да се изгради флота и да отплови во Големото Mope, a тоа е Индискиот Океан. Александар дотогаш не беше слушнал за Големото Mope.

По претпоставката дека Инд е Нил, тој слушна од тамошното население дека водите на реката Инд се влеваат во Големото Mope. Потоа, за да ја провери таа информација, Александар Македонски нареди да се изгради флота со цел да доплови до Големото Mope. Овие наредби тој ги испрати до реката Хидасп, бидејќи таму го имаше оставено Кратер со една дивизија војници да ги гради двата града.

Можеби новите вести за Јужниот Океан предизвикаа сомнение кај Александар Македонски во точноста на неговото сфаќање дека со напредување низ Пенџаб ќе мора наскоро да втаса до Источниот Океан. Аристотел погрешно мислеше дека океанот може и да се види од планината Хинду-Куш, а може да се дојде таму минувајќи ја долината Кабул.

Веројатно љубопитен да го реши проблемот со Источниот Океан, а бидејќи за изградбата на флота беше потребно подолго време, тој се упати кон исток. Александар Македонски брзаше да ги прими новите и изненадувачки информации кои поттикнаа многу сериозни одлуки. Во своето напредување ги потчини племињата на источен Пенџаб, често со не голем отпор.

Тој мораше многу да се бори со Катеанците за нивниот град Сангала, a no преминувањето на реката Хидраот се приближи кон Хифас, големата река на Пенџаб, каде што дозна од Фегај, кралот на тој регион, дека зад Хифас прво има пустина што може да се премине за дваесет дена, а потоа е големата река по име Ганг, најголема од сите индиски реки, на чии брегови живее воинствениот богат народ Прасијци и Гангаридци кои имаат илјадници слонови.

Порус, неговиот верен вазал, ја потврди точноста на оваа вест. Тоа беше првпат еден европеец да слушне за реката Ганг. Во тој момент дотогашното сфаќање на Александар Македонски за светот целосно се измени. Источниот Океан во кој се влеваше реката Ганг се оддалечи до неопределено растојание. Дали тогаш тој би се откажал од намерата да достигне до источниот – крај на светот?

Подоцна се претпоставуваше дека тој никогаш не ја имал таа намера, бидејќи неговата наредба да се изгради флота на Хидасп покажа дека во прв ред мислеше само на патувањето по реката Инд, а постои сомнение во тоа дека некогаш ја примил гореспоменатата информација за реката Ганг. Друго гледиште, меѓутоа, од одлични извори, сведочи дека Александар ништо не знаел за реката Ганг кога ја издал наредбата за изградбата на флота.

Исто така, се претпоставува дека по примањето на вестите, поради политички и воени причини, Александар Македонски се вратил назад од Хифас. Меѓутоа, ова гледиште е контрадикторно на сигурните извори. Според тоа, нема сомнение дека по примањето на вестите тој навистина сакал да ја покори државата Ганг, и таа определба мора да се има предвид при формирањето слика за Александар Македонски. Поинаку не ќе достига една карактеристика за него.

am47-3
Од патувањето на Александар по Индија

Меѓутоа, кога Александар дојде до Хифас и ѝ ги изложи на војската своите огромни планови, наиде на одбивање. Тоа не беше момент кога античките Македонци се противставија на кралската политика за освојување на светот, туку тоа беше одбивање како последица на големата физичка и интелектуална исцрпувачка.

Досега Александар Македонски со шарм на својата лична способност ги водеше со себе кон големите постигања. Единиците што го следеа од дома, според пресметките на Коунт Јорк фон Вартенбург, за осум и пол години од Амфипол до Хифас поминале 11.250 милји. Во секој случај тоа е подвиг на издржливоста. Александар Македонски сега беше соочен со невозможноста од преземање нов поход со своите сосем исцрпени војници.

Беспомошната ситуација и расположението на војската кај Хифас, главно, се објаснува со тропските врнежи кои непрекинато паѓаа дури и седумдесет дена во Таксила и се истураа врз нив без престанок.

На Александар Македонски му беше многу тешко да влезе во својот шатор, па безволно остана два дена, не можејќи да не се соочи со безнадежноста на својот план. Кога нареди да се приложи обична жртва за преминувањето на реката, а тоа се покажа неповолно, тој најави дека сака да се врати назад, што предизвика прекумерна веселба кај војската. Меѓутоа откако се совлада самиот себеси повторно ја стави состојбата под своја контрола.

Арно ама, одбивањето на античките Македонци негативно се одрази во неговата душа. Можеби токму тоа придонесе подоцна, но не се знае точно кога, да нареди 30.000 млади Персијци со посебна моќ и убавина да бидат избрани и тренирани со античко македонско оружје, со цел да се формира фаланга што прилега на македонската. Овие таканаречени епигони во 324 година веќе парадираа пред кралот во Суса.

Во спомен на неговото доаѓање до Хифас и за благодарност на боговите кои дотогаш победоносно го водеа, како и неговиот прадедо Херакле, кој ги изгради столбовите во далечниот Запад, Александар Македонски изгради дванаесет големи како кули олтари на брегот од реката. Од она што се однесува на Вавилон се дознава дека ова било за дванаесетте знаци на зодијак.

am47-4
Дванаесетте антички македонски богови

Всушност, тоа беа дванаесет богови на античка Македонија на кои им беа подигнати овие олтари. Потоа Александар Македонски го започна маршот назад кон Хидасп. Тој не се соочи со никакви тешкотии во оваа земја, која беше споена со кралството на верниот Порус. Во Ацесин дојде до градот што го носеше неговото име, каде Хефестион по наредба од Александар Македонски ја започна изградбата и го насели со тамошно население, а ги изгони наемниците.

Тука се сретна со дипломатскиот претставник на Абисар од Кашмир, кој му даде триесет слонови како подарок, кој сега беше признат за вазален принц на земјата, независен од Таксил, со титула намесник. Оваа состојба беше трајна, бидејќи и по смртта на Абисар (325) го потврди неговиот син како наследник кој го носеше неговото име.

Во меѓувреме двата нови града на реката Хидасп, Никеа и Букефалија, многу настрадаа од постојаните дождови, бидејќи беа изградени од плитари. Александар Македонски ги обнови со своите единици. Најнеопходно потоа беше да се заврши со изградбата на флотата што му ја довери на Кратер. Луѓето беа испраќани спротиводно по реката Хидасп во пределот на Хималаите, каде растат елки, за да го пуштат да плови градежното дрво што ќе послужи за изградба на бродови.

Кралот кој се откажа од одење кон Источниот Океан, сега копнееше да плови низводно по реката Инд, која според тамошното население се влеваше во океанот на југ. Беа направени големи напори за да се изгради флотата, која беше многу силна кога започна патувањето.

Флотата се состоеше од 80 бродови со по триесет веслачи, приспособени како воени бродови и стотици коњи за превоз, бродови за превоз на жито, како и други лесни бродови за луѓе или товар и други позајмени бродови од соседството, а кои сите заедно броеја најмалку 800 бродови.

Продолжува

s-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top