Фељтон

Александар Македонски (65)

Александар Македонски (65)

ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА КУЛТОТ БОЖЕСТВО КАЈ ДИНАСТИИТЕ ПО СМРТТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

Античката идеја за длабока почит спрема човекот со натчовечки достигнувања како божество беше воведена од Александар Македонски многу силно и без грешка од кога и да е порано. Последицата беше таа што кај наредната генерација по неговата смрт, античките Грци беа повеќе од кога и да е склони да покажат божествена почит во различни форми и степени кон луѓето кои направиле големи дела за нив, особено кон оние што ги еманципираа или едноставно ја прокламираа нивната еманципаиија.

Познатите примери покажуваат колку силни станаа овие идеи во античкиот свет по смртта на Александар Македонски како последица на неговата акција. Меѓутоа, ниеден од неговите директни наследници, ниту Птолемеј, ниту Селеук I, не бараше божествена почит за себе.

Првиот чекор за култ кон елинистичкиот крал беше прифатен од Птолемеј II Филаделф. Веројатно повеќе за да го покаже престижот на својата династија отколку од религиозни потреби, по смртта на својот татко, тој направи свој државен култ како „божествен спасител”, а исто така беше организатор и на големи прослави кои мораа да се одржуваат секоја четврта година и да се слават низ целиот антички свет.

Подоцна, кога почина неговата мајка Береника, тој ги спои своите родители во култот како „божествени спасители”. Исто така, кога неговата сестра и нејзиниот сопруг Арсиное II умреа во 270 година, тој формира државен култ кон неа како „божествена Филаделфа” (таа која го сака својот брат). Дотогаш само покојни членови на династијата беа воздигнувани на степен на божество, a врз основа на тоа што божеството го „отстранува” покојството, кралот го воспостави култот.

Сега Филаделф презеде решавачки чекор во напредувањето; создаде државен култ кон себеспасителот и кон својата мртва сестра, под името „божество брат и сестра”. Така, беше отворена вратата за идниот развој на птолемејскиот култ кон кралот. Од третиот Птолемеј наваму, кралот и неговата сопруга, веднаш штом ќе извршеа значајно дело во својот живот, добиваа заслуга како божество.

Култот на Митрас

Големите епитети на култот на овие Птолемејци, што Египќаните тешко можеа да ги репродуцираат во својот јазик, покажуваат дека овој култ на елинистичкиот крал е од чисто античко грчко потекло. Сотер (Спасителот), Еуергет (Добродетелот), Епифан (Богојавувачот) се поими на античката грчка религија. Култот, меѓутоа, како што погоре беше речено, имаше значење не само за античките Македонци и античките Грци, туку и за Египќаните.

Овие апотеозни Птолемејци, како соединение на богови, не беа соединети само со античките грчки богови, како Александар од Александрија, туку и со главните богови на египетските државни простори. Така, свештеници на Ис од островот Фила беа богови на Ис и на апотеозните Птолемејци. Култот ги обединуваше сите потчинети, без разлика на расата на која и припаѓаа. Може да се забележи религиозиа политика во чинот на воспоставувањето на култот кон Сарап за античките Грци и Египќаните што го направи Птолемеј I.

Примерот на Филаделф наскоро беше следен од Селеукидите, но формата на апотеозата беше различна според карактерот. Додека култот несомнено им беше даван само на мртвите, првите кралеви беа споредувани со определени богови. Така Селеук I, како Бог, беше опишан како „Селеук Зевс Никатор” (Освојувачот), а неговиот син Антиох I како „Антиох Аполон Сотер” (Спасителот). Но, култот на кралот не беше едноставно организиран во земјите на Селеукидите, како што беше во високо централизираното кралство на Птолемејците.

Изгледа античките градови имаа свои епонимички свештеници, додека во намесништвата на чело на култот стоеја архисвештеници. Невозможно е да се оди во натамошни детали околу различните форми на кралскиот култ во различни кралства, но неопходно е да се потенцира дека во Античка Македонија култот никогаш не беше признат.

Култ во Египет

Ова веројатно се должи на едноставниот и обичниот карактер на Антигон Гонат, но пред се’ на карактерот на македонскиот народ, кој, како што се гледа од случајот на Александар Македонски, беше сосем непријателски настроен кон овие антички грчки поими. Во источните подрачја кралскиот култ стави силни окови околу кралот и луѓето. Иако култот не може да се надомести со недостатокот на национално чувство, сепак ги обедини сите потчинети со длабоко почитување кон кралот како божество и создаде духовно единство во центарот во кој стоеше кралската куќа.

Овие елинистички кралства, чија просторна позиција едно до друго овозможи извесна рамнотежа во политичката ситуација на источниот медитерански свет, можеа успешно да им се противстават на Римјаните, доколку заедно ја задржеа својата значајна воена моќ и ако посветеа внимание на светската сила што се зајакнуваше на Запад.

Наместо тоа, преку континуирано соперништво, обично со отворено војување, тие се ослабеа меѓу себе, па така со успех беа голтнати од Римската светска империја. Така, овие големи монархии не успеаја да влијаат врз развојот на Римската империја, а идеите што потекнуваа од времето на Александар Македонски повторно беа актуализирани и реализирани во римската историја.

Во втората половина на третиот век пред н.е., кога елинизмот навлезе во Рим и рапидно се прошири во образованите кругови, брилијантната слика за светскиот освојувач Александар Македонски влијаеше и врз римското општество. Римајните беа оние што на Александар Македонски му ја дадоа титулата „Велики” (Магнус). На античките грчки историчари им беше оставено да направат споредба меѓу Александар Македонски и големиот Сципион Африкански, покорувачот на Ханибал и основачот на Римската светска империја.

Сципион и Александар

Тие го направија Сципион син на Јупитер Капитолинус, и му ја Пренесоа легендата за Александар Македонски дека е потомок на божја змија. Меѓутоа, за овие поими жестоко се расправаше и во римското општество. Подоцна светлата слика за Александар Македонски во римската литература беше затемнета со непријателско омаловажување.

Се’ уште мошне важен момент е тоа што светската империја на Александар Македонски и кралствата на Дијадохите влијаеја врз конечните планови на диктаторот Цезар. Co освојувањето на Галија, Цезар ги прошири границите на Римската империја до Атлантскиот Океан и Северното Mope. Кога по поразот на Птолемеј, неговите соборци го поставија за господар на империјата, Цезар планираше голем поход, првин против кралството на Гетите и Дакијците на реката Дунав, а потоа против Партијците, кои во тоа време владееја од реката Еуфрат до границата на Бактрија, каде што Индо-Скитијците ја држеа управата.

Co припојувањето на оваа империја кон Римската империја би се создала светска империја, слична на онаа што беше крајната цел на Александровите последни намери. Дека кај Цезар не беше единствен израз одмаздата за поразување на Крас, е прикажано во изјавите на неговите планови за поход. Co оваа војна, која требаше да биде војна со шеснаесет легиони, навистина имаше намера да го заврши освојувањето на светот.

По покорувањето на Гетите и Дакијците, намерата на Цезар беше да ја покори Партијанската империја во правец кон Мала Арменија, а очигледно со намера да ја освои целата империја, бидејќи, како што вели Плутарх, по освојувањето на Партијците тој мислеше да се врати низ Хирканија што беше припоена кон Индо-Скитијанската империја.

Понатаму, тој имаше намера да тргне по должината на Касписко Mope, за кое тогаш се претпоставуваше дека е залив на океанот, и по преминувањето на планината Кавказ да продолжи по должи-ната на Црно Mope, да ги покори земјите на европските Скитијци, да ги нападне Германците одназад, да ја прегази нивната земја и повторно да влезе во Италија од кај Галија. Co тоа, како што покажуваат изворите, тој би го заокружил римскиот глобус „така што империјата би била заокружена со океан од сите страни”.

Иако е веројатно, овие зборови одново ги репродуцираат идеите на Цезар, сепак тој би се нашол по стапките на Александар Македонски, кој толку многу пасионирано го бараше океанот на исток како граница на својата светска империја. Нема сомнение дека овие партијански планови на Цезар не случајно се совпаѓаат со плановите на Александар Македонски.

Цезар уште од својата младост беше голем љубител на Александар, постојано го имаше пред себе и него и неговата светска империја. Темелно различни беа овие две надарени природи: на многу постариот диктатор му недостасуваше нагонот на младиот освојувач, но сепак тие дојдоа значително блиску еден до друг со финалните планови. He беше судено плановите на Цезар да се исполнат повеќе од оние на Александар. Три дена пред да тргне во пресрет на својата војска, Цезар беше убиен од заговорниците.

Римската светска империја не можеше постојано да биде управувана според формите на Римската република. Ова беше потврдено во историјата од претходните децении, во кои републиканската конституција се докажа како поадекватна на потребите на светската империја, најголемата империја што дотогаш беше создадена.

Монархистичките аспирации на Цезар можат да се објаснат со условите на Рим во тоа време. Но, тој не можеше да ја формира својата монархија врз римските традиции. Дури и силната позиција што ја имаше кратко пред својата смрт како диктатор, со што всушност, ја укинуваше републиката, не беше во состојба да го задоволи. Која титула ќе ја земеше, доколку живееше подолго, многу е спорно прашање.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Фељтон

Мијаците под османлиска и српска власт

Улогата на селските првенци Мијачките населби имале свои првенци – познати и влијателни луѓе што посредувале меѓу населението и државната власт. Меѓу личностите што ги споменува Трајчев се Томо Ќаја, Ѓурчин и Сарџо. Нивниот авторитет не произлегувал само од материјалната состојба. Тие биле одговорни за одржување на редот, решавање спорови и заштита на интересите на […]

ОРЕШЕ – МИЈАЧКА КОЛОНИЈА ВО СРЦЕТО НА АЗОТ

Земјоделци, мајстори и чувари на мијачката традиција По описот на Папрадиште, Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“ се осврнува и на соседното Ореше. Двете села ги претставува како една поширока мијачка заедница создадена во областа Азот, во југозападниот дел на Велешко. Според податоците што ги пренесува авторот, Ореше било населено со мијачки семејства доселени […]

МИЈАЦИТЕ ОД ПАПРАДИШКАТА КОЛОНИЈА НЕ ПОДЛЕГНАА НА СРПСКОТО ЗЛАТО

Отпор против туѓата пропаганда „Последните години од турскиот режим Папрадиште беше често тероризирано, но Мијаците не подлегнаа на српското злато, ниту се уплашија од теророт на српските чети и го зачуваа своето национално чувство“ – пишува Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година. Меѓу мијачките населби на кои Трајчев […]

Карактерот и семејните вредности на Мијаците

Воздржаност, достоинство и добронамерност Во својата книга за Мијаците, Георги Трајчев го опишува Мијакот како воздржан, молчелив, добронамерен и благ човек, подготвен да помогне некому во неволја. Во неговиот опис, особено место заземаат чесноста, почитувањето на дадениот збор и грижата за семејниот углед. Воздржаноста не подразбирала отсуство на чувства. Тие најчесто се изразувале во семејниот […]

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

To top