Македонски легенди

Илија Милчин

Тихомир Каранфилов

Илија Милчин (19. VI  1918  – 11. III 2002) е македонски драмски, телевизиски и филмски актер, режисер, преведувач и публицист. Тој е еден од основачите на Македонскиот народен театар (МНТ), уметнички раководител и режисер на Обласниот МНТ во Горна Џумаја (Благоевград, Бугарија), за време на Културната автономија на Пиринска Македонија. Тој е еден од најголемите македонски актери.

Илија Милчин е роден на 19 јуни 1918 година во Прилеп. Дипломирал на Правниот факултет во Софија во 1942 година, а потоа на Музичката академија во Белград три години студирал на одделот за театрологија. Пред почетокот на Втората светска војна, во Прилеп формирал аматерска театарска група, чиишто членови кон крајот на војната се приклучиле кон Културно-уметничката група „Кочо Рацин“ во Горно Врановци во 1944 година.

Во 1944 година се вработил во Македонскиот народен театар во Скопјe. Во периодот од 1944 до 1947 година работел како драматург, а потоа како уметник и режисер во МНТ.  Во текот на 1947 и 1948 година бил театарски директор и режисер на Обласниот македонски театар во Горна Џумаја, за време на Културна автономија на Пиринска Македонија.

Во периодот од 1964 до 1969 година бил драмски директор на Македонскиот народен театар во Скопјe, како и професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а од 1969 до 1973 година, работел како хонорарен професор на одделот за актери при Високата музичка школа во Белград. По враќањето во Скопје повторно работел во Македонскиот народен театар, сè до 1983 година, кога се пензионирал.

Илија Милчин успешно работел како режисер, драматург и преведувач на драмски текстови. Тој преведувал дела од руски, хрватски, бугарски и француски автори.

Периодично бил член на Уметничкиот совет на „Вардар филм“, а првпат на филм се појавил како актер во Мис Стон (1958), а потоа имал бројни успешни актерски остварувања. Улоги: Јаго („Отело„“); Губернаторот („Смртта на Губернаторот“); Леоне („Господа Глембаеви“); Галиело („Галилео Галилеј“); Жак („Како што милувате“); Крижавец („Во агонија“);Тефик-бег („Гоце“) и др. Режии: „Длабоки корени“, „Црнила“; „Антигона“; „Три сестри“; „Малограѓани“; „Стаклена менажерија“; „Ученик на ѓаволот“; „На дното“; „Печалбари„“ и др. Филмски улоги во филмовите: „Јазол“; „Мис Стон“; „Мирно лето“; „Исправисе Делфина“ и др..

Илија Милчин е добитник на повеќе награди меѓу кои: „11 Октомври“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Јован Стерија Поповиќ“, „13 Ноември“, „Војдан Чернодрински“ и др. Тој е почесен член на Друштвото на писатели на Македонија.  Негов син е режисерот Владимир Милчин.

Илија Милчин починал на 11 март 2002 година во Скопје.

Најново од: Македонски легенди

Д-р Хаим Абраванел – лекарот што го посвети животот на човечноста

Еврејскиот лекар, интернист и кардиолог д-р Хаим Абраванел остави длабока трага во македонското здравство. Го преживеа холокаустот, загуби голем дел од семејството во Треблинка, а подоцна и своите деца во катастрофалниот земјотрес во Скопје. Д-р Хаим Абраванел е роден на 25 декември 1896 година во Пирот, тогаш во Кралството Србија, во многучлено семејство со 11 […]

Питу Гули – легендарниот војвода и херој од Мечкин Камен

Питу Гули е роден во 1865 година во Крушево, а загинал на 12 август 1903 година на Мечкин Камен. Тој бил македонски револуционер, член и војвода на Тајната македонско-одринска револуционерна организација и еден од најистакнатите учесници во Илинденското востание. Со својата храброст и подготвеност да се жртвува за слободата на Македонија станал легендарен јунак, опеан […]

Ѓорѓи Поп Андов,

Ѓорѓи Поп Андов (1903–1969) – лекарот што ја постави основата на современата фтизиологија во Македонија Ѓорѓи Поп Андов (1903–1969) е еден од пионерите на македонското здравство, лекар, фтизиолог и учесник во Народноослободителната борба. Особено е запаметен како основач и прв управник на Специјалната болница за туберкулоза во Битола, институција која одиграла клучна улога во борбата […]

Ѓорѓи Наумов, Блаже Рогозинаро и Кочо Десано – тројцата битолски револуционери обесени во Скопје

На 21 јули 1942 година, по пресуда на бугарскиот окупаторски воен суд, во Скопскиот затвор биле обесени Ѓорѓи Василев Наумов, Блаже Димитровски – Рогозинаро и Кочо Десанов – Десано. Тројцата биле истакнати учесници во македонското националноослободително движење и организатори на антифашистичкиот отпор во Битолско. На 21 јули 1942 година во Скопскиот затвор биле извршени смртните […]

Андреа Михал – свештеникот од Мала Преспа кого затворот не успеа да го одвои од Бога

Едмонд Темелко Точните податоци за годината на раѓање и упокојување на свештеникот Андреа Михал засега не ни се познати. Македонскиот свештеник од Мала Преспа, Андреа Михал, бил осуден на осум години затвор затоа што одбил да ја предаде својата свештеничка одежда за исмевање на православната вера. По падот на режимот на Енвер Хоџа, неговата најголема […]

Сократ Маркилов – непокорениот Македонец кој животот го посвети на Македонија

Сократ Данаилов Маркилов е една од најсветлите и најтрагичните фигури на македонското национално движење во Пиринска Македонија – човек кој поминал години во бугарските затвори, доживеал тешка семејна трагедија, но никогаш не се откажал од македонското име, идентитет и кауза. Роден е на 12 април 1921 година во селото Бутково, Валовишко, познато и како Демирхисарско, […]

Виктор Самуел Мизрахи – Евреин кој ја сакаше Македонија и работеше за нејзината добробит

Роден 1950 година во Скопје, почина 1 септември 2022 година во Скопје „Да се живее со достоинство, чест и образ на земјата, значи да се има мир на небото.“ Животна мисла на Виктор Мизрахи, пренесена од неговата ќерка Рашела по неговата смрт. Постојат луѓе што не ја докажуваат љубовта кон татковината само со зборови, туку […]

Коле Канински

Никола Тодоровски (18. I 1914 – 22. VI 1944) македонски комунист, учесник во НОБ. Еден од најистакнатите партизани и раководители на Народноослободителната борба во Битолскиот Регион. Загинал како политички комесар во Првата Македонско – Косовска бригада, при експлозија на мина на 22. јули 1944 година во село Брунец, кај Караорман. Никола Тодоровски, познат како Коле […]

To top