На прво место

Николовска до Ленче Ристоска: Бевте десна рака на Катица Јанева во СЈО, апсолутно ништо не испорачавте, се однесувавте како да апсите терористи од највисок ризик

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на Телевизија 24 гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска се осврна на начинот на кој функционирало СЈО, неговото постапување во текот на истрагите и односот кон осомничените. Николовска потсети и на постапувањето во предметите поврзани со корупција.

„Вие секојдневно излегувавте на јавни пресови и објавувавте кривични пријави, помпезно, спектакуларно, и сега ми кажувате да ја прашам Катица Јанева. Знаете како изгледаа претреси кај осомничените, како да се апсеа терористи од највисок можен ризик. Доаѓате на сослушување и вас ви се смешка обвинителот. Во покана не пишувавте во кое својство го повикувате лицето. Вие бевте дел од тоа СЈО“, рече Николовска.

Според неа, СЈО е пример за селективна правда, а посочи и на поврзаноста на Ристоска со Катица Јанева и ѝ постави прашање колку предмети за политичка корупција биле успешно решени.

„Вие зборувате за транспарентност, за високи корупции, а не сакате да признаете како постапувавте. СЈО е најголемиот неправен парадокс. Вие бевте како институција и ја имавте Катица Јанева на чело. Сите зборуваат дека вие бевте десна рака на Катица Јанева. Освен селективната правда, да не речам целосна неправда, што ја испорачавте, апсолутно ништо друго не се испорача, ниту еден успех“, посочи Николовска и додаде:

„Постапувањето на СЈО е резултат на сите овие работи. Катица и вие бевте едно исто, за која корупција зборувате? Колку предмети решивте за политичка корупција?“

Николовска: ДЗР утврди дека СЈО исплаќало плати и надоместоци спротивно на закон

„Дали може да ни објасните за бонусите кои ги земавте од СЈО и додатоци за тајност? Јас тоа го прашувам од еден друг аспект, бидејќи јас исто така водев еден предмет кај што беше гонета одредена особа за исто такви некои додатоци, надоместоци и тоа од обвинител исто, нели, постапува од СЈО, којшто притоа од она што беше пласирано во медиуми. Јас не знам, не тврдам дека биле земани бонуси, односно додатоци за тајност. За мене како адвокат, читајќи го и Законот за јавно обвинителство и Законот за Специјалното јавно обвинителство, па сметам дека една од основните работи во постапувањето на секој јавен обвинител е точно да ги чувате податоците до коишто дошол во своето работење и да не ги изнесува“, изјави Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во дебатната емисија „Анализа“ на 24 ТВ.

Николовска се осврна на работата на поранешното СЈО, односно постапувањето за предмети од висока корупција, потенцирајќи дека „според конечниот извештај за извршена ревизија на усогласеност на плати и надоместоци и други надоместоци во СЈО, каде што токму за овој додаток се утврди дека во тој период, да не згрешам, од јануари 2016 до септември 2019 година, точноста на пресметките, евидентирањето и исплатата не се во согласност со релевантната законска регулатива.

Дали е ова во ред?“

Николовска нагласи дека според ревизорскиот извештај за усогласеност на плати и надоместоци и други надоместоци во СЈО, како што кажа, во периодот 2016–2019 година, точноста на пресметките, евидентирањето и исплатата не биле во согласност со релевантната законска регулатива. Таа додаде дека СЈО ги чинело граѓаните и оваа држава милионски суми, без конкретни испорачани резултати.

„Овдека, од она што се читаше, од она што беше достапно во јавноста, се зборуваше за навистина огромни суми. СЈО ги чинеше граѓаните и оваа држава милионски суми за нешто што не се испорача, значи нула резултат“, рече Николовска.

Најново од: На прво место

„Патување до корените“ – филм, изложба и средба со Петро Алексовски во Скопје и Охрид

Во организација и со поддршка на Амбасадата на Република Полска во Скопје, Општина Охрид и Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, на 23 септември во Скопје и на 24 септември во Охрид ќе се одржи културниот и меморијален настан „Патување до корените“. Срдечно ве покануваме на едно посебно културно патување – „Патување до корените“, […]

Владиката Петар искрено за случувањата во Цариградската партијаршија: АЈ ШТО НЕ’ ТЕПАТЕ, АМА НЕ НИ ДАВАТЕ НИ ДА „ПЛАЧЕМЕ“!

„за македонските работи“ со љупчо цветановски Митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар отворено проговори за случувањата при средбата во Цариградската патријаршија, посочувајќи дека македонските црковни претставници со години трпеле понижувања и неправди, но останале доследни во барањето за канонско признавање на Македонската православна црква. Во емисијата „За македонските работи“ со новинарот Љупчо Цветановски на ТВ Алфа, владиката […]

Од идеолошка доктрина до парламентарно негирање на македонскиот јазик

Бугарскиот национален проект за поништување на македонскиот идентитет и неопходноста од Македонска национална платформа Денес веќе не се соочуваме само со спор околу неколку историски личности или реченици во учебниците. Пред нас стои долгорочно изградена политика. Таа тргна од идеолошки текстови, помина низ официјални државни позиции, помина низ дипломатски условувања и стигна до европски механизми […]

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо СДС да шири паника, нека ги погледне фактите – пензиите се повисоки за 7.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ реагира на изнесените ставови на СДС за состојбата со пензискиот систем, порачувајќи дека наместо да се создава страв кај пензионерите, треба да се погледнат бројките и редовноста на исплатата на пензиите. Според ВМРО-ДПМНЕ, пензионерите денес имаат конкретни резултати што можат да се измерат со бројки, а не со дневнополитички обвинувања. „За помалку од две […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Мицкоски во Вашингтон: Средби со конгресмените Кит Селф и Клаудија Тени

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во рамките на посетата на Соединетите Американски Држави оствари средби со американските конгресмени Кит Селф и Клаудија Тени. Во фокусот на разговорите беа стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, парламентарната соработка и можностите за натамошно продлабочување на односите меѓу двете држави. Премиерот Христијан Мицкоски ја започна серијата средби во […]

Охридското Езеро доби свој именик на Титан

На 16 септември 2010 година Меѓународниот астрономски сојуз официјално го одобри името Ohrid Lacus за едно од езерата на Титан, најголемата месечина на Сатурн. Името е дадено според Охридското Езеро во Македонија, најстарото природо езеро во Европа. Со ова, името Охрид стигна и на картата на Сончевиот Систем. Ohrid Lacus се наоѓа во северната поларна […]

Манасиевски: За кубење коса четири години, за 150 ќебапи три, а за Ласкарци, Модуларна и Мазут нема одговорност

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција обвини дека во дел од македонското правосудство постојат двојни аршини и побара законот да важи еднакво за сите. „За кубење коса се добиваат четири години затвор, за кражба на 150 ќебапи три години, а за Ласкарци, Модуларната болница и случајот Мазут – одговорност нема“, изјави портпаролот на […]

Најнови вести

To top