На прво место

Мицкоски пред средбата со Кошта: Нема повеќе авантури без гаранции за Македонија

Премиерот порача дека Македонија останува на европскиот пат, но без нови отстапки и неизвесни ветувања.

Премиерот Христијан Мицкоски во пресрет на средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, испрати јасна порака дека Македонија повеќе нема да влегува во политички процеси и отстапки без однапред да биде сигурна во конечниот исход.

„Немам намера како претседател на Владата да поддржам авантура, без притоа да знам дека ќе има извесен крај“, изјави Мицкоски, нагласувајќи дека државата веќе има горчливо искуство од претходните години кога беа правени крупни отстапки под ветување за побрза европска интеграција.

Неговата порака до европските претставници е дека Македонија останува посветена на европскиот пат, но дека повеќе нема да прифаќа решенија засновани на нејасни ветувања, дипломатски формулации и неизвесни перспективи.

Според Мицкоски, македонските граѓани веќе еднаш ја платиле цената на политиките кои се темелеле на верување дека секоја отстапка автоматски ќе донесе напредок кон Европската Унија. Наместо тоа, по промената на уставното име, следуваа нови блокади, нови условувања и дополнителни барања.

Токму затоа, Владата сега бара јасни гаранции и предвидлив процес, во кој ќе биде прецизно дефинирано што добива Македонија и кои се обврските на сите страни.

Средбата со Кошта се очекува да биде важна можност за размена на ставови околу европската перспектива на Македонија, но и за пренесување на пораката дека времето кога државата прифаќаше неизвесни политички експерименти е завршено.

Позицијата на Владата е дека европската иднина на Македонија останува стратешка цел, но таа мора да биде изградена врз заемна доверба, почитување на достоинството на македонскиот народ и јасни гаранции дека секој следен чекор ќе води кон конкретен резултат, а не кон нови пречки и условувања.

Најново од: На прво место

Македонија е лидер во регионот – патничкиот авиосообраќај порасна за 27,9 отсто

Македонија станува сè попривлечна туристичка и транспортна дестинација, а аеродромите во Скопје и Охрид го забележаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, истакна Стојаноски. Според податоците на ACI Europe, патничкиот сообраќај во Македонија пораснал за 27,9 отсто, со што земјата се најде на првото место меѓу државите што не се членки […]

Дрвошанов: Владата обезбеди стабилно функционирање на енергетскиот систем

Со конкретни мерки, нови инфраструктурни проекти и модернизација на пазарот на електрична енергија, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја зајакнува енергетската сигурност на Македонија, истакна пратеникот Жан Дрвошанов. За само две години Владата успеа да ја зачува сигурноста во снабдувањето со енергенси, да обезбеди едни од најниските цени на горивата во регионот, да спроведе значајни инфраструктурни […]

Македонски историски календар: 4 август – херојските битки на илинденците и прогонот на Македонците

На 4 август се навршуваат годишнини од значајни настани во македонската историја. Денот е запаметен по херојските борби на македонските востаници во Кичевско и Костурско во 1903 година, по воспоставувањето на диктатурата на Јоанис Метаксас во Грција и по смртта на македонскиот национален деец Сократ Маркилов. Битката кај Ѓурѓејца во Кичевско На 4 август 1903 […]

Муцунски: Од ЕУ слушаме пораки дека треба да се гарантира предвидливоста на македонскиот европски пат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека Владата работи на трајно и одржливо решение за одблокирање на евроинтеграциите, но нагласува дека тоа нема да биде решение по секоја цена. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во интервју за МИА, изјави дека се работи на решение за одблокирање на […]

Мицкоски од Пелинце: Никогаш нема да направам предавство на штета на државата и народот

Премиерот порача дека секоја генерација има свој Илинден, а задачата на денешната е да изгради силна, праведна и просперитетна Македонија во која младите ќе ја гледаат својата иднина Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце по повод 2 Август – Илинден, порача дека никогаш нема да се откаже од борбата […]

По снимката што ја вознемири јавноста, МВР ги идентификуваше осомничените за нападот во Гостивар

Двајца малолетници од Гостивар и 20-годишен скопјанец се осомничени за насилниот инцидент во кој биле нападнати две лица. Случајот ќе се води по брза постапка. Министерството за внатрешни работи ги идентификуваше лицата осомничени за насилниот инцидент во Гостивар, за кој на социјалните мрежи беше објавена вознемирувачка видеоснимка. На снимката се гледа како за време на […]

Демографијата е нашата нова борба за Македонија

ОБРАЌАЊЕ НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИЛОШОСКИ ПО ПОВОД 2 АВГУСТ — ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА Денес стоиме на Мечкин Камен. Ова не е обичен споменик, ниту случајна планинска корија. Ова е место каде што пред 123 години една мала чета јунаци застанаа пред неспоредливо посилен непријател — и не отстапија! Питу Гули и неговите соборци знаеле сè за […]

Нема да дозволиме омразата и песимизмот да станат национална идеологија

Во историјата на секоја држава и на секој народ, секоја генерација има свои предизвици и борби. Така е и со Македонците и со македонската држава. Претходните генерации се бореа за слободна и самостојна држава. Борбата започна со славното Илинденско востание во 1903 година и Крушевската Република, а продолжи со Вториот Илинден и Првото заседание на […]

To top