Панде Манојлов
МАКЕДОНСКИ ТЕ ЉУБАМ
Во ветрот
што дува и корне
и во ветровито време
те љубам
Татковино моја!
Те љубам тебе
и родот мој,
го љубам
од длабоки реки
до височини вишни!
Езера со далги
и снегови
на планини вишни,
усни се
што бакнуваат и гризат…
Со дланки
милуваат
полињата родни,
лозјата
на ридот…
На ракија
со пријателот,
на кафе
со комшијата
комшиски и братски…
Катаден не лажат,
катаден не мамат,
и не грабат
и не арчат
и пак парчат…
Зимско студенило!
Белосветска жега!
Порои
и во матни води
некој не турка, не дави!
Ако!
Не сме сираци
на денот!
Ние сме, господо,
Македонци!
Утрото
посветло е од ноќта!
Љубовта –
појака
од клетва!
И во ветрот
што дува
и европски што корне,
македонски те љубам
Македонијо моја!