Македонски легенди

Кирил Македонски

Тихомир Каранфилов

Тихомир Каранфилов

Кирил Македонски (19. I 1925 – 2. VI 1984) е македонски композитор. Тој е автор на првата македонска опера „Гоце“ (1954), како и на оперите „Цар Самоил“ (1968) и „Илинден“ (1973). Покрај камерни творби, тој пишувал музика и за радиодрами, театарски пиеси, краткометражни филмови, како и за играниот филм „Македонска крвава свадба“.

Кирил Македонски е роден на 19 јануари 1925 година во Битола. На 11-годишна возраст почнал да свири виолина. По завршувањето на основното и средното образование, во 1947 година почнал да студира на Музичката академија во Загреб кај Красто Одак, а дипломирал во Сараево во класата на Иво Баркановиќ. Магистрирал во Љубљана кај Луцијан Шкерјанц. Во 1970 година студирал шест месеци во Варшава со стипендија од полската влада, а во 1974 година се усовршувал на Меѓународниот курс за современа музика во Дармштат (Германија)

Покрај компонирањето, Македонски се занимавал и со педагошка дејност. Работел како професор во Битола и во Скопје на Педагошката академија „Св. Климент Охридски“.

На македонската музичка сцена, Кирил Македонски се појавил во почетокот на педесеттите години, кога се јавуваат неговите први посериозни композиции („Адаџо и фуга“ за гудачки оркестар, хорските творби „Орлите на Македонија“, „Вена“, „Долетале, долетале“, „Хумореска“). Вниманието на музичката јавност ја предизвикал со појавата на неговата симфониска поема „Танчарка“ (1951).

Успехот го охрабрил тој да создаде и македонска опера, прва во македонската историја. Операта „Гоце“ во Народна Република Македонија се појавува и изведува во 1954 година, и има извонредно историско значење за македонската музика.  Покрај „Гоце“, опера во четири чина, Кирил Македонски е автор на уште две опери: „Цар Самуил“ од 1968 година и „Илинден“ од 1973 година. На подрачјето на оркестарската музика, освен симфониската поема „Танчарка“ во 1952 година, значајни се и петте симфонии.

Покрај камерни творби, Кирил Македонски пишувал музика за радиодрами, театарски пиеси, краткометражни филмови, како и за играниот филм „Македонска крвава свадба“.

Во последните децении од животот, во периодот од 1977 до 1982 година, се посветил на истражувањата од областа на музичката психологија, поконкретно – музикотерапијата. Во текот на тие пет години напишал низа текстови и реферати посветени на прашањата на музикотерапијата. Создал и музички дела за третман на различни видови болести. Станал член на меѓународните асоцијации од оваа област кои му доделија посебни признанија.

Кирил Македонски починал на 2 јуни 1984 година во Скопје.

Најново од: Македонски легенди

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

Антон Лазов Јанев – Ќосето

Антон Лазов Јанев (25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета. Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа […]

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

To top