Дијаспора

Мои погледи КОН ДРАМАТА „ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНЕЦ“

Мои погледи КОН ДРАМАТА „ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНЕЦ“

Деновиве започна со прикажување на големото драмско дело „Последниот Македонец“ од популарниот драматург Душан Ристевски, а во изведба на Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј. Драмата, премиерно, се прикажа во Волонгонг, каде пред полната сала посетители, актерите со своите артистички квалитети ја задолжија публиката да ги награди со долготрајни аплаузи.

Изминатава сабота, на 24-ти ноември, Театарот настапи со истото дело и пред својата сиднејска пуплика во просториите на Полскиот клуб во Бенкстеон, каде посетеноста исто така беше на завидно ниво. Ова драмско дело „Последниот Македонец“, предизвика голем интерес во Македонската заедница во Сиднеј, Волонгон и пошироко, за кое покрај името на насловот, заслужни се и бројните гласила кои почесто ги промовираа програмските настапи на своите етерски и новински страници. Посетителите радознало очекуваа каков ќе биде квалитетот на изведбата и кој ќе биде „последниот“ Македонец, зашто во денешново време, со килавите политичари во Парламентот во Македонија, за влез во ЕУ и НАТО и покрај неуспешниот референдум, им претскажуваат „среќна“ иднина на Македонија и на македонскиот народ со промена на исконското име, со бришење на сопствената историја, со промена на Уставот…

Артистите настапија со љубов и почит кон своите карактери, а со тоа кај гледачите предизвикаа национална емоционалност и возбуденост од личностите што ги толкуваа. Во публиката, пак, можеше да се забележи револт на лицата и да се слушне липање и солзи во очите на покревките гледачи кои се соживеа со трагедијата на Македонците.

Честитки до авторот Душан Ристевски, кој покрај драми од комичен и социолошки карактер, има напишано повеќе драми и со печалбарски и национален карактер, по кое јас лично го именовав како Македонски Шекспир. Исто голема заслуги за квалитетно поставувањето на драмите на сцена има и режисерот Стефо Нанцу. Целиот тим функционира безпрекорно и за тоа нижи пофалби и признанија, а едно од нив е и признанието добиено од Владата на Нов Јужен Велс и повелба од претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.

На крајот да ја забележам изјавата на драматургот Душан Ристевски: „Оваа е грандиозна театарска изведба, прикажана со голема страст и со врвни актери. „Последниот Македонец“ е театарски сеопфатен повик на македонската нација која постојано се соочува со дискриминација од своите соседи и Европската зедница за едни горди и непокорни луѓе кои се изложени на нивно уништување“.

Инаку драмата „Последниот Македонец“ повторно ќе се прикаже во Рогдаел на 1,2 и 8 декември.

Иван Трпоски

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top